Лето на езерото Чиле
Бата Прес

Лето на езерото Чиле

Шифра на артикл: 063953
ISBN: 9786082532233
Достапно веднаш
0 МКД
300 МКД
300 МКД
4,85 EUR
Заштеда: 0 МКД
Извести ме за попуст
  • NSZ
    *
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
Pomoć
Возбудлива, психолошка, романтична, еколошки бунтовна и трагична сторија… сведоштво за нашето време! Романот за деца и млади „Лето на езерото Чиче“ од Јасминка Тихи-Степаниќ има повеќе изданија што најубедливо зборува за неговиот квалитет и популарност меѓу најмладата читателска публика. Романот започнува со настанот во кој исплашената Луција, среде бурата придружена од големи грмотевици, го бара братот што исчезнал од куќата. Го наоѓа на работ на патот, воден и измрзнат. Тргнал да ја пронајде мајка му, затоа што многу му недостасува. Стравот што се вовлекува во срцето на Луција, се шири по нејзиното тело како бодликаво иње и ќе остане запаметен ‒ засекогаш. Додека мајката работи како собарка во Пореч, на Јадранот, работа што ја прифатила откако останала без вработување во пропадната издавачка куќа, таткото работи во позната автомобилска фабрика во далечната баварска престолнина Минхен и се обидува да го поправи домашниот буџет. За Луција и нејзиниот единаесетгодишен брат Јанко се грижи бабата Вишња. Сите заедно се полни со соништа за светлата иднина поради која се исплатува да се издржат малкуте тешки и осамени денови. За сите би била среќа семејството да биде заедно. Луција ја мачат и љубовни проблеми, како што доликува на млада тинејџерка. Односот на жена и маж е нешто за што знае малку, ама со другарката Петра често разговара за тоа и се раѓа сомнение за љубовните, односно прељубничките и компликувани врски на возрасните. Така и Луција со страв ќе помисли дека нејзиниот татко можеби затоа не ја вика во Баварија, иако таа со недели подготвено чека да ја викне. Нејзиното искуство со момчињата што ги запознава на езерото, особено со еден Јаков, во неа ќе пробуди чувства на очекување и заљубеност.
Карактеристика Вредност
Kатегорија Романи и раскази за млади
Автор Јасминка Тихи-Степаниќ
Издавач Бата Прес
Јазик Македонски
Повез Мек повез
Година на објавување2023
Број на страници153

Уникатна услуга

Картичка за лојалност
Картичка за лојалност

Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

 Бесплатна достава
Бесплатна достава

Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.

Слични производи

Sačuvano u omiljne
430 МКД
6,96 EUR
Sačuvano u omiljne
350 МКД
5,66 EUR
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.04 MB