Имате објавено книга?
Сакате да се продава во книжарниците „Литература.мк“?

Еве кои се условите на соработка:

1.    Почеток на соработка
Најважно е книгата да биде со содржина што ќе ги интересира нашите потрошувачи. Ние добро ги познаваме нашите потрошувачи, па предност даваме на оние книги што знаеме дека ќе ги задоволат нивните потреби и вкусови.

2.    Договор за соработка
Доколку договорот е со правно лице, ќе ви испратиме урнек на договор за потпис.
Доколку договорот биде со физичко лице, тогаш процедурата оди преку авторска агенција, односно Вие правите договор со агенцијата, а потоа агенцијата со нас („Супрема“ ДОО, правниот субјект на книжарниците „Литература.мк“). Ние соработуваме со повеќето авторски агенции, па тие ги имаат сите наши податоци, но доколку одберете друга агенција со која не сме имале претходна соработка, ќе ви ги испратиме потребните информации.
Висината на рабатот е од 40 до 45 % од продажната цена на книгата, а плаќањето е консигнациски.

3.    Испорака на книгите
По потпишувањето на договорот, а пред првата испорака на книги, потребно е да ни испратите документ (фактура за правни лица или испратница за физички лица) преку е-пошта (ivanа.j@literatura.mk), за да можеме да отвориме шифри во системот за новите наслови.
Откако ќе добиете потврда дека шифрите се отворени, ќе можете вашите книги (по три примероци од секој наслов) да ги доставите во нашите книжарници во „Скопје сити мол“, „Ист гејт“ и на улица „Македонија“.
Испораките се доставуваат со документ: за правно лице – испратница и фактура, односно за физичко лице – испратница и копија од договорот со агенцијата.
На испратницата кон „Супрема“ ДОО (правниот субјект на нашите книжарници), треба јасно да биде назначена малопродажна цена на книгите, висина на рабатот, името на доставувачот (компанијата или физичкото лице), како и името на авторската агенција со која имате склучено договор (ако сте физичко лице).
Испораките се вршат секој работен ден во период од 8:30 до 10 часот, со претходна најава и договор со одговорно лице на продажниот објект:
„Литература.мк“ – „Сити мол“: 078/475-291 (Дејан)
„Литература.мк“ – „Ист гејт“: 078/475-289 (Весна)
„Литература.мк“ – ул. „Македонија“: 078/264-754 (Катерина)

4.    Одјави и плаќање
Имајте предвид дека одредени авторски агенции изработуваат фактура само на суми над 5.000 денари, па доколку вредноста на продажбата биде помала од таа сума нема да бидеме во можност да извршиме исплата согласно месечната продажба (одјавата), сè додека продажбата не ја достигне сумата потребна за изработка на фактурата.
Доколку во првите три месеци не се продаде ниту еден примерок или сумата од продажбата нема да го достигне минимумот од 5.000 денари, ќе бидеме присилени да ја прекинеме соработката и во тој случај ќе ги повлечете книгите.

5.    Онлајн-продажба
Што се однесува до онлајн-продажбата – во моментов не сме во можност да додаваме нови изданија од доставувачи и самостојни автори, но се работи на ново решение за нашата интернет-продавница, па наскоро ќе биде овозможена и таа опција.

Ви посакуваме голем успех!