Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Играчки, игри и колекции
- Едукативни играчки
- Наука и едукација
- Магнетни играчки и сетови
- Formi Original - магнетни топчиња









Достапно веднаш
0
МКД
1.820
МКД
1.820
МКД
29,45
EUR
Заштеда:
0
МКД
-
NSZ *
Извести ме кога производот ќе биде повторно достапен
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ

За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490

Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот

Пиши ни на:
Pomoć
216 (+2 резервни) двојно пониклувани неодиумски магнетни топчиња, упатство кое ќе Ве воведе во светот на Formi, специјална торбичка каде се чуваат магнетите кога не се во употреба и картичка која служи за раздвојување и мерење. Formi е свет на мали моќни магнетни топчиња. Тие се толку силни што секое од нив мoже да подигне предмет 1000 пати потежок. Соединети заедно, ја предизвикуваат Вашата фантазија и креативност дозволувајќи Ви да направите сè што ќе Ви падне на ум, почнувајќи од прости дводимензионални облици и напреднувајќи кон комплексни тродимензионални форми. Како и секој магнет, магнетите Formi имаат два магнетни пола. Секоја сфера е со големина од 5mm и внатрешното јадро е направено од неодиум, најсилниот магнетен материјал пронајден досега. Според взаемното привлекување (и одбивање) меѓу сферите, Formi може да се состават во било која замислена форма следејќи ги едноставните правила на магнетизмот. Со други зборови, кога нешто не работи, пробајте пак од обратната страна. Напреднувајќи кон покомплексни дизајни, магнетизмот ќе почнете да го чувствувате како природно сетило. Користете ги Formi кога сакате да го размрдате мозокот, кога сте напнати или кога сакате да ја убиете досадата. Formi е едукативна, рекреативна, но пред сè забавна играчка која од една страна го поттикнува логичкото размислување и интуитивната перцепција кон геометријата и математиката, а од друга страна ја буди имагинацијата и креативноста.
Formi ќе Ви помогнат продуктивно да се справите со стресот. Мозокот Ви е активен, рацете зафатени, а стресот го канализирате на позитивен начин. Конструираните форми порано или подоцна ќе треба да ги уништите и да направите нови при што самот чин на рушење буди чувство на задоволство. ВНИМАНИЕ! Ситни и силни магнети!
Не се препорачува за деца под 14 години.
Голтање на едно или повеќе топчиња може да предизвика задушување, опструкција или перфорација на дигестивниот тракт* и слично. Доколку дојде до ова, веднаш побарајте медицинска помош!
*При голтање, магнетите може да се прилепат на одредени места низ дигестивниот тракт и предизвикаат ургентни здравствени проблеми и сериозни хируршки интервенции!
Не ги ставајте топчињата во носот или во устата! Не ги користите магнетите како накит за нос, јазик, уши и сл.! Немојте да експериментирате со магнетите и Вашето тело на начини што би предизвикале да влезат внатре!
Не ги чувајте магнетите блиску до лица со пејсмејкер или сличен апарат, во непосредна близина на кредитни картички, компјутери и слични уреди кои се чувствителни на магнети.
Секогаш чувајте ги магнетите на сигурно и вон дофат на деца! Чувајте ги во специјалната торбичка или пластичното кутивче.
Повеќе информации на: https://www.formi.mk/
Карактеристика | Вредност |
---|---|
Kатегорија | Магнетни играчки и сетови |
Возраст | 14+ години |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.
Слични производи
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!