Промоции

Промоција на Џабе живиш у Скопје од Зоран Спасов Ѕоф во Интермецо

14.11.2022.
<strong>Промоција на Џабе живиш у Скопје од Зоран Спасов Ѕоф во Интермецо</strong>

Новата книга на Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“, ќе биде промовирана на 16 ноември (среда), со почеток во 20 часот, во скопскиот локал „Интермецо мјузик бар“ (Intermezzo Music Bar). Специјални гости на настанот ќе бидат шоуменот Игор Џамбазов, Бранко Огњановски (познат како Миле Паника) и Сашо Мацановски-Трендо.

Книгата, како и претходните хит-романи на Ѕоф: „Торонто експрес“ и „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Дизајнот на корицата е на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо.

„Џабе живиш у Скопје“ е збирка актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсурди, фазони, афоризми, синоними, топоними, акроними, криптоними и многу други „–ними“. Книгава е локализирана у покушај да се долови хајлевел шегобијноста на скопјаните, бидејќи авторот е чврсто убеден дека ние Македонците (заедно со Србите) имаме најбољи хумор у свет. Дел од изразите се користат поише од петсто години, дел стотина, дел од 1945 година, па навака, дел откако Тито го заболе ногата, дел откако Кљусев искочи на бина... Авторот ги реактуелизира со цел да се разбудат и расталасаат некои чувства што дугачко време дремат у латентна состојба. Оваа книга е вивисекција на скопските: (не)култура, историја, менталитет, хумор и јазик, но и одолжување на авторот на неговото Скопје.

По промоцијата, гостите ќе можат да го проследат настапот на „Бијело дугме трибјут“.

Книгата „Џабе живиш у Скопје“ ќе биде достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, онлајн преку www.literatura.mk, како и за време на промотивниот настан во „Интермецо мјузик бар“.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.98 MB