Телевизија

Наскоро серија инспирирана од романот Дејзи Џонс енд Д сикс од Тејлор Џенкинс Рејд

31.01.2023.
Наскоро серија инспирирана од романот Дејзи Џонс енд Д сикс од Тејлор Џенкинс Рејд

Според хит-книгата „Дејзи Џонс енд Д Сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд наскоро ќе се емитува нова ТВ-серија на „Амазон прајм видео“. Мини-серијата е во десет продолженија, а премиерно ќе почне да се прикажува на трети март 2023 година. Романот „Дејзи Џонс енд Д сикс“, кој во 2020 година беше избран за наслов на годината според најголема светска заедница на љубители на книгите „Гудридс“ (Goodreads) и беше бестселер на „Њујорк тајмс“, на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Креатори на серијата се Скот Нојстадер и Мајкл Х. Вебер, а еден од продуцентите е познатата актерка Рис Витерспун, која воедно е и една од најголемите поддржувачи и промотори на книгата на Тејлор Џенкинс Рејд.

Во главната улога како Дејзи Џонс се појавува младата актерка Рајли Кео, која всушност е внука на кралот на рокенролот – Елвис Присли. Сем Клафлин го игра Били Дун, Камила Мороне ја толкува Камила Дан, а Суки Вотерхаус е Карен Сирко. Во другите улоги се: Набија Би, Вил Харисон, Џош Вајтхаус, Себастијан Чакон, Том Рајт и Тимоти Олифант.

„Дејзи Џонс енд Д сикс“ ја следи приказната на популарен рок-бенд во седумдесеттите години, од нивниот подем на музичката сцена во Лос Анџелес до станување еден од најлегендарните бендови во светот, истражувајќи ја причината за нивната разделба на врвот на нивниот успех. Авторката Тејлор Џенкинс Рејд има изјавено дека приказната била делумно инспирирана од нејзините искуства додека растела и гледајќи ги изведбите на рок-групата „Флитвуд мек“ на телевизија.

Иако приказната во романот е раскажана многу реалистички, во стил на документарец, со сведоштва на членовите на бендот, сепак станува збор за фикција. Дејзи Џонс и групата „Д сикс“, иако се измислени, во детали и многу вивидно ја доловуваат суштината на развратот во дивите седумдесетти години на минатиот век.

Во книгата авторката вели: Сите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“. Нивниот албум „Аурора“ ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година... сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа дека клучот на успехот е во нивното спојување. Она што следува понатаму станува легенда...

Книгата „Дејзи Џонс енд Д сикс“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк:https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13701

https://www.youtube.com/watch?v=dEG_jhYWclM

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.56 MB