Акции

„Денови на литературата“ со попусти до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани во книжарниците на „Литература.мк“

31.01.2026.
„Денови на литературата“ со попусти до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани во книжарниците на „Литература.мк“
„Денови на литературата“ со попусти до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани во книжарниците на „Литература.мк“

Шестото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 5 до 22 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани: промоции на нови наслови, работилници за деца, како и дружби со маскотите  Исидора Мун, Биби и Боби и Стела и Сани.

Продажната акција „Денови на литературата“ ќе се одвива во сите книжарници на „Литература.мк“: во „Дајмонд мол“, „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, ТЦ „Буњаковец“, на ул. „Македонија“ во Скопје и во Струмица, како и на најголемата е-книжарница www.literatura.mk.

Во рамките на продажната акција ќе има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 17 македонски издавачки куќи: „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Или-Или“, „Култура“, „Мартина“, „Муза“, „Нампрес“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Светот на Биби“, „Сказнувалка“, „Слово“, „Три“ и „Чудна шума“.

Попусти до 70 % на популарни наслови од фикција, нефикција и книги за деца ќе понуди „Арс Ламина“. Попусти до 40 % ќе има на сите изданија од „Чудна шума“ и на селектирани наслови од „Бата прес“. Со намалување од 30 % ќе бидат сите изданија на „Сказнувалка“, „Прозарт“ и „Муза“, како и избрани книги од „Три“ и „Или-Или“. Со попуст од 20 % ќе бидат сите наслови од „Академска книга“, „Бегемот“, „Нампрес“, „Полица“ и „Слово“, како и дел од понудата на „Мартина“, „Сакам книги“, „Светот на Биби“ и „Култура“.

Секој ден на онлајн-продавницата www.literatura.mk  ќе има специјален, дополнителен еднодневен попуст на книги.

„Литература.мк“ и овој пат подготви изненадувања за своите посетители – со купени книги во вредност од минимум 1.500 денари следува грепка со подарок. Секоја грепка е добитна!

„Денови на литературата 2026“, покрај попустите и подароците, ќе понуди и богата програма за деца, родители и за сите љубители на книгите во книжарниците на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, „Ист гејт мол“ и „Скопје сити мол“.            

Програмата ќе почне на 5 февруари (четврток) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ со свечениот настан „Во литературен филм“, на кој ќе настапи триото Trinity Strings. Следниот ден, во 18 часот, во книжарницата во „Ист гејт мол“ ќе се одржи работилница за изработка на макети со Revell, во соработка со Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски-Микс“, а во „Скопје сити мол“ ќе се одржи промоција на инклузивната сликовница „Среќен како Наи“ од авторката Ана Салџиева и илустраторот Томи Џуровски. Промоторка на книгата, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде Бојана Стојменовиќ.

На 7 февруари (сабота) во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ во 11 часот ќе има дружба со маскоти од омилените анимирани ликови, по што во 12 часот следува работилницата за деца „Волшебен свет“ со ликовите од едициите „Змејот Фидан“ и „Волшебни еднорози“. Дополнителна боја и магија ќе донесе face painting (цртање на лице) со брендот за детска козметика Martinelia. Во истиот термин, во книжарницата во „Дајмонд мол“ ќе има весела дружба со Стела и Сани. Во 13 часот, во „Скопје сити мол“, ќе се одржи UNO натпревар за родители и деца. Во 18 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи театарска претстава и промоција на книгата „Златната книга на Лудви“, со текст на Тина Иванова и илустрации на Рената Јосифовска. Промоторка ќе биде уредничката Бисера Бедевска.

В недела (8 февруари), во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ повторно ќе има дружба со маскоти, а во 12 часот ќе се одржи магичната работилница Marvin’s Magic со македонскиот магионичар и илузионист Кристиан Шопов. Истовремено, во „Скопје сити мол“ ќе се одржи работилницата „Авантура со буквите“ со Биби и Боби.

На 10 февруари, во 10 часот, е закажана работилница за деца инспирирана од едицијата „Мали умни глави“, со изданијата: „Сетила, емоции и чувства“, „Овошје и зеленчук“, „Бои и форми“, „Професии“ и „Сообраќај“. Во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи промоција на првата нема сликовница во Македонија – „(С)обувки“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е реализирана по идеја на Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска, а на промоцијата ќе учествуваат Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Ермис Лафазановски.

Следниот ден (11 февруари), во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи работилница за деца со новата забавна игра со мемориски картички „Бреин бокс“, со теми: професии и вселена. Во 20 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи промоција на новата стихозбирка „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски, во издание на „Арс Ламина“. Промотори ќе бидат Оливера Ќорвезироска и Иван Џепароски.

Работилница за деца инспирирана од едицијата „Големи зборови за мали уши“ на „Арс Ламина“ е закажана за 12 февруари (четврток) во 10 часот во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Наредниот ден, на истата локација, во 11 часот ќе се одржи работилница инспирирана од сликовницата „Белото маче кое беше сосем црно“.

И оваа година, на 13 февруари, во соработка со „Џез ФМ“, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе биде одбележан Светскиот ден на радиото. Настанот ќе почне во 21 часот со концерт на групата „Мојра“, по што ќе настапи диџеј DJ Kungfoolish.

В сабота (14 февруари), во 11 часот, во „Ист гејт мол“ ќе има дружба со маскоти, а во 12 часот ќе се одржи работилницата за деца „Исидора Мун слави роденден“. Децата ќе се дружат со Исидора Мун и нејзината братучетка Мирабела, ќе цртаат, бојат и изработуваат крилја, а ќе има и face painting. Во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во 12 часот ќе се одржи едукативно-креативната работилница „Биби и Боби во светот на приказните“, наменета за деца од 2 до 7 години. В недела, во 11 часот, во „Ист гејт мол“ ќе има уште една дружба со маскоти, а во 12 часот следува дружење со Стела и Сани.

Во „Скопје сити мол“, во 12 часот, ќе се одржи претстава со акробати инспирирана од романот „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски, во издание на „Арс Ламина“. 

На 17 февруари (вторник), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи промоција на книгата „Мали приказни за големи сонувачи“, со која се одбележуваат 45 години од творештвото на Владо Димовски. Промотор на книгата ќе биде Татјана Димовска-Атанасова. Следниот ден, во 20 часот, во книжарницата во „Дајмонд мол“ ќе се одржи промоција на новата книга „Егосурфер“ од Александар Русјаков, во издание на „Арс Ламина“. Промотор ќе биде Бисера Бендевска.

Во истата недела ќе се одржи и промоција на книгата финалист за наградата „Оливера Николова“ – „Сам во рој“ од Иван Дричко, закажана за 19 февруари (четврток) во 19 часот во „Скопје сити мол“. Промотори ќе бидат Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски.

В петок, во 11 часот, во „Дајмонд мол“, децата ќе можат да учествуваат во работилница инспирирана од книгата „Сите се броиме“ од Кристин Роскифте.

Последниот викенд, на 21 февруари (сабота), програмата почнува со дружба со маскоти во 11 часот во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, по што следува работилницата „Биби и Боби играат со зборови и чувства“. Во истиот термин, во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, ќе се одржи офлајн-работилница за деца инспирирана од сликовницата „Зорки и Цветка“ со илустраторката Наталија Лукомска. Во 18 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи театарска претстава и промоција на книгата „Магичната флејта на Вулфи“, со текст на Тина Иванова и илустрации на Рената Јосифовска. Промоцијата ќе ја води Бисера Бендевска.

Следниот ден (22 февруари) програмата почнува со дружба со маскоти во „Ист гејт мол“, а во 12 часот ќе се одржи работилницата „Нова боја на кориците со POSCA“, која ќе ја води илустраторката Калиопи Трпчева. Истовремено, во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, децата ќе се дружат со Стела и Сани, со што ќе биде заокружена програмата на шестото издание на „Денови на литературата“.

Сите настани во рамките на „Денови на литературата“ се бесплатни за посетителите. Присуството на работилниците и театарските претстави е со претходна пријава, а целосната програма со сите датуми и активности може да ја погледнете  ТУКА.

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Dec.
Акции
Сет од пет книги на Зоран Спасов Ѕоф, наслови кои се меѓу најпродаваните во Литература.мк изминатите години.
04.
Dec.
Акции
Од 22 ноември до 21 декември, во сите книжарници на Литература.мк и на www.literatura.mk искористете ги попустите до 50%.
30.
Oct.
Акции
Со попусти до 90 %, „Литература.мк“ во ноември ќе ја реализира најголемата акција Black Friday досега – што ќе трае цел месец, затоа што ед...
22.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 22 до 26 октомври, книгите за Арсен Лупен од Морис Леблан ќе бидат достапни со 30 % попуст во сите кн...
15.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, читателите имаат можност да ги откријат делата на еден од најпродаваните современи британски автори на и...
08.
Oct.
Акции
Од 8 до 12 октомври делата на Артур Конан Дојл се достапни со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“, која важи во сите книжарници н...
01.
Oct.
Акции
Современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“ и „Подвижна г...
24.
Sep.
Акции
Со еден од најпознатите современи светски писатели, Милан Кундера, ја продолжуваме нашата акција „Автор во фокус“, со која ги доближуваме светски...
17.
Sep.
Акции
Оваа неделата фокусот го насочуваме кон кралот на хоророт, Стивен Кинг, кој на 21 септември ќе го прослави својот 78. роденден. 
10.
Sep.
Акции
Во очекување на 15 септември, кога светот одбележува 135 години од раѓањето на Агата Кристи, „Литература.мк“ ја посветува акцијата „Автор в...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.13 MB