Во најава

Лејла од Колин Хувер наскоро на македонски јазик

26.08.2022.
Лејла од Колин Хувер наскоро на македонски јазик

По книжевните хитови „Исповеди“, серијалот „Безнадежно“ и „Без Мерит“, наскоро од број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер, ќе излезе романот „Лејла“. Романот, што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта, на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Кога Лидс ја запознава Лејла уверен е дека со неа ќе го помине остатокот од животот – сè додека не доживуваат неочекуван напад што таа едвај го преживува. По неколку недели во болница, Лејла закрепнува телесно, но емоционалните и менталните лузни ја менуваат жената во која се вљубил Лидс. Сакајќи да ја спаси нивната врска, Лидс ја носи во пансионот во кој се запознале. Но, кога ќе стигнат таму, нивниот однос доживува чуден пресврт. А тоа е само една од многуте необјасниви појави. Чувствувајќи дека се оддалечува од Лејла, Лидс набрзо пронаоѓа утеха во Вилоу – уште една гостинка во пансионот со која го поврзуваат заеднички проблеми. Како што расте интересот на Лидс за Вилоу, неговата одлука да ѝ помогне да најде одговори го доведува во опасност здравјето на Лејла. Лидс набрзо сфаќа дека мора да избира меѓу Лејла и Вилоу, бидејќи не може да им помогне на двете. Но, доколку донесе погрешна одлука, тоа би можело да биде погубно за сите.

Во очекување на „Лејла“, се потсетуваме на содржините на „Исповеди“, серијалот „Безнадежно“ и „Без Мерит“.

„Исповеди“

На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ѝ е важно. Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри. Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ѝ е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе. За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14357

Серијал „Безнадежно“

Во серијалот „Безнадежно“ се романите: „Безнадежно“, „Изгубена надеж“, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“.

„Безнадежно“ е приказната за лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Ова е навидум безнадежна приказна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе ве врати во времето на вашата прва љубов. Скај не остави ниту една тајна неоткопана, ниту едно чувство несподелено и ниту еден спомен заборавен, но минатото на Холдер остана мистерија.

Во „Изгубена надеж“, прогонуван од малечкото девојче на кое му дозволи да замине, Холдер сиот свој живот го помина барајќи ја и во обид конечно да се ослободи од разорувачката вина што ја чувствува со години. Но, она што не можеше да го предвиди е дека во моментот кога повторно ќе се поврзат, ќе го преплави уште поголем бран каење... Понекогаш во животот, ако сакаме да продолжиме понатаму, прво мораме да копаме длабоко во нашето минато и да направиме промени. Во „Изгубена надеж“, авторката открива што се случува во главата на Холдер во сите безнадежни моменти – и дали ќе го најде мирот што толку очајно му е потребен.

Во „Мојата Пепелашка“, една случајна средба ги наведува осумнаесетгодишниот Даниел и девојката која случајно налетува на него да си искажат љубов еден на друг. Но, оваа љубов има услови: се согласуваат дека ќе трае само еден час и ќе биде замислена. Кога ќе помине тој еден час и девојката ќе отрча како Пепелашка, Даниел се обидува да се убеди себеси дека она што се случило помеѓу нив изгледало совршено само зашто тие се преправале дека е совршено. Моменти како овие со девојка како оваа не се случуваат надвор од бајките. Една година и една лоша врска подоцна, неговото неверување во инстант-љубов исчезнува во моментот кога ќе ја запознае Сикс: девојка со чудно име и уште почудна личност. Но, Даниел наскоро сфаќа дека бајките не постојат и, за жал, пронаоѓањето на Пепелашка не е гаранција за нивното „среќни засекогаш“... тоа е само дополнителна закана. Дали тајната од минатото ќе ја загрози единствената шанса што ја имаат?

„Совршенство“ е новела што на сцената ги враќа некои од најомилените ликови на Хувер. Раскажана од гледна точка на Даниел од „Мојата Пепелашка“, читателите конечно ќе го добијат заклучокот на кој се надеваа. За најдобро читателско искуство и комплетирање на оваа трогателна приказна, препорачуваме да ги прочитате и претходните три дела од серијалот: „Безнадежно“, „Изгубена надеж“ и „Мојата Пепелашка“.

Книгите од Колин Хувер се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку www.literatura.mk, на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=7028

„Без Мерит“

Семејството Вос е сè освен нормално семејство. Живеат во пренаменета црква, што таткото ја нарекува Долар Вос. Кога мајката, која преживува рак, почнува да живее во подрумот, таткото се преженува за нејзината поранешна медицинска сестра. На малечкиот полубрат не му е дозволено да прави или јаде што и да е забавно, а најстариот брат е иритантно совршен. Потоа, тука е Мерит. Мерит Вос собира трофеи што не ги освоила и тајните што семејството ја присилува да ги чува. Додека пребарува трофеи во локалната антикварница, го наоѓа Саган. Неговите духовитост и неапологетски идеализам ја разоружуваат и во неа повторно ја разгоруваат искрата живот – сè додека не открие дека тој е комплетно недостапен. Мерит уште повеќе се повлекува во себе, набљудувајќи го семејството од страна, откривајќи тајна што ниту еден трофеј во светот не може да ја поправи. Не можејќи повеќе да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога планот за бегство не ѝ успева, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината и губењето на момчето кое го сака.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14480

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.79 MB