Култура

Остави го светот зад себе: Џулија Робертс, Махершала Али и Итан Хок се соочуваат со крајот на светот

04.10.2023.
Остави го светот зад себе: Џулија Робертс, Махершала Али и Итан Хок се соочуваат со крајот на светот
Остави го светот зад себе: Џулија Робертс, Махершала Али и Итан Хок се соочуваат со крајот на светот

Ако општеството навистина почне целосно да се распаѓа, веројатно никогаш точно не би знаеле како и зошто се распаѓа. Би биле свесни дека нешто не е во ред, но деталите ќе станат нејасни штом телефоните престанат да работат, се прекине интернетот и на медиумските мрежи настапи мртва тишина. Застрашувачки електронски звуци од небото доцна во ноќта; експлозии во далечина; авиони и чамци што се зариваат во земјата и животни кои се собираат во морничаво големи групи само ќе навестат за хаосот што ќе настапи. Она што го кажуваат преживеаните можеби се контрадикторни гласишта, но како би знаеле дали нешто од тоа е вистина?

Ова е вознемирувачката премиса на Остави го светот зад себе, новиот трилер на „Нетфликс“, кој го надградува својот ужас преку неизвесноста.

Филмот е во режија на креаторот на Господин Робот, Сем Есмаил, кој го адаптираше сценариото од романот на Румаан Алам од 2020 година. Џулија Робертс и Итан Хок играат брачен пар од Њујорк, кој случајно ги носи своите две деца на одмор во шума во Лонг Ајленд токму кога работите почнуваат да се распаѓаат, додека Махершала Али е сопственик на имотот што тие го имаат изнајмено, кој се појавува среде ноќ да побара засолниште во сопствениот дом со својата ќерка (актерката од Тела тела тела, Михала Херолд). Можат ли да преживеат заедно или ќе се свртат еден против друг како што ситуацијата станува очајна. Остави го светот зад себе повеќе внимание обрнува токму на овие прашања отколку да одговори на мистеријата за тоа што се случува со светот во целина.

„Жанрот филмови што прикажуваат катастрофи е еден од моите омилени жанрови, а трикот што го направивме во овој филм што се разликува од повеќето филмови за катастрофи е тоа што во тој жанр, фокусот – приоритетот на раскажувањето – е на грандиозните сцени“, вели Есмаил. „Фокусот е на спектаклот на каква и да е катастрофата во таа приказна, а ликовите се споредни во однос на неа. Тие се повеќе тука за да реагираат и да бидат публика на случувањата. Она што мислам дека Румаан одлично го направил во романот и она што се обидов да го доловам во филмот е тоа да го превртам и да направам фокусот да биде на ликовите и на нивната реакција. Спектаклот на катастрофата е спореден и некаде таму во далечина.“

Остави го светот зад себе почнува со прикажување на 22 ноември во Соединетите Американски Држави и на други места низ светот два дена подоцна, пред да го има своето деби на „Нетфликс“ на осми декември. Ова е првиот недокументарен игран филм под извршната продуцентска палка на Барак Обама и Мишел Обама преку нивната продуцентска компанија „Хајер граунд“.

Романот „Остави го светот зад себе“ од Румаан Алам е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина публикации“, и е достапен во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/krimitriler/31206-ostavi-go-svetot-zad-sebe

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 9.97 MB