Театарска претстава „Те чекам“ - 07.04./20ч./„Литература.мк“ Дајмонд мол

Театарска претстава „Те чекам“ - 07.04./20ч./„Литература.мк“ Дајмонд мол

Шифра на артикл: 068259

ВАЖНО: Билетите купени преку веб-страницата на Литература можете да ги подигнете на каса во книжарницата во Дајмонд Мол, со задолжително прикажување на потврдата за платена нарачка која ја добивате на мејл веднаш по креирањето на нарачката.

Недостапен
0 МКД
400 МКД
400 МКД
6,47 EUR
Заштеда: 0 МКД
  • NSZ
    *
Зачувај во листата на желби
Pomoć
ВАЖНО: Билетите купени преку веб-страницата на Литература можете да ги подигнете на каса во книжарницата во Дајмонд Мол, со задолжително прикажување на потврдата за платена нарачка која ја добивате на мејл веднаш по креирањето на нарачката. Играат: Гоце Андонов, Ангела Лефкова Автор и режисер: Изабела Јакимова Опис: Интерактивна дуодрама „Те чекам“ е драма што не завршува на сцената. Простор за неизговореното, за сето она „супер“ што не е. Претстава за мажите што не плачат. За жените што чекаат. И за тишината што убива. Оваа претстава зборува за наследените модели на тишина и насилство, и цената што ја плаќаме кога не умееме да зборуваме за емоциите. Преку интензивен дијалог, живи ситуации и директна комуникација со публиката, претставата ја отвора темата на ментално здравје, срамот и стравот од ранливост, особено кај мажите. Претставата е работена по конвенции кои произлегуваат од отсек на применет театар, во овој случај ТЕАТАР НА ЈАВНОСТА. Тоа значи, дека истата е интерактивна и во истата имаме вклучување и на луѓе од публиката. Претставата уште на почетокот го крши четвртиот ѕид, и создава чувство на заедништво и мото дека заедно сме во ова и заедно можеме да го решиме и да го разбереме. Претставата се движи од сарказам до траума, од смеа до грч. Се игра и со публиката, која не е само сведок туку и учесник во личната исповед на еден човек, што доцна сфаќа дека неможноста да зборува – убива. Оваа форма на театар се користи за практични цели, со акцент на социјални, педагошки, терапевтски и политички аспекти. Се одлучивме да работиме токму по овие методи бидејќи основната цел на применетиот театар не е само естетска или забавна, туку и да предизвика промени во општеството, да се решаваат проблеми или да се осветлат важни теми низ интеракција и искуства.
Карактеристика Вредност
Kатегорија Билети за културно уметнички настани

Уникатна услуга

Картичка за лојалност
Картичка за лојалност

Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

 Бесплатна достава
Бесплатна достава

Бесплатна достава за нарачки над 2500 денари.

array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.89 MB