Настани

Јубилејна едиција за деца по повод 80 години од раѓањето и 60 години творештво на Велко Неделковски

23.11.2026.
Јубилејна едиција за деца по повод 80 години од раѓањето и 60 години творештво на Велко Неделковски
Јубилејна едиција за деца по повод 80 години од раѓањето и 60 години творештво на Велко Неделковски

Со специјална јубилејна едиција што опфаќа 18 наслови во 12 книги, издавачката куќа „Арс Ламина“ му оддава почит на Велко Неделковски, еден од најзначајните македонски писатели за деца и за млади, по повод 80 години од неговото раѓање и 60 години творештво.

Шест децении исполнети со приказни, со стихови, со хумор и со незаборавни книжевни ликови, кои растеле заедно со генерации читатели, добиваат ново издание и ново читателско поглавје. Во чест на овој значаен јубилеј „Арс Ламина“ подготви посебна едиција од 12 книги за деца со вкупно 18 наслови од богатото творештво на Неделковски.

По тој повод на 26 ноември (четврток), со почеток во 10 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи промотивен настан на кој ќе бидат одбележани животот и творештвото на авторот, а пред публиката ќе биде претставена и јубилејната едиција.

Промотор на едицијата ќе биде проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, а ќе се обрати и писателот Велко Неделковски.

Јубилејната едиција опфаќа шест самостојни изданија – „Збунети години“, „Шармери од осмо“, „Симчо“, „Бибисек Втори“, „Корнет Лизи во Шаренџам“ и „Првото жарче ЉУБ“, како и шест книги во оригиналниот концепт на „Прегрнати книги“, во кои се обединети по два наслова. Во „Прегрнати книги“ се вклучени: „Песноград“ и „Сказнобус“; „Стихотека“ и „Светот има осум страни“; „Децата се прва лига“ и „Кога цутат имињата“; „Верочка и Бовчек“ и „Стихувалка ха-два-о“; „Детето со име Димче“ и „Во царството виножитно“; „Хокус покус приказникус“ и „Адреса на срцето“. Дел од овие изданија веќе беа објавени, а во едицијата се вклучени и најнови наслови.

Сите книги добиваат ново, освежено руво и посебен визуелен идентитет, со специјално дизајнирано лого посветено на јубилејот. Особен белег на едицијата се „прегрнатите книги“ – издавачки концепт во кој две дела се обединети во една книга, овозможувајќи им на младите читатели да уживаат во различни книжевни форми, од проза до поезија. Изданијата се наменети за деца на возраст од 8 до 14 години.

Велко Неделковски е еден од најзначајните македонски писатели за деца и за млади, автор чие творештво повеќе од шест децении е присутно во македонската книжевност и во детските библиотеки. Роден е на 28 октомври 1946 година во Скопје. Работел во Македонската телевизија како драматург и како сценарист, а член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1980 година.

Во своето книжевно творештво ги негува речиси сите литературни жанрови: расказот, сказната, романот, драмскиот текст и поезијата. Автор е на многу книги за деца, меѓу кои збирките раскази: „Леб за тате“, „Како расте Пенчо“, „Срценца од ведро-а“ и „Деници“; сказните: „Пролетни авантури“, „Шоу под ведро небо“, „Чуденки со Тимитар Итар“, „Смеантури во Намќорец“, „Бибисек од Крампонија“ и „Корнет Лизи во Шаренџам“; како и романите: „Симчо“, „Втората смена“, „Збунети години“, „Зборофон Тар-11“, „Дежурна приказна“, „Летачкиот човек Пеперут“ и „Шармери од осмо“. Автор е и на стихозбирката „Шармантни песни“ и на поемата „Царче-Жарче“.

Неделковски има напишано шеесетина радиодрами за најмладите слушатели на Македонско радио (Радио Скопје), од кои дел се преведени и снимени во странство. Автор е и на триесет играни телевизиски серии за деца, меѓу кои „Саки од Саканија“, „Светот има осум страни“ и „Царството на другарството“, како и на сценаријата за три краткометражни филмови. Неговите драмски текстови за деца, меѓу кои се „Ден за бегство“ и „Бибисек од Крампонија“, се поставувани на театарската сцена. Ја има напишано и драматизацијата на романот „Децата од улицата Пал“ од Ференц Молнар.

Покрај творештвото за деца и за млади, Неделковски пишува и за возрасни. Во издание на „Арс Ламина“ се објавени неговите романи „И не биди млад мајмун“, „Песја прељуба“ и „Токсични луѓе“, како и неговата прва поетска збирка за возрасни „Тишината на зборот“.

За своето творештво е добитник на повеќе признанија, меѓу кои наградата на РТВ Скопје за најдобра книга за деца, наградата за најдобра детска книга на „Струшките вечери на поезијата“ во 1986 година, наградата „Феникс“ на Град Скопје за постигнувања во книжевноста и наградата за животно дело на Македонската радио-телевизија.


Новата јубилејна едиција наскоро ќе биде достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Nov.
Настани
На 12 ноември во „Литература.мк“ во „Дајмнод мол“ беше промовирана книгата „Чија си“, 55 години по премиерната извед...
07.
Nov.
Настани
Авторизираната биографија на Славе Димитров – „Чија си“ од Максим Ристески ќе биде промовирана на 12 ноември, во 19 часот, во „Литера...
06.
Nov.
Настани
„На местото на настанот“, првата книга на новинарот Александар Видиновски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина &ndas...
01.
Nov.
Настани
Првата книга на новинарот Александар Видиновски, „На местото на настанот“, ќе биде промовирана на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, в...
16.
Oct.
Настани
Новата стручна книга „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, беше промовирана денеска во амфитеатарот на Стоматолошк...
09.
Oct.
Настани
Стручната книга „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана на 16 октомври (петок), со почеток во 10...
17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.06 MB