Formi Raw - магнетни топчиња
Formi Raw - магнетни топчиња
Formi Raw - магнетни топчиња
Formi Raw - магнетни топчиња

Formi Raw - магнетни топчиња

Шифра на артикл: 062214
Достапно веднаш
0 МКД
1.160 МКД
1.160 МКД
18,77 EUR
Заштеда: 0 МКД
  • NSZ
    *
Зачувај во листата на желби
Pomoć
216 двојно пониклувани неодиумски магнетни топчиња во пластично кутивче за чување на магнетите.Formi е свет на мали моќни магнетни топчиња. Тие се толку силни што секое од нив мoже да подигне предмет 1000 пати потежок. Соединети заедно, ја предизвикуваат Вашата фантазија и креативност дозволувајќи Ви да направите сè што ќе Ви падне на ум, почнувајќи од прости дводимензионални облици и напреднувајќи кон комплексни тродимензионални форми. Како и секој магнет, магнетите Formi имаат два магнетни пола. Секоја сфера е со големина од 5mm и внатрешното јадро е направено од неодиум, најсилниот магнетен материјал пронајден досега. Според взаемното привлекување (и одбивање) меѓу сферите, Formi може да се состават во било која замислена форма следејќи ги едноставните правила на магнетизмот. Со други зборови, кога нешто не работи, пробајте пак од обратната страна. Напреднувајќи кон покомплексни дизајни, магнетизмот ќе почнете да го чувствувате како природно сетило. Користете ги Formi кога сакате да го размрдате мозокот, кога сте напнати или кога сакате да ја убиете досадата. Formi е едукативна, рекреативна, но пред сè забавна играчка која од една страна го поттикнува логичкото размислување и интуитивната перцепција кон геометријата и математиката, а од друга страна ја буди имагинацијата и креативноста. Formi ќе Ви помогнат продуктивно да се справите со стресот. Мозокот Ви е активен, рацете зафатени, а стресот го канализирате на позитивен начин. Конструираните форми порано или подоцна ќе треба да ги уништите и да направите нови при што самот чин на рушење буди чувство на задоволство. ВНИМАНИЕ! Ситни и силни магнети! Не се препорачува за деца под 14 години. Голтање на едно или повеќе топчиња може да предизвика задушување, опструкција или перфорација на дигестивниот тракт* и слично. Доколку дојде до ова, веднаш побарајте медицинска помош! *При голтање, магнетите може да се прилепат на одредени места низ дигестивниот тракт и предизвикаат ургентни здравствени проблеми и сериозни хируршки интервенции! Не ги ставајте топчињата во носот или во устата! Не ги користите магнетите како накит за нос, јазик, уши и сл.! Немојте да експериментирате со магнетите и Вашето тело на начини што би предизвикале да влезат внатре! Не ги чувајте магнетите блиску до лица со пејсмејкер или сличен апарат, во непосредна близина на кредитни картички, компјутери и слични уреди кои се чувствителни на магнети. Секогаш чувајте ги магнетите на сигурно и вон дофат на деца! Чувајте ги во специјалната торбичка или пластичното кутивче. Повеќе информации на: https://www.formi.mk/
Карактеристика Вредност
Kатегорија Магнетни играчки и сетови
Возраст 14+ години

Уникатна услуга

Картичка за лојалност
Картичка за лојалност

Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

 Бесплатна достава
Бесплатна достава

Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.

Слични производи

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.93 MB