Подгответе се за новата учебна година навреме и без стрес. Летото е совршен момент за паметно планирање и полесни подготовки, а токму затоа „Литература.мк“ и оваа година ја носи најочекуваната Back to School акција. Под мотото „Училишни обврски? Завршени во јули!“, почнува сезоната на големи попусти и на практични купувања што го олеснуваат почетокотна учебната година.
Акцијата трае од 1 до 30 јули 2026 година, и носи попусти до 70 % на широк асортиман училишна опрема. Во понудата се вклучени повеќе од 20 брендови со сè што им е потребно на учениците за успешен почеток на учебната година – ранци, несесери, училиштен прибор, држачи за моливи, гуми, фломастери, боици, тетратки, термоси, шишиња, опрема за боење и цртање, како и сите неопходни додатоци за училиште.
Највисоки попусти до 70 % важат за брендовите Cerda, Erik, Lyra и Polo, кои нудат богат избор на ранци, на училиштен прибор и на додатоци по значително намалени цени.
Попусти до 60 % се достапни кај Giotto и кај PBM, со голем избор на креативен и ликовен материјал, како и практични решенија за секојдневната училишна подготовка.
Со попусти до 50 % се издвојуваат: Herschel, Technodidactica, Ykra и Loungefly, кои нудат квалитетни ранци и lifestyle производи.
Попусти до 30 % се достапни кај GiM, Tratto и Out of the Blue, со разновидни училишни и канцелариски производи.
Попусти до 20 % има за брендовите: Back me up, Das, Faber-Castell, Stor, Balvi, Fridolin, Safta, како и на дел од асортиманот на тетратки.
Со оваа акција „Литература.мк“ им го олеснува изборот на сите родители и ученици што се подготвуваат за новата учебна година, овозможувајќи им квалитетни производи по достапни цени и без непотребна грижаво последен момент.
Искористете ја најголемата Back to School јулска акција и уживајте во остатокот од летото без грижи.
Акцијата важи во сите книжарници на „Литература.мк“ – во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ Буњаковец и на ул. „Македонија“, како и во Струмица, и онлајн на www.literatura.mk.
Целосната листа со производи на попуст може да ја разгледате на следниов линк: https://www.literatura.mk/proizvodi/popusti