Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Литература
- Поезија
- Антологии
- Антологија на античката лирика
Шифра на артикл: 067885
Баркод: 9786084938965
Издавач: Чудна Шума
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490
Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Пиши ни на:
Pomoć
„Антологија на античката лирика“ претставува обемен избор од песни кои се создадени во Античка Хелада и Рим. Песните се пренесени во препев, најчесто во автентичниот ритам на кој се составени старогрчките и латинските оригинали, кои биле пеени во придружба на инструменти или рецитирани, исто така, со музичка придружба. Станува збор за еден разновиден корпус во кој се опфатени речиси сите досега преведени и објавени песни од антиката на македонски јазик, кој е дополнет со нови препеви на песни пронајдени на папируси или на други медиуми, а кои не се дел од постарите изданија. Со тоа, ова издание создава целина што првпат ја обединува поетската традиција на античкиот свет.
Во воведните студии и белешки за Хеленската лирика, чиј автор е Весна Томовска (со исклучок на означените делови напишани од Елена Колева), се разјаснуваат жанровите и книжевните контексти на античката лирика – елегијата, јамбографијата, меликата и хорската песна – како и нивното влијание врз подоцнежните книжевни периоди. Воведите за Хеленистичка лирика и Римска лирика се дело на Даниела Тошева, која ги разработува особеностите и развојните линии на поетските школи во доцната антика.
Биографиите на авторите се дело на приредувачите на антологијата, кои го заокружуваат ова дело како своевиден книжевен документ за развојот на уметноста на зборот и почетоците на поезијата како духовна и културна вредност.
Антологијата е наменета и за студентите, и за љубителите на класичната книжевност, и за секој читател што сака да го чуе живиот глас на древните поети.
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Антологии |
| Издавач | Чудна Шума |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Тврд повез |
| Година на објавување | 2025 |
| Број на страници | 552 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 2000 денари.
Слични производи
Антологии
064318
Автор :
прир. Виолета Танчева - Златева
Цена
400
МКД
6,47
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!