Рекламации на производи

Доколку не сте задоволни од производот купен во нашата интернет продавница, вашата рекламација ќе ја решиме во најкраток можен рок. Ако воочите дека производот што сте го купиле е неисправен или не сте задоволни од него, ве молиме контактирајте нè на следниот начин:

Пратете ни информации со бројот на нарачката или вашето корисничко име и описот на рекламацијата преку електронска пошта (e-mail) на e-prodavnica@literatura.mk или на телефонскиот број +38976444490  или преку социјалните мрежи.

Врз основа на вашиот опис на рекламацијата, ќе ви одговориме со информации за тоа:

- дали производот може да се замени со нов,

- дали за производот можат да се вратат парите,

- дали може да се најде некое друго решение на проблемот.

Во случаите кога производот може да се замени со нов и кога за производот можат да се вратат парите, на вашата адреса ќе пратиме курирска служба, која ќе го преземе рекламираниот производ и ќе го врати во нашиот магацин. Кога производот ќе се врати назад, ќе ви пратиме известување за враќање на парите или за праќање на заменски производ. Повратот на парите или замената за нов производ ќе се изврши во рок од 15 дена. Во спротивно, контактирајте нè по телефон или електронска пошта.

Рекламации за оштетувања при транспорт

Многу е важно сите оштетувања при транспорт, видливи на пакувањето на производот, веднаш да ги пријавете на курирот кој ви ја испорачал робата. Секое оштетување при транспорт купувачот е должен да го пријави во рок од 24 часа од приемот на производите.

Доколку воочите такво оштетување, немојте да потпишете прием на пратката или замолете го курирот да почека додека да проверите дали оштетувањето на пакувањето предизвикало и оштетување на самиот производ или губење на делови. Доколку производот не е оштетен, и сите делови се на број, потпишете прием на пратката.

Рекламации на податоци или погрешен вид производ

Доколку сте ја примиле пратката и по отворањето на кутијата сте воочиле дека испорачаните производи не одговараат на нарачаните или податоците на фактурата не се соодветни, ве молиме најдоцна во рок од 24 часа од моментот на приемот на пратката да се јавите на телефонскиот број +38976444490 или да пратите електронска порака (e-mail) со своите податоци (име, презиме, телефон) на e-prodavnica@literatura.mk и да опишете каков проблем имате.

Или преземете го рекламациониот лист од линкот на крајот на овој текст, пополнете го и со производите пратете го на нашата адреса.

Во најкраток можен рок, ќе му одговориме на потрошувачот на поднесената рекламација по електронски пат (e-mail) така што ќе го потврдиме приемот на рекламацијата, односно ќе го соопштиме бројот под кој е заведена вашата рекламација во евиденцијата на примени рекламации и ќе ве известиме за понатамошно постапување.

Рокот за одговор на рекламацијата е 8 дена, а за решавање на рекламацијата е 15 дена од моментот на пријава на истата.

Преземете го рекламациониот лист ОВДЕ.