Блог

Претставата „Себастијан и ѕвездите“ во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“

14.04.2025.
Претставата  „Себастијан и ѕвездите“ во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“
Претставата  „Себастијан и ѕвездите“ во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“

Вчера, на 13 април (недела) со почеток во 14 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се одржа настан посветен на најмладите, кој понуди едукативна и забавна содржина со музичко-сценска изведба.

Настанот ја претстави оригинално создадената приказна за малечките браќа Себастијан и Кристоф, кои секоја вечер играат игри во дворот од нивната куќа и ги набљудуваат ѕвездите. Особено внимание привлече моментот кога браќата ќе ја забележат најсјајната ѕвезда – Голд Стар, која ќе им довери задача да ја пронајдат Музичката кутија и да ја ослободат музиката на Универзумот.

Претставата, инспирирана од делото на Јохан Себастијан Бах, успешно го комбинираше светот на фантазијата со музичката едукација, а публиката имаше можност да ужива во внимателно разработена сценска изведба.

На сцената настапија Тина Иванова и Дијана Имери-Илкоска, кои преку раскажување и интерпретација придонесоа приказната да допре до секој присутен.

Настанот привлече голем интерес и беше одлично прифатен од децата, но и од возрасните кои беа дел од публиката.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

15.
Nov.
Филм
„Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс првпат е објавена во 1843 година и повеќе од 180 години подоцна сè уште ја задржува својата актуелност.
14.
Nov.
Вести
Три книги објавени од издавачката куќа „Арс Ламина“ се добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година, што ја доделува Град Скопј...
13.
Nov.
Настани
На 12 ноември во „Литература.мк“ во „Дајмнод мол“ беше промовирана книгата „Чија си“, 55 години по премиерната извед...
08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
07.
Nov.
Настани
Авторизираната биографија на Славе Димитров – „Чија си“ од Максим Ристески ќе биде промовирана на 12 ноември, во 19 часот, во „Литера...
06.
Nov.
Настани
„На местото на настанот“, првата книга на новинарот Александар Видиновски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
01.
Nov.
Настани
Првата книга на новинарот Александар Видиновски, „На местото на настанот“, ќе биде промовирана на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, в...
01.
Nov.
Интервјуа
Со прашањето „Колку ме сакаш, мамо?“ започнува нежна приказна за љубовта, која не може да се измери, но може да се препознае во секојдневните мал...
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.2 MB