Café Literatura е архитектонски модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување на убави моменти, каде што може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга од богатата понуда на „Литература.мк“.

Најголемиот локал на најурбаното книжевно кафуле Café Literatura, на површина над 200 квадратни метри, се наоѓа во рамките на најголемиот центар за шопинг, култура и забава во регионот – „Ист гејт мол“ (East Gate Mall). Ова е трета локација на Café Literatura, кој е дел од синџирот книжарници „Литература.мк“. Досега добро се познати кафе-баровите во Literatura.mk Superstore (во „Скопје сити мол“) и во „Литература.мк“ во ТЦ „Буњаковец“. Вкусот на Café Literatura може да го доживеете и во Струмица, во нашата книжарница, каде има понуда на кафе за носење.

Кафе-барот е конципиран и како простор за промоции и за одржување на разни културни настани, книжевни средби, концерти, бизнис-презентации и снимања.

Во локалот е застапено едно од најдобрите кафиња кај нас, „Кафе Италија“ (Café Italia). На менито се различни видови кафиња како eспресата: „микеланџело“, „марко поло“, „бурунди“, „бразил“ и „етиопија“, макијато и капучино „марко поло“, капучино со бејлис, виенско капучино, ајриш кафе, афогато карамел, еспресо портокал, aфогато бејлис и нескафе и коктели од кафе, како и ексклузивните типа на специјално кафе „бурунди“, „бразил“ „етиопија“, „костарика“, „суматра“, „танзанија“ и „колумбија“ брендирани како Café Literatura.

Во понудата се и различни видови коктели (москов мјул, мохито, карипско дајкири, џин физ и многу други) и смути (вери бери, пинат батер, чоко смути и супер фуд смути), како и топли напитоци, топло чоколадо, салеп, безалкохолни пијалаци, избрани брендови алкохол и селекција на квалитетни вина.

 

Инстаграм профил

https://www.instagram.com/cafeliteratura_