Акции

Black Friday во „Литература.мк“ со попусти до 90 % цел месец!

30.10.2025.
Black Friday во „Литература.мк“ со попусти до 90 % цел месец!
Black Friday во „Литература.мк“ со попусти до 90 % цел месец!

Со попусти до 90 %, „Литература.мк“ во ноември ќе ја реализира најголемата акција Black Friday досега – што ќе трае цел месец, затоа што еден петок не е доволен!

Големата продажна акција ќе биде активна од 1 до 30 ноември и ќе важи во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“ и во Струмица) и онлајн на www.literatura.mk.

Покрај големите намалувања во книжарниците, секој ден на www.literatura.mk ќе има нова, ексклузивна, еднодневна онлајн-понуда со атрактивни попусти на избрани производи и изданија.

На попуст ќе се најде голем избор од бестселери, мотивациски наслови, класици, биографии, како и книги за деца и млади од повеќе издавачки куќи: „Арс Ламина“ (до 70 %), „Светот на Биби“ (до 40 %), додека „Култура“, „Полица“, „Бата прес“, „Сакам книги“, „Чудна шума“ и „Три“ се со 20 % попуст.

Покрај книгите, до 90 % намалување има и на дел од богатата гифт-програма, која вклучува играчки, едукативни материјали, друштвени игри, украси за домот и канцеларијата, подароци, колекционерски производи, ранци и многу други уникатни артикли. Станува збор за селекција на производи од над 40 престижни интернационални брендови, меѓу кои се: Lego, CV Cristal, Loungefly, Funko, Pomme pidou, Scoterice, Christakopoulos, Cobi, Creative Distribution, Blue Bird, Cogo, Lexon, Engino, Balvi, Fridolin, Egan, Erik, Kikkerland, Quarchertti, Herschel, Polo, Gingko, Candle Hand, Puzzle Dessylas, Ykra, Suck UK, Eurographics, Matador, SOL Expert Group, Plus Plus, Bontempi, Creative, Technodidattica, Noble Collection, Alessi, Hanipol, линијата „Среќни шепи“ и други.

Со оваа голема акција Black Friday, „Литература.мк“ им овозможува на своите посетители да ги збогатат домашните библиотеки со нови книги, да го дополнат домот со уникатни производи, навреме да ги изберат подароците за претстојните новогодишни празници и да уживаат во најголемиот избор и најголемите попусти досега.

Попустите може да ги следите на www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

22.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 22 до 26 октомври, книгите за Арсен Лупен од Морис Леблан ќе бидат достапни со 30 % попуст во сите кн...
15.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, читателите имаат можност да ги откријат делата на еден од најпродаваните современи британски автори на и...
08.
Oct.
Акции
Од 8 до 12 октомври делата на Артур Конан Дојл се достапни со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“, која важи во сите книжарници н...
01.
Oct.
Акции
Современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“ и „Подвижна г...
24.
Sep.
Акции
Со еден од најпознатите современи светски писатели, Милан Кундера, ја продолжуваме нашата акција „Автор во фокус“, со која ги доближуваме светски...
17.
Sep.
Акции
Оваа неделата фокусот го насочуваме кон кралот на хоророт, Стивен Кинг, кој на 21 септември ќе го прослави својот 78. роденден. 
10.
Sep.
Акции
Во очекување на 15 септември, кога светот одбележува 135 години од раѓањето на Агата Кристи, „Литература.мк“ ја посветува акцијата „Автор в...
03.
Sep.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 3 до 7 септември, книгите од Харлан Кобен – „Бегај“, „Момчето од шумата&ldquo...
27.
Aug.
Акции
Една од најпопуларните и најчитани писателки на современа романса – Колин Хувер, е авторка во фокус од 27 до 31 август во Литература.мк.
20.
Aug.
Акции
Луси Фоли веќе е добро познато име во книжевните кругови, постигнувајќи светски успех со своите крими-трилери „Списокот со гости“, „На лов&...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.11 MB