Третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 25 март до 8 април 2026 година, во организација на „Литература.мк“. Со креативна фузија на повеќе области на културата, фестивалот „Видик“ отвора нови видици, давајќи значајна поддршка на авторите и уметниците од различни области на културното творештво во нашата земја.
Во книжарницата „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, ќе се одржат промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, филмска проекција и донаторски настан, со што фестивалот повторно ќе понуди динамична и разновидна културна програма за пошироката публика.
Цела програма во продолжение!

