Врз основа на одредбите од член 7 од Законот за електронска трговија (Службен весник на Република Македонија“ бр. 133/07, 17/11, 104/15 и 192/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20) и член 86 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) Друштво за производство, трговија и услуги СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје, своите ценети потрошувачи кои купуваат производи преку веб-сајтот www.literatura.mk ги

ИЗВЕСТУВА

- дека продажбата на производи преку веб-сајтот www.literatura.mk се извршува во рамките на регистрираната дејност на компанијата Друштво за производство, трговија и услуги СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје, а адресата за поднесување рекламации е: e-prodavnica@literatura.mk

- дека основните карактеристики на производите можат да се најдат на веб-сајтот www.literatura.mk

- дека според Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18), купувањето преку нашата продажна интернет страница www.literatura.mk се смета за продажба на далечина.

- дека производите што се продаваат преку веб-сајтот www.literatura.mk ги поседуваат својствата потребни за редовно користење на тој вид производи во согласност со нивната намена дефинирана во Декларацијата; - дека продажната цена на производите е назначена на секој артикл;

- дека сите цени се изразени со вклучен ДДВ;

- дека услугата за испорака на производи е бесплатна за нарачки поголеми од 1500 денари.

- купените производи ги испорачуваме во рок од 3 дена по пат на курирска служба што ја избирате во кошничката, на начин како што е дефинирано во УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА – дека можноста за купување производи со посебни ценовни погодности и/или со посебни продажни поттикнувања (акциска продажба), се извршува во согласност со условите што се објавени на интернет страницата www.literatura.mk

- дека потрошувачот може да ги плати производите што ги купува преку веб-сајтот www.literatura.mk со готовина во моментот на испорака, како и со наведените платежни картички во моментот на купувањето на сајтот;

- дека потрошувачот при креирање нарачка со притискање на копчето ПОТВРДИ презема обврска за плаќање на нарачаните производи;

- дека сообразноста на производите од договорот ИСКЛУЧИВО се утврдува според својствата и намената на производите, како што е дефинирано во соодветната Декларација;

- дека сајтот www.literatura.mk е должен да ги испорача производите што се соодветни на договорот. Ако испорачаните производи не се соодветни на договорот, потрошувачот кој го известил продавачот за несоодветноста, има право да бара од продавачот да ја отстрани несоодветноста, без надомест, со поправка или со замена, односно да бара намалување на цената или да го раскине договорот во поглед на тие производи. Сите трошоци што се неопходни за производите да бидат соодветни со договорот, а особено трошоците за работна сила, материјал, преземање и испорака, ги презема сајтот www.literatura.mk

- дека доколку во случај на прием на производите, потрошувачот утврди дека сака да ги замени за други артикли, што можат да бидат од повисока, пониска или иста ценовна категорија од претходно нарачаните производи, потрошувачот може да ги замени производите во рок од 15 дена, на начин како што е дефинирано на страницата ЗАМЕНА.

- дека доколку во случај на прием на производите, потрошувачот не сака да ги задржи, има право на откажување од договорот и поврат на средствата во висина на платената купопродажна цена за предметните производи, во рок од 15 дена на начин како што е дефинирано на страницата ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ.

- дека за производите што се нарачани преку ОНЛАЈН продавницата, потрошувачот има право да поднесе рекламација за веќе користениот производ, на начин како што е дефинирано за производите купени преку ОНЛАЈН продавницата. Начинот и постапката за поднесување рекламација можете да ги најдете на страницата РЕКЛАМАЦИЈА.

Со почит,

СУПРЕМА ДОО увоз-извоз Скопје