Најчести прашања

Вашите информации можете да ги менувате кога ќе се најавите на нашата страница со вашето корисничко име и лозинка и ќе пристапите на страницата „Мој профил“. На ова место, можете да промените и други лични податоци, да ги прегледате вашите нарачки, нивните статуси и омилените производи.

Во нашата понуда има многу артикли што се асортимански и поради таа причина на една фотографија има повеќе артикли (наведената цена се однесува на еден артикл). Доколку сакате да нарачате одреден производ од асортиманот, ве молиме во забелешката точно да назначите кој артикл од фотографијата го сакате. Во случај да го немаме артиклот што сте го навеле во забелешката, операторот ќе ве контактира во најкраток можен рок.

Во случај кога артиклот не е исправен, ве молиме да нè контактирате по електронска пошта во најкраток можен рок. Пред да го сторите тоа, детално проверете ја содржината на пакетот и проверете дали се работи за физичко оштетување предизвикано од несоодветен транспорт или се работи за некој друг дефект. Сите артикли што се продаваат преку нашата онлајн продажба се нови, во оригинално пакување и подлежат на гаранција наведена во описот и карактеристиките на артиклот. Таквите артикли ќе ги замениме или ќе извршиме поврат на средствата во зависност од вашата одлука. Ако оштетувањето е предизвикано од несоодветно ракување, што е спротивно на правилата наведени во упатствата за артиклот, нашата продавница нема никаква одговорност и не е обврзана да го замени или да исплати паричен надоместок за артиклот.

Можете да ја смените вашата електронска адреса откако ќе се најавите на страницата во опцијата „Мој налог“. Можете и да ни ги пратите информациите на нашата електронска пошта и ние ќе ги коригираме за вас.

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.12 MB