05.02 (четврток) / 20 часот / „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ Вечер инспирирана од магичната врска меѓу книгите и филмот, а во фокусот се насловите во издание на „Арс Ламина“ што добија филмска или телевизиска адаптација. Настанот ја слави моќта на приказната – како на страниците така и на екранот – и ги поттикнува имагинацијата, креативноста и желбата секој да влезе во својот личен книжевен филм. Со ова свечено отворање почнува шестото издание на Денови на литературата, што ќе се одржува во сите книжарници на „Литература.мк“.
|
||
06.02 (петок) / 18 часот / „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ Менторство: Макетарски клуб „Мајор Михајло Ивановски - Микс“ Kреативна работилница со Revell за изработка на макети, каде што чекор по чекор ќе се запознаете со основите на моделарството и ќе создадете сопствена макета од еден од најпознатите светски брендови. Revell е бренд со долга традиција, познат по своите детални и квалитетни комплети – од историски воени бродови и авиони, до модерни борбени летала, тенкови, автомобили, објекти, замоци и споменици. Работилницата е наменета за почетници, но и за сите љубители на креативно рачно создавање. Учесниците ќе имаат можност: да работат со оригинални Revell макети и додатоци и да научат основни техники за составување и приспособување на модели. Работилницата ќе ја води модератор, кој ќе им помага на учесниците низ целиот процес – од првиот дел до финалниот изглед на макетата. *Учеството на работилницата е со пријавување. Пријави се: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdqJHAcyuo998FKSIFD8VvnW_lSVZLk--Eap8FxyzOTbqywJQ/viewform |
||
|
07.02 (сабота) / 11 ч. / „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ Весела дружба со маскоти, наменета за деца и нивните семејства. На настанот најмладите ќе имаат можност да се фотографираат, да се дружат и да уживаат во забавна атмосфера исполнета со игра и насмевки. Дојдете и поминете пријатно време во светот на книгите, едукацијата и забавата.
|
||
07.02 (сабота) / 12 ч. / „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ Магична работилница на која дечињата ќе имаат можност да зачекорат во светот на волшебните еднорози и фамилијата на змејот Фидан. На настанот ќе се бојат, цртаат и решаваат креативни активности од омилените книги и вежбанки од едицијата „Волшебен свет“, во издание на „Арс Ламина“. Станува збор за: едицијата „Змејот Фидан“ (пиши-бриши вежбанката „Запознај се со змејот Фидан“, боенката „Фидан, Видан и другарите“, сликовницата со налепници „Змејска недела“ и книгата со активности „Фамилијата на змејот Фидан“) и едиција „Волшебни еднорози“ (пиши-бриши вежбанка „Еднорози под виножитото“, боенката: „Магични еднорози“, книгата со активности „Мојот еднорог“ и сликовницата со налепници „Волшебна шума“). Дополнителна боја и магија на дружбата ќе донесе познатиот бренд за детска козметика Martinelia. Дечињата ќе уживаат во face painting (цртање на лице) со волшебни мотиви од еднорози и змејови, а преку боење и креативна игра ќе станат дел од магичниот свет на приказните. Ве очекува забава, фантазија и многу бои – совршена комбинација за едно волшебно доживување!
|
||
07.02 (сабота) / 12 ч. / „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ Стела и Сани, малите херои од популарните 3Д-анимирани видеа, познати по своите едукативни и анимациски содржини за деца, ќе бидат дел и од овој интерактивен настан. На настанот, децата ќе имаат можност да се дружат, да се фотографираат и да пеат со своите омилени ликови Стела и Сани. Дружбата со овие мали херои продолжува и во книгите, сликовниците и боенките, кои ќе бидат достапни по снижена цена за сите присутни. Стела и Сани ги инспирираат децата да ја откриваат магијата на учењето преку песни, игри и забава. Секое детско гласче е добредојдено на оваа весела дружба!
|
||
|
07.02 (сабота) / 18ч. / „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ Текст: Тина Иванова / Илустрации: Рената Јосифовска / Промотор: Бисера Бендевска Музичко-сценска претстава за деца, инспирирана од музичкото творештво на Лудвиг ван Бетовен. Запознајте го малиот Лудви – дете кое сака книги и пијано и кое, преку низа неочекувани случувања, станува посигурно во себе и храбро го освојува светот на сцената. Оваа топла и разиграна приказна носи музичка авантура полна со емоции, инспирација и љубов кон уметноста – доживување наменето за целото семејство. Во рамките на настанот ќе биде промовирана и книгата „Златната книга на Лудви“. *Учеството на претставата е со пријавување. Местата се ограничени. Пријави се: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSecr5KBzUjjS71zRvvsYyh0bnmqLpHYIenQwdAmf7pWiEDyIA/viewform |
||
07.02 (сабота) / 13 ч. / „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ Семеен натпревар во играње UNO, каде што заедно ќе играат родители и деца и ќе уживаат во една од најпопуларните друштвени игри во светот. UNO е брза и забавна друштвена игра со карти во која целта е први да се ослободите од сите карти. Се игра со бои и броеви, дополнети со специјални карти што го менуваат текот на играта и носат неочекувани пресврти. Лесна е за учење и совршена за играње со семејството и пријателите, без разлика на возраста. Може да учествуваат сите семејства – родители и деца, без разлика на возраста и искуството со играта. За учество во натпреварот е потребна претходна пријава на учесниците (семејни тимови). *Учеството на работилницата е со пријавување. Пријави се: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdnvvue2WG6ePyr9IuSsHJNtIOCr0q_LlfeEVlF_otxIr-C_w/viewform |
||
08.02 (недела) / 11 ч. / „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ Весела дружба со маскоти, наменета за деца и нивните семејства. На настанот најмладите ќе имаат можност да се фотографираат, да се дружат и да уживаат во забавна атмосфера исполнета со игра и насмевки. Дојдете и поминете пријатно време во светот на книгите, едукацијата и забавата.
|
||
08.02 (недела) / 12ч. / „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ Незаборавна магична работилница Marvin’s Magic со најпознатиот македонски магионичар и илузионист – Кристиан Шопов. На работилницата, Кристиан ќе изведува и ќе открие магионичарски трикови користејќи ги оригиналните сетови од Marvin’s Magic, воведувајќи ги учесниците во светот на илузијата, креативноста и сценската магија. Marvin’s Magic е водечки светски бренд за магични сетови и илузии, основан во Обединетото Кралство во 1987 година од наградуваниот магионичар и претприемач Марвин Берглас, син на легендарниот Дејвид Берглас. Денес, брендот е најголемата компанија за магија во светот и вистински пионер во областа на ритејл-забавата и магичниот театар во продавници. Marvin’s Magic е присутен во некои од најпрестижните продавници во светот, како Hamleys и Harrods во Лондон, FAO Schwarz во Њујорк и Caesars Palace во Лас Вегас. Брендот располага со најголемиот тим професионални демонстратор-магичари и забавувачи, а токму тука почнале кариерите на многу уметници кои подоцна настапувале на сцена и екран. Marvin’s Magic создава ексклузивни магични колекции, како Magic Made Easy, Mind-Blowing Magic, Simply Magic Collection и The Ultimate Magic Collection, а се и единствениот бренд чии магични трикови добиле официјална препорака од реномираниот Magic Circle, симбол на врвност во светот на магијата. Со креативност, иновација и забава, Marvin’s Magic ја носи магијата поблиску до сите генерации – а оваа работилница е совршена можност децата и возрасните одблиску да ја доживеат магијата во живо. *Присуството на настанот е со пријавување. Пријави се: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfz0OxVyWEh5oGuyTB80eXMMrsAmiiNy00uMEVVcSgodB4Kvw/viewform |
||
08.02 (недела) / 12 ч. / „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ Едукативно-креативна работилница наменета за деца на возраст од 2 до 7 години. Работилницата инспирирана од Светот на Биби е од едукативен и забавен карактер. Настанот ќе го водат едукатори од Светот на Биби. Преку читање на „Букварот на Биби", песна, игра и движење, децата ќе ги запознаат буквите на весел и природен начин. Ќе пееме, ќе играме со букви и ќе откриваме дека книгата може да биде најзабавната игра. *Учеството на работилницата е со пријавување. Пријави се: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdj2DtaIUSvbGXVQovs-h8a3xK_MoGxW0XT58zRMhAqK5hChA/viewform |
||
10.02 (вторник) / 10 ч. / „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ Работилницата „Мали умни глави“ е едукативна и креативна дружба наменета за најмладите, инспирирана од истоимената едиција книги со активности во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преку игра, боење и решавање забавни задачи, децата ќе учат и истражуваат различни теми важни за нивниот секојдневен развој. Новата едиција „Мали умни глави“ опфаќа пет книги со активности, специјално дизајнирани за развој на логичкото размислување, концентрацијата, графомоториката и креативноста кај децата од предучилишна возраст. Работилницата е инспирирана од следните книги со активности: „Сетила, емоции и чувства“ – преку игра и визуелни задачи, децата учат да ги препознаваат сетилата, емоциите и начините на изразување на чувствата. „Овошје и зеленчук“ – запознавање со различни видови овошје, зеленчук, мешунки и јатки, како и разговор за здравата исхрана. „Бои и форми“ – активности за препознавање бои и основни 2Д- и 3Д-форми, со поттикнување на визуелните и когнитивните вештини. „Професии“ – вовед во светот на различните занимања и нивната улога во општеството. „Сообраќај“ – основни сообраќајни правила, сообраќајни средства и безбедно учество во сообраќајот. Сите книги од едицијата содржат графомоторички активности, боење, лавиринти, загатки и логички задачи, кои им овозможуваат на децата да учат преку игра и активно учество. Преку работилницата „Мали умни глави“, децата ќе развиваат вештини за размислување, решавање проблеми и креативно изразување – на забавен и приспособен начин.
|
||
10.02 (вторник) / 19 ч. / „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ Учесници: Оливера Ќорвезироска, Наталија Лукомска (илус.), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Ермис Лафазановски. „(С)обувки“ е првата нема сликовница во Македонија, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за сликовница без зборови што ја раскажува приказната исклучиво преку илустрации, оставајќи му слобода на читателот самиот да ја досоздаде. По идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска, оваа визуелна приказна нè води низ магична редица од обични луѓе и ликови од бајки и познати книжевни дела, кои боси чекорат кон најдобриот чевлар на светот. Таму секој ги пронаоѓа своите совршени обувки, освен девојчето од соседството за кое остануваат чевли со високи потпетици. Но, на девојчето тие многу му се допаѓаат, ги обува и среќно излегува од приказната.
|
||
![]() 11.02 (среда) / 11 ч. / „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ „Бреин бокс“ e нова забавна игра со мемориски картички и над 8 милиони продадени примероци низ целиот свет! Со оваа игра се развива чувството за детали. Имате 10 секунди да ја проучите картичката, а потоа да одговорите на сите прашања во врска со неа. Првпат лансирани во 2007 година, игрите „Бреин бокс“ станаа омилени меѓу децата, но и возрасните. Овие игри се осмислени во Велика Британија со поддршка на образовни експерти поради својата информативна природа, освен забавната. „Бреин бокс“ се изработени од најмалку 70 % рециклирани материјали во нивното производство, но и самите можат да се рециклираат. Овиe џебни изданиja содржaт по 150 прашања и рачно нацртани илустрации кои ја оживуваат секоја картичка. На работилницата ќе се играат игрите со тема: Професии и Вселена. Преку „Професии“ децата учат за различни занимања, нивните карактеристики и задачи, а со „Вселена“ – се запознаваат со планети, ѕвезди, астероиди, основни астрономски поими. Формат на работилницата: Се делат BrainBox карти за двете теми. Учесниците имаат 10 секунди да ја запаметат секоја карта. Потоа водителот поставува брзи прашања за информациите на картата. Се собираат поени за точни одговори. На крајот се дискутираат интересни факти и дополнителни информации од картите.
Промотори: Оливера Ќорвезироска и Иван Џепароски. „Со една четка два зајака“ е поетска книга целосно оформена во духот на нашето време: таа претставува успешно поетско понирање во светот и во животот на животните претставени на еден игрив и необичен начин. Биоетичкиот и екопоетичкиот строеж на песните не носи во себеси само една филозофска или етичка насоченост, односно една едукативна или културолошка функција туку, пред сè, песните од оваа книга претставуваат успешни поетски творби исполнети со длабоко доживеани чувства за единството на природата и животинскиот свет со светот на човекот, односно со светот на поетот. Мартиновски е поет со едната нога во македонската книжевна традиција, а со другата во глобалните книжевни процеси: неговата поезија е сериозен уметнички и поетички експеримент, со висока самосвест.
Работилницата е инспирирана од едицијата „Големи зборови за мали уши“, која на разбирлив, близок и креативен начин им ги доближува на децата важните поими од светот на возрасните. Преку разговор, раскажување и интерактивни активности, децата ќе се запознаат со значењето на зборовите градоначалник, идентитет, непотизам, предрасуди, традиција, дипломатија и екологија. Едицијата „Големи зборови за мали уши“ ги содржи следните книги: „Градоначалник“ од Илина Мангова (ил. Александар Сотировски), „Идентитет“ од авторката Калина Малеска, со илустрации на Рената Јосифовска, „Непотизам“ (Иван Дричко, илустрации: Здравко Гиров), „Предрасуди“ (Владимир Мартиновски, илустрации: Јована Ристоска), „Традиција“ (Елизабета Баковска, илустрации: Александра Филипоска), „Дипломатија“ (Горица Атанасова-Ѓоревска, илустрации: Здравко Гиров) и „Екологија“ (Фросина Пармаковска, илустрации: Александар Сотировски). Преку мали приказни од секојдневието, илустрации и креативни задачи, децата ќе научат како да ги препознаваат и разбираат сложените поими, да размислуваат критички, да разговараат за важни општествени теми и да ги изразуваат своите ставови на јасен и соодветен начин. Целта на едицијата „Големи зборови за мали уши“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е да им помогне на децата да сфатат дека „големите“ зборови не се страшни, туку можат да бидат разбирливи, блиски и корисни. Со оваа работилница, децата се охрабруваат да го запознаат светот што ги опкружува и самоуверено да го именуваат.
„Белото маче кое беше сосем црно“ е нежна и трогателна приказна од Клод Авлин за различноста, прифаќањето и љубовта што не познава бои. Во оваа топла сликовница ќе ја запознаете фамилијата Беломачковски и нивното необично маче – црно како јаглен, родено во целосно бело семејство. Преку едноставна, но моќна приказна, авторот потсетува дека црни или бели – тоа не е важно кога се сакаме. Работилницата има за цел децата да ја запознаат приказната на Клод Авлин за различноста, прифаќањето и љубовта без предрасуди, да ги поттикне да размислуваат за емпатија и да ги изразат своите чувства преку креативни активности.
Мојра е обликоменлива грива од преливачки набојни нишки и древни нервни завршетоци. Настапите се опишувани како хипнотизирачки, магични, етерични и вонземски. Нивните архаични зборовни преплети, глатко наместени во вешто извиткани мелодиски линии се пробивна стрела која посочува кон една плодоносна иднина на македонската музика. Низ ова треперливо творештво, нашиот јазик достигнува исклучителен поетски сензибилитет, поткрепен од пријатна и поводлива тензија на загатлива меланхолија. Проектот Мојра е обликоменливо струење од хипнотизирачки сонични нишки оптегнати од древното преку земното до волшебното. Еклектичниот полнеж содржи елементи од разнолики стилски сокаци, обвиткани во филмска, мистична и езотерична атмосфера. Изведбите пробиваат невидливи портали и дестилираат (о)појни меѓусостојби на: привлечното чудно, сонливото будно и спонтаното судно.
Едукативно-креативна работилница наменета за деца на возраст од 2 до 7 години. Работилницата инспирирана од Светот на Биби е од едукативен и забавен карактер. Настанот ќе го водат едукатори од Светот на Биби. Заедно со Биби и Боби, децата влегуваат во светот на приказните, учат да слушаат, да гледаат, да прашуваат и да раскажуваат. Преку читање, разговор и креативни активности, се развива љубовта кон литературата од најмала возраст. *Учеството на работилницата е со пријавување. Пријави се: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScrK_94Q3S34fmsUKhYf7U4zcj6FXEtGOGEtkU3bhc680DJNA/viewform
Весела дружба со маскоти, наменета за деца и нивните семејства. На настанот најмладите ќе имаат можност да се фотографираат, да се дружат и да уживаат во забавна атмосфера исполнета со игра и насмевки. Дојдете и поминете пријатно време во светот на книгите, едукацијата и забавата.
Скопје и оваа година се приклучува на одбележување на Светскиот ден на Исидора Мун со работилница за деца. Оваа година повод плус е и 10-годишнината од објавувањето на првата книга „Исидора Мун слави роденден“. Посетителите на работилницата ќе имаат можност да се дружат со Исидора Мун и нејзината палава братучетка Мирабела, да цртаат, бојат и да изработуваат крилја. Исидора ќе поттикне насмевки и ќе ги развесели лицата на сите дечиња кои сакаат Facepaint. Исидора Мун е половина самовила, половина вампир и целосно уникатна! Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилја, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото Зајаче. Во серијалот од авторката Хариет Мункастер, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, досега има 16 книги посветени на Исидора Мун и шест наслови со Мирабела. Ве очекуваме на уште една магична дружба!
Весела дружба со маскоти, наменета за деца и нивните семејства. На настанот најмладите ќе имаат можност да се фотографираат, да се дружат и да уживаат во забавна атмосфера исполнета со игра и насмевки. Дојдете и поминете пријатно време во светот на книгите, едукацијата и забавата.
Стела и Сани, малите херои од популарните 3Д-анимирани видеа, познати по своите едукативни и анимациски содржини за деца, ќе бидат дел и од овој интерактивен настан. На настанот, децата ќе имаат можност да се дружат, да се фотографираат и да пеат со своите омилени ликови Стела и Сани. Дружбата со овие мали херои продолжува и во книгите, сликовниците и боенките кои ќе бидат достапни по снижена цена за сите присутни. Стела и Сани ги инспирираат децата да ја откриваат магијата на учењето преку песни, игри и забава. Секое детско гласче е добредојдено на оваа весела дружба!
Акробатска сценска изведба за деца инспирирана од романот „Џинџуџе“ на Ермис Лафазановски, кој ја доби наградата „Оливера Николова“ за необјавен роман за деца и млади за 2025 година, установена од издавачката куќа „Арс Ламина“. Приказната следи две деца со сосема различен изглед – едното е високо и крупно, па го нарекуваат Џин, а другото е мало и ситно, па го викаат Џуџе. Дејството се одвива во „Скопје сити мол“, каде што тие возат велосипед на едно тркало и изведуваат низа интересни и динамични активности. Во својата суштина, книгата зборува за потрагата по среќата, пријателството и прифаќањето на различностите. „Џинџуџе“ е модерна бајка за потрагата по среќа, сместена во наше време и на наш простор. Бајковидноста и духовитото реферирање на фолклорната традиција се остварени преку еден џин и едно џуџе – односно преку едно огромно и едно ситно дете – кои се исправени пред предизвиците на современиот живот, обединети во таканаречената 'мол-култура', неизбежен факт на нашето време. Џинџуџе е заедничко (и уметничко) име на двајца најдобри пријатели, џинот и џуџето, кои функционираат како едно суштество. Зближени по принципот на разлики и контрасти – едниот е огромен и силен, но интелектуално инфериорен; другиот е ситен и немоќен, но интелектуално супериорен – пријателите се досетливи акробати кои изведуваат точки со велосипед низ Скопје, особено во „Сити мол“.
Промотор: Татјана Димовска-Атанасова Со книгата „Мали приказни за големи сонувачи“ се одбележуваат 45 години од творештвото на Владо Димовски. Голем дел од творештвото на Димовски е посветено токму на приказните. Ова издание e, всушност, избор од неговите книги: „Приказни за голем одмор“, „Приказни за буквите“, „Испревртени приказни“ и „За секоја буква приказна“, но и од нови, досега необјавени текстови. Станува збор за приказни во кои провејува духот на народното творештво и на традицијата, но и за современи, урбани текстови во кои авторот ги отсликува живописниот свет на децата и нивната фантазија. Приказните се куси, игриви, забавни и едукативни. Секоја од нив има своја порака и придонесува за збогатување на знаењата на децата, за поттикнување на нивните фантазија и љубопитност. Овие приказни се значаен придонес во македонската проза за деца, но и драгоцен ресурс и поддршка на наставната програма по македонски јазик бидејќи дел од нив се посветени на изучување на буквите во фазата на описменување на децата.
Промотор: Бисера Бендевска Иако ова не е негов прв „сурф“ врз брановите на фантастичните жанрови, во својата втора збирка раскази, „Егосурфер“, Русјаков тоа го прави пососредоточено и пофокусирано од претходно. Ова е книга со чисти жанровски контури, во која авторот го меле своето поетско месо низ мелниците на научната фантастика, киберпанкот и хоророт, притоа држејќи се до своите препознатливи книжевни зачини – лиричностa и сатиричностa. Оваа збирка раскази го носи насловот „Егосурфер“, како што е и насловот на првиот расказ во неа, но егото како омаловажувачка состојба на духот, како и борбата со оваа најмрачна зандана на битието, се поврзани со грешката на единката, а со неа и на општеството, алудирајќи на минорноста на човечкото наспрема присуството и одлуките на надредените ентитети – во случајот кај Русјаков, на божественото. Речиси сите негови херои се ставени пред нивниот идентитетски амбис, а од нивната мудра и праведна игра зависи иднината на самите нив, што подразбира – иднина и на општеството.
19.02 (четврток) / 19 ч. / „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ Промотори: Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски. „Сам во рој“ е приказна за едно посебно дете и неговата страст за инсектите како надомест за пријателите што ги нема; приказна за осаменоста и за летањето спроти ветрот на еден Љубомир од Скопје кого сите неслучајно го викаат Буба. Различноста на Буба од другите деца во ниту еден миг не ги исклучува неговата добрина и хуманоста. Напротив, „Сам во рој“ е благ роман-одговор на повеќе горчливи прашања на нашето време; бубариум на знаењето што никогаш не штети, туку секогаш помага и штити во надминувањето на предизвиците на растењето.
Креативна и едукативна работилница инспирирана од сликовницата „Сите се броиме“ од Кристин Роскифте – книга-ризница што нè учи да ги забележуваме луѓето околу нас, да набљудуваме и да сочувствуваме. Преку игра, разговор и креативни активности, децата ќе ги следат ликовите од книгата и ќе откриваат како се испреплетуваат нивните приказни. Во оваа сликовница се кријат многу мали и големи тајни, кои можат да ги откријат оние што се љубопитни и имаат остар поглед – а ако пребараат доволно внимателно, можеби ќе се препознаат и себеси. Сликовницата ги слави емпатијата, убавината и различноста, затоа што сите се броиме. Ура за тоа што луѓето се различни!
Весела дружба со маскоти, наменета за деца и нивните семејства. На настанот најмладите ќе имаат можност да се фотографираат, да се дружат и да уживаат во забавна атмосфера исполнета со игра и насмевки. Дојдете и поминете пријатно време во светот на книгите, едукацијата и забавата.
Едукативно-креативна работилница наменета за деца на возраст од 2 до 7 години. Работилницата инспирирана од Светот на Биби е од едукативен и забавен карактер. Настанот ќе го водат едукатори од Светот на Биби. Низ игра, движење и кратки сцени, децата ќе учат нови зборови, ќе препознаваат чувства и ќе се изразуваат слободно. Топла и разиграна работилница што ги поврзува говорот, емоциите и радоста од заедничката игра. *Учеството на работилницата е со пријавување. Пријави се: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeGGShYRC6_Hi4aeG1oqljciJ3DvDMmymdJH-GdChvZco1nbg/viewform
Текст: Тина Иванова / Илустрации: Рената Јосифовска / Промотор: Бисера Бендевска Малиот Вулфи, љубопитниот јунак, нè одведе на авантура полна со музика, каде што магичната флејта со својот пискав глас и живи звуци му помогна да ја оствари својата најголема желба – да стане славен музичар. Сцените со чичко Франц и тетка Марија донесоа насмевки и гласна смеа, а музиката на пијано и флејта ги освои срцата на сите присутни. Во рамките на настанот ќе биде промовирана и книгата „Магичната флејта на Вулфи“. *Учеството на претставата е со пријавување. Местата се ограничени.
Инспирирана од сликовницата „Зорки и Цветка“ на Оливера Ќорвезироска со илустрации на Наталија Лукомска, оваа работилница ги повикува и ги поттикнува децата да ги остават електронските уреди и да ја изразат својата креативност преку боење, цртање и пишување. Под водство на илустраторката Наталија Лукомска, децата на оваа интерактивна и едукативна работилница ќе цртаат, пишуваат и творaт инспирирани од пораката на книгата – колку е важно да се најде баланс меѓу виртуелниот и реалниот свет. „Зорки и Цветка“ е актуелна приказна за пријателството и влијанието на модерната технологија во секојдневието на децата. Зорки живее во виртуелниот свет на мобилен телефон, таблет, компјутер и телевизор, додека Цветка ужива во реалниот свет – сонцето, дрвјата, смеата и игрите, користејќи една досетка (дрвена рамка) за да создаде прекрасно детство без ограничувања. Балансот меѓу модерната технологија и вистинскиот живот е визуелно претставен преку илустрациите на Лукомска: црно-белиот свет на технологијата се меша со колоритот на реалноста и на крајот се претопува во хармонично единство. „Зорки и Цветка“ е книжевно „решение“ за светот на децата, потсетувајќи ги на важноста на пријателството, креативноста и радоста од играта. *Учеството на работилницата е со пријавување. Местата се ограничени. Пријави се: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeElxO1iLKItk8HijH4c0b8Q3w7euFjtbEps7RARp-GwBDE3g/viewform
Весела дружба со маскоти, наменета за деца и нивните семејства. На настанот најмладите ќе имаат можност да се фотографираат, да се дружат и да уживаат во забавна атмосфера исполнета со игра и насмевки. Дојдете и поминете пријатно време во светот на книгите, едукацијата и забавата.
Работилницата со POSCA – маркери за сите површини, совршени за цртање, боење, декорирање, пишување и означување е наменета за деца и возрасни. Под менторство на илустраторката Калиопи Трпчева, учесниците ќе имаат можност да експериментираат со боја, форма и различни материјали и да создадат сопствени мали уметнички дела. Со маркерите POSCA можете да цртате на: стакло, текстил, пластика, дрво, керамика, метал, камен и порцелан – без ограничувања и со многу простор за креативност! На работилницата децата ќе илустрираат мотиви инспирирани од книги на различни површини, водени од професионален илустратор. Возрасните учесници ќе имаат можност да создадат нови корици на книжевни класици, цртајќи на различни површини и истражувајќи нови визуелни решенија и техники. Работилницата е наменета и за почетници и за љубители на уметноста, а целта е да се охрабри слободното изразување и уживањето во креативниот процес. *Учеството на работилницата е со пријавување. Местата се ограничени. Пријави се: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd0TSOwqS1zXAZzVNxtUEw-A21tWU6qZyJNKswjDsUpkjVxPw/viewform
Стела и Сани, малите херои од популарните 3Д-анимирани видеа, познати по своите едукативни и анимациски содржини за деца, ќе бидат дел и од овој интерактивен настан. На настанот, децата ќе имаат можност да се дружат, да се фотографираат и да пеат со своите омилени ликови Стела и Сани. Дружбата со овие мали херои продолжува и во книгите, сликовниците и боенките кои ќе бидат достапни по снижена цена за сите присутни. Стела и Сани ги инспирираат децата да ја откриваат магијата на учењето преку песни, игри и забава. Секое детско гласче е добредојдено на оваа весела дружба!
Сите настани во рамките на „Денови на литературата“ се бесплатни за посетителите. Присуството на работилниците и театарските претстави е со претходна пријава.
|
























