Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Литература
- Книжевност
- Драми
- Одбрани драми
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490
Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Пиши ни на:
Pomoć
"Јован Стерија Поповиќ (1806−1856) бил српски писател, драматург, поет,
педагог и истакнат интелектуалец од историјата на српската култура.
Напишал и објавил повеќе од шеесет стручни труда меѓу кои и учебници од
различни научни области. Заслужен е за организирање на српската
средношколска настава, за започнување на иницијативата за основање на
Народната библиотека, Академијата на науките, Народниот музеј и на првиот
белградски театар, кој бил отворен во 1841 г. со неговата трагедија „Смртта на
Стефан Дечански“.
Покрај тоа што пишувал историски и патриотски драми, Поповиќ доживеал
најголем успех со неговите комедии во кои го покажал својот голем талент. Бил
познат како романтичар во драмата и трагедијата, но во комедијата се покажал
како вистински реалист при отсликувањето на карактерите и ликовите од своето
време, а тоа го правел со цел да го едуцира народот сметајќи дека тоа е
основната цел на комедијата.
По „Лажење и надлажување“ (Лажа и паралажа, 1830), ја напишал својата
најпопуларна комедија „Скржавец“ (Тврдица, 1837), подоцна позната како „Кир
Јања“. Стерија напишал и низа пародии како „Измама за измама“ (Превара за
превару), „Волшебното магаре“ (Волшебни магарац), „Симпатија и антипатија“
и „Маж вадидуша“ (Џандрљив муж).
Во 1956 г. во чест на Ј. Стерија Поповиќ во Нови Сад е основан фестивалот
„Стеријино позорје“, кој ја претставува најзначајната театарска манифестација
во Србија. Почнувајќи од 1959 г. делата на Стерија се екранизирани во
дваесетина филмови меѓу кои се наоѓаат „Лажење и надлажување“, „Маж
вадидуша“, „Кир Јања“, „Родољупци“, „Покондирена тиква“ (1838), „Злобна
жена“ (Зла жена, 1838), „Љубов, женидба и мажачка“ (Љубав, женидба и
удадба, 1841), „Белград некогаш и сега“ (Београд некад и сад, 1853) и др."
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Драми |
| Автор | Јован Стерија Поповиќ |
| Издавач | Алманах |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Мек повез |
| Година на објавување | 2019 |
| Број на страници | 243 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 2500 денари.
Слични производи
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!