Вашата нарачка е целосно безбедна!

Во Друштво за производство, трговија и услуги СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје ја цениме вашата приватност, затоа за вашите податоци се грижиме исклучително внимателно.

Сите посредувани информации се сигурни, ние нема да ги отстапиме на трета страна под никакви околности, што обезбедува целосно сигурно и безбедно работење и соработка со  СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје.

Заштита на приватност на податоците

За успешно да ја обработиме вашата нарачка, потребни ни се вашето име и презиме, адреса, електронска пошта (e-mail) и телефон. Со помош на овие податоци ќе бидеме во можност да ви ги испорачаме посакуваните производи, како и да ве информираме за тековниот статус на нарачката.

СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје ќе ги користи вашите лични податоци исклучиво за целите на техничка администрација на веб-сајтот, за да ви овозможи пристап до специфични информации или за комуникација со вас. СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје нема да ги продаде податоците кои ги поседува на трети лица, ниту на пазарот. Вработените во СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

Никогаш и на кој било начин нема да ги злоупотребиме вашите приватни информации.

Нема да ги пренесеме вашите податоци за контакт на трети лица, освен ако тоа не е побарано од нас со закон.

Покрај горенаведеното, собираме, анализираме и обработуваме податоци за производите што ги бараат и купуваат нашите посетители, како и на страниците што ги посетуваат. Овие податоци ги користиме за да ја подобриме понудата и изгледот на нашата страница и да ви овозможиме поедноставно користење, побезбедно и поудобно купување.

Колачиња                                                                                                                                       

Нашата интернет страница www.literatura.mk користи колачиња (cookies) за да ви помогне да го прилагодите користењето на интернет на вашите потреби.

Колачето е текстуален фајл што е сместен на вашиот хард диск од страна на веб серверот. Колачињата не можат да се користат за да стартуваат некој програм или да испорачаат вирус до вашиот компјутер.

Колачињата ви се единствено доделени вам и можат да бидат прочитани единствено од страна на веб серверот во доменот што ви ги испратил вам. Една од основните цели на колачињата е да обезбедат погодности што вам ќе ви заштедат време.

Согласност и промена на условите

Користењето на нашите услуги подразбира согласност од корисникот со наведените услови за користење. СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје се обврзува дека ќе се придржува на сè што е погоре наведено, а сите промени на условите ќе станат важечки само по објавувањето на ова страница и праќање на известување преку електронска пошта (e-mail) до сите регистрирани корисници.

 

ИЗЈАВА

ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕО НАДЗОР

 

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Друштво за производство, услуги и трговија СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?

Контролорот собира лични податоци преку системот за видео надзор од следните причини (цели):

  • Да се контролира пристапот до објектите на друштвото (седиштето на друштвото и подружниците: Литература.мк - Ул. „Македонија“, Литература.мк Суперстор - Ист Гејт мол, Литература.мк Суперстор - Сити мол, Литература.мк – Буњаковец, Литература.мк – Битола и Литература.мк - Струмица) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
  • За да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации;
  • Да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

Системот за видео надзор не се користи за ниту една друга друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Важно е да се забележи дека локацијата и позиционирањето на видео камерите се такви да тие не се наменети да го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.

Системот за видео надзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видео надзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).

Камерите за видео надзор се инсталираат на ДВР. и се поставени и фокусирани така што само лица кои сакаат пристап до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот), се снимаат.

Системот со видео надзор ја опфаќа областа на:

1. Седиштето на друштвото и подружниците: Литература.мк - Ул. „Македонија“, Литература.мк Суперстор - Ист Гејт мол, Литература.мк Суперстор - Сити мол, Литература.мк – Буњаковец, Литература.мк – Битола и Литература.мк - Струмица: влез и излез од просториите,

 

2. Какви податоци собира Контролорот?

Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што никогаш не се снима гласовно, односно не се врши тонско снимање.

 

3. Кој е одговорен за обработка на податоците?

Контролорот е правно лице кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на оваа активност на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, ИТ администраторот е лице за контакт и одговорно за видео надзорот.

 

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видео надзор?

Контролорот користи опрема за видео надзор за:

-  заштита на сопственоста;

-  заштита на животот и здравјето на луѓето;

- обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.

  Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, на влезот во просториите, како и во влезот во деловните и магацинските простории има видливо и јасно истакнато известување за видео надзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видео надзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.

 

5. Кој може да ги види моите лични податоци?

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видео надзор. Пристапот до дигиталниот видео рекордер или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоцита (лозинка и снимање, односно запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на Управителот на друштвото.

 

6. Како да ги контролирате вашите податоци?

Може да испратите барање на е-пошта на Info@literatura.mk  или на ул. „Востаничка“ бр.46Б Скопје.

 

7. Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање на адреса на ул. „Востаничка“ бр.46Б Скопје или преку е-пошта до: Info@literatura.mk.

 

8. Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот за видео надзор.

 

9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на е-пошта до Info@literatura.mk кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци,  или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.

 

10. Дали можам да ги избришам моите податоци?

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на е-пошта барање до Info@literatura.mk, кога обработката е незаконска.

 

11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Ние ги чуваме вашите податоци во Контролорот, освен ако не побарате од нас или не ни дадете дозвола да ги споделиме. Во случај ние да ги споделиме вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени вашите лични податоци, за која цел и врз кој законски основ.

 

12. Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на е-пошта до Info@literatura.mk, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

 

13. Што можам да направам во случај на проблем?

а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до Info@literatura.mk и да побарате да преземе акција.

б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на tamara@literatura.mk.

в) Во секое време можете да поднесете барање од Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, којa ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

 

14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видео надзор?

Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.

 

15. Безбедност на личните податоци

Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

 

16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 календарски дена по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видео записи автоматски се бришат.