Книжевни факти

Топ 10 книги од Литература.мк во чест на Светскиот ден на музиката

21.06.2022.
Топ 10 книги од Литература.мк во чест на Светскиот ден на музиката

Музиката го разубавува нашиот живот. Taa може да предизвика чувства на среќа, возбуда, но и на тага. Знае да нè развесели, да нè разигра или, пак, да нè растажи, па дури и да нѐ расплаче.

Генијалниот научник Алберт Ајнштајн има речено: „Да не бев физичар, веројатно ќе бев музичар. Често размислувам со музика. Јас ги живеам моите соништа во музиката. Го гледам мојот живот во смисла на музиката и знам дека најмногу уживам во животот со мојата виолина“.

Музиката игра важна улога во нашите животи. Таа ги зближува луѓето од различни сфери на општеството и од сите краишта на светот. Некои ја сметаат и за терапевтска, а експертите тврдат дека го намалува стресот и го подобрува квалитетот на сонот.

Во чест на музиката, почнувајќи од 1982 година, на 21 јуни (паралелно со дочекот на летото), се одбележува Светскиот ден на музиката.

Во интернационални рамки, веќе 40 години овој ден се прославува со концерти, фестивали, настапи на различни изведувачи, промоции на книги и други уметнички настани и перформанси.

Во книжарниците на „Литература.мк“ секојдневно се слави музиката. Покрај грамофонските плочи, современите грамофони, плеерите, детските инструменти и производите од гифт-програмите наменети за фановите, на полиците на нашите книжарници застапен е богат избор на книги за музиката. Станува збор за биографии на познати изведувачи, историска фикција за музичари, како и приказни раскажани преку звукот на инструментите.

Во продолжение проследете ја топ 10 листата со книги инспирирани од музиката, во издание на „Арс Ламина – публикации“, кои се достапни во книжарниците на „Литература.мк“.

„Музика на случајноста“ од Пол Остер

Романот на Остер го следи Џим Неш, бостонски пожарникар, кој, откако го троши своето неочекувано наследство во возење низ Америка, по пат собира еден млад коцкар, со план да измамат двајца ексцентрични милионери. Но, планот не успева и тие брзо се наоѓаат на една ливада во Пенсилванија, принудени да изградат еден бесмислен ѕид од камења земени од урнатини на ирски замок од петнаесеттиот век. Времето минува, нивните долгови растат, исто како и нивниот бес, додека се обидуваат да се извлечат од ова кафкијанско ропство. Популарниот автор на бестселери, Пол Остер, нѐ воведува во својот свет на сурови зделки и казнени каприци, свет во кој среќата и случајноста се непредвидлива сила.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13415

„До последна нота“ ‒ Лиза Џенова

Ричард е концертен пијанист со светска слава, кој добива стоечки овации низ салите ширум светот. Секој негов прст од дланките е прецизно наштиман инструмент, што танцува по клавијатурата и ја погодува секоја до последната нота со истата прецизност. Но, сега на Ричард му е дијагностицирана АЛС и целата негова десна рака е парализирана. Загубата на дланката е како смрт, како загубена вистинска љубов, како развод – неговиот развод. Знае дека следно е загубата на левата рака, а потоа и другите делови на телото ќе ги губи, еден по еден… Карина, пак, неговата поранешна сопруга, е парализирана од оправдувања и страв, заглавена во нејзиниот неисполнет живот како учителка по пијано, исплашена да тргне по патот што го напуштила во младоста. По игра на случајноста, не сакајќи таа станува негова негувателка… Потресна и моќна, „До последна нота“ е мајсторско истражување на искупувањето и на она што значи да се пронајде сопствениот мир во проштавањето.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13509

„Дејзи Џонс енд Д Сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Сите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“: албумот „Аурора“ на овој бенд ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година… сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа дека клучот на успехот е во нивното спојување. Она што следува понатаму станува легенда…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13701

„Press & play“ од Ненад Георгиевски 

„Прес енд плеј“ (Press & Play) е книгата со рецензии на англиски јазик за современа македонска музика од музичкиот новинар Ненад Георгиевски. Во книгата се застапени  рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Апелгрин, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн.  Книгата претставува збир од негови текстови кои ги има пишувано 15-тина години за „Ол абаут џез“ (All About Jazz). Се работи за рецензии на изданија и концерти на различни генерации македонски музичари.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14383

„Били Ајлиш“ од Сали Морган

Биографијата на девојката која ненадејно ја презема и редефинираше светската поп-сцена, Били Ајлиш, дело на Сали Морган, е преведена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“.

Били Ајлиш го погоди светот на музиката како бура. Од нејзиниот уникатен звук до стилот на девојка со став, таа е навистина една и единствена. Оваа книга е спакувана со фантастични факти, одлични совети и информации. Може да откриете сè што ве интересира за оваа музичка мегаѕвезда.  Били Ајлиш Пајрат Беирд О’Конел е родена на 18 декември 2001 година и е американска пејачка и текстописец. Нејзиниот деби сингл, „Ocean eyes“, станал популарен и собра 132 милиони прегледи на „Спотифај“ (Spotify) во октомври 2018 година. Додека нејзиниот деби албум, „Don’t smile at me“, бил издаден во август 2017.

Музичкиот магазин „Ролинг стоун“ ја оцени како девојка која прави триумф на „невообичаеното“, додека весникот „Њујорк тајмс“ ја етикетираше како поп-ѕвезда која излегува надвор од рамките на веќе виденото. Во нејзината биографија може да се прочитаат сите нејзини ставови за музиката, но и за животот воопшто.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14384

Биографската книга за Леонард Бернштајн

Каква ли предност имав пред кој било друг конвенционален биограф! Дискретно ја скривав сопствената блискост со Леонард Бернштајн, ограничувајќи се на фусноти во стилот „Авторот бил присутен во таа пригода“, меѓутоа како негов постојан соработник, дваесет и пет години бев интимно поврзан со Бернштајн и со неговите светови.

Најмалку што можев да сторам за да му се одолжам на некој начин по неговата смрт беше да напишам негова биографија. Целта ми беше да создадам еден заокружен портрет на неговиот творечки и личен живот. Тој беше човек за кого музиката беше постојана, опсесивна нужност, сеедно дали како композитор, диригент, едукатор, пијанист или како писател. Во рубриката ,,професија” од својот пасош се опишуваше себеси со еден збор: „музичар“. Музиката навистина беше неговиот живот, но неговиот живот беше многу повеќе отколку само музика.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13448

„Лето како во ’Мама миа‛“ од Ени Робертсон

Веројатно нема некој што не го слушнал хитот „Mamma Mia“ од славната поп-група „АББА“. Повеќето можеби ги гледале мјузиклот или филмот инспирирани од најпознатите песни на шведскиот состав од седумдесеттите години. За сите обожаватели на музиката на „АББА“ и на филмот „Мама миа“ го препорачуваме романот „Лето како во ’Мама миа‛“ од Ени Робертсон, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Приказната во книгата се движи околу Лорел, која не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група „АББА“ и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановитe, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа и прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13695

„Проштален валцер“ од Милан Кундера 

Во едно бањско лекувалиште со застарен изглед, осум личности се фаќаат на еден валцер што се забрзува: една симпатична медицинска сестра, еден гинеколог фантазер, еден богат Американец (понекогаш светец понекогаш дон жуан), еден познат трубач, еден стар осуденик, жртва на чистки, кој е на прагот да ја напушти својата земја... Овој роман е еден „сон на летната ноќ“, еден „црн водвиљ“. Најтешките прашања во оваа книга се поставени со таква леснотија поради која разбираме дека модерниот свет нè лишил од правото на трагичното.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14475

„Приватниот живот на тројцата тенори“ од  Марсија Луис

Два шпанци и еден италијанец го сочинуваат најпознатото тенорско трио. Пласидо Доминго и Хозе Карерас од Шпанија заедно Лучано Павароти од Италија, заедно настапуваа во периодот од 1990-та до 2003-та година. Триото својот последен заеднички концерт го одржа во 2005 годин, а а две години подоцна почина Павароти. Нивните имиња влеваат стравопочит во музичкиот свет, а нивните гласови ја маѓепсуваа публиката низ светот. Но, каков навистина бил животот на тројцата тенори? Од оваа возбудлива биографија од авторката Марсија Луис, помеѓу останатото ќе дознаете за: краткотрајниот брак во кој Пласидо Доминго стапил на седумнаесетгодишна возраст, што е тоа што Адуа Павароти најпосле ја навело да му стави крај на бракот ? Ќе прочитате и за стјуардесата која го освоила срцето на Хозе Карерас, неспокојствата што го измачуваат Павароти и начинот на кој се соочува со нив, лутото ривалство меѓу двајца од тројцата тенори и многу сочни детали од приватниот живот на оперските легенди.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13212

„Битлси“ од Хантер Дејвис

Во текот на 1967 и 1968 година, Хантер Дејвис поминува 18 месеци со „Битлси“ додека тие се на врвот на нивната кариера, претставувајќи го бендот кој обликувал една генерација, создавајќи популарна музика. Како единствен нивен авторизиран биограф, тој имал ексклузивен пристап – не само до Џон, Пол, Џорџ и до Ринго туку и до нивните пријатели, семејството и до соработниците. Дејвис насобрал изобилство од лични, приватни материјали, кои откриваат многу за нив и кои ја сместуваат оваа книга во групата класици, која едноставно мораат да ја прочитаат и другите биографи. Останувајќи близок со бендот во текот на годините, Дејвис има пристап до информации што ги вклучува последователно во поновите изданија.

Ова издание е осовременето со нов материјал за солистичките кариери и за животните на „Битлси“, како и со приказни за многу други луѓе кои се појавуваат во книгата. Со додаток на еден новопронајден текст на Џорџ Харисон и со мементо мори за починатите членови, ова издание го раскажува сето она што е досега познато за најголемиот рок-бенд во историјата.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.61 MB