Работилница за изработка на кукли – инспирирана од сликовницата „Шила“

Работилница за изработка на кукли – инспирирана од сликовницата „Шила“

Шифра на артикл: 097814
Недостапен
0 МКД
100 МКД
100 МКД
1,62 EUR
Заштеда: 0 МКД
  • NSZ
    *
Зачувај во листата на желби
Pomoć
Датум: 10 ноември 2024, 12ч Локација: Литература, Дајмонд мол Влезот на работилницата чини 100 денари. Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на Skopje Design Week 2024. На настанот, кој се реализира во соработка со „Литература.мк“, учесниците ќе изработуваат кукли од рециклирани материјали: картон, хартија, текстил, копчиња, волница и друго. Работилницата ќе ја води илустраторката на сликовницата, Калиопи Трпчева, која ќе им помогне на децата да ги направат своите уникатни кукли/човечиња и да ги именуваат според своите емоции. Книгата „Шила“ од писателката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за топла приказна за патот до среќата на едно срамежливо девојче. Шила ги изразува своите емоции преку изработка на кукли. Таа ги прави од ткаенина, со машина за шиење. Преку секоја кукла претставува некоја од своите емоции – убави, но и не толку пријатни. Така настануваат куклите со име: Срам, Храброст, Радост, Болка, Надеж, Љубов… Како што расте Шила, така расте и бројот на куклите што ги шие… Калиопи Трпчева е дипломиран сликар со насока моден дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. По завршување на факултетот има неколку свои и групни изложби. Од 2016 година почнува интензивно да се занимава со дигитална илустрација. Првата авторска книга „Радосница за креативни родители“ ја објави во 2019 во издание на „Арс ламина“. Станува збор за книга за забележување на најубавите моменти на вашето дете, од првиот ден до првиот роденден. Трпчева има илустрирано повеќе книги за деца, лектирни изданија и читанки: „Сказна за рибарот и рипката“, „Сказни за глупавото глувче“, „Што е тоа добро, а што е лошо?“, „Сказни“, „Басни“, „Случајот со смрдливите чорапи“, „Биди среќна ѕвездичка“, „Мојот пријател А“, „Девојчето со двете имиња“, „Сонливата месечина“ и други. Авторка е на илустрациите за сликовницата „Шила“, која излезе од печат во 2022 година, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Има направено илустрации за тетратки за почетно пишување, но и за големиот едукативен проект ,,Мојата прва библиотека“, со 31 книга за почетно читање. Исто така, изработува илустрации за принтани игри (printgame) на Escape room Geeks. Станува збор за игрите: Circus Medrano, Arie –and the secret of light и Silver Screen Sleuths
Карактеристика Вредност
Kатегорија Билети за културно уметнички настани

Уникатна услуга

Картичка за лојалност
Картичка за лојалност

Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

 Бесплатна достава
Бесплатна достава

Бесплатна достава за нарачки над 2000 денари.

Слични производи

Sačuvano u omiljne
Автор : Jared Diamond Ph.D.
Цена 1.099 МКД
17,78 EUR
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.52 MB