Производите што сакате да ги нарачате преку интернет продавницата можете да ги платите на повеќе начини:

- со готовина во моментот на испораката,

- со уплатница во пошта или банка,

- со платежни картички во текот на процесот на купување на сајтот.

Плаќање при испорака

При преземањето на пратката што претходно сте ја нарачале преку нашата веб-страница www.literatura.mk, плаќањето на нарачката се врши исклучиво во готовина во денарска валута на курирот на нашата партнерска курирска служба што ја избирате во кошничката и кој ви ја носи пратката.

Плаќање со уплатница во пошта или банка

За нарачки чие плаќање се врши со уплата во банка или пошта, рокот за уплата е 3 работни дена. Производот ќе ви го пратиме по евидентираната уплата.

Плаќање со картички

Својата нарачка можете да ја платите користејќи Visa, Visa Electron, MasterCard, Amex или Maestro платежна картичка. Картичката мора да биде одобрена од страна на банката издавач за онлајн (интернет) плаќање. При онлајн нарачувања, со избирање на соодветен начин на плаќање ќе бидете пренасочени на страницата на банката Комерцијална Банка АД Скопје која е заштитена и безбедна за ваков начин на плаќање. Во ниту еден момент податоците за вашата платежна картичка не се достапни на нашиот систем.

На оваа страница е потребно да ги внесете следниве податоци:

број на картичката, датум на истекување, CVC2/CVV2 код, кои можете да ги прочитате од Вашата картичка.

При внесување на податоците за платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат по пат на јавна мрежа во заштитена (криптирана) форма со употреба на SSL протокол и PKI систем, како моментално најсовремена криптографска технологија.

Сигурноста на податоците при купување, го гарантира процесорот на платежни картички, па така комплетниот процес на наплата се извршува на страницата на банката.

Во ниту еден момент податоците за платежната картичка не се достапни на нашиот систем.

*Внесувањето и проверката на податоците исклучиво се врши помеѓу корисникот на картичка и банката, а интернет трговецот нема увид во податоците што се разменуваат.

Плаќање не е можно во странска валута, туку исклучиво во валута МКД. Плаќање е можно со платежни картички на домашни и странски банки.

Купувачот кој ја користи услугата онлајн плаќање со картички преку www.literatura.mk мора да ги исполнува следниве услови:

- Испорака на производите е можна само на територија на Република Северна Македонија на адресата наведена во нарачката.

- Само сопственикот на платежната картичка може да изврши плаќање.

 

Ви посакуваме успешно купување.