Почнува со работа Cafe Literatura: Најубавото кафе во најголемата книжарница во Македонија
Во рамките на најголемата книжарница во Македонија – Literatura.mk Superstore, во „Скопје сити мол“, почнува со работа Cafe Literatura.
Кафулето е еден од најзначајните новитети на новата суперпродавница на „Литература.мк“, каде што ќе може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга. Кафе-барот на „Литература.мк“, што опфаќа 60 m2 од внатрешноста на Literatura.mk Superstore, и 100 m2 на терасата, е архитектонски модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување убави моменти, опкружен со пријатен амбиент и богат избор на книги и многу други уникатни производи.
Ова е првиот локал каде што ексклузивно е застапено едно од најдобрите кафиња „Кафе Италија“ (Café Italia). Во кафе-книжарницата, ќе има три типа на специјално кафе Бурундu, Бразил и Етиопија, брендирани како Café Literatura. Инаку, „Кафе Италија“ e добро позната компанија за печење кафе од Фијано, северно од Рим.
Гостите ќе можат да уживаат во различни видови коктели (Хемингвеј специјал, Москов мјул, Битвин д шитс и многу други) и смути (вери бери, пинат батер, чоко смути и супер фуд смути). Застапени се и топли напитоци, безалкохолни пијалаци, избрани брендови на алкохол и селекција на квалитетни вина.
Новоотворената книжарница Literatura.mk Superstore, која е со површина од 500 м², има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и друго. Суперпродавницата е сместена на вториот кат на „Скопје сити мол“, на местото на некогашната игротека, на неколку метри од досегашниот продажен простор на „Литература.мк“.