Акции

Дизајн меѓу полици – нова акција со брендирани производи за домот во Литература.мк

04.03.2022.
Дизајн меѓу полици – нова акција со брендирани производи за домот во Литература.мк
Дизајн меѓу полици – нова акција со брендирани производи за домот во Литература.мк

Дизајнирани производи за кујната и домот, уникатни додатоци за во канцеларија, како и „смарт“ уреди од познати интернационални брендови, се дел од продажната акција „Дизајн меѓу полици“ на „Литература.мк“, што ќе трае од 4 до 13 март.

Со специјални попусти се селектирани производи од најбараните европски дизајнерски компании за домот: Gingkо („Гинко“), Lexon („Лексон“), Fundamental Berlin („Фундаментал Берлин“), Alessi („Алеси“), Egan („Еган“), CV Cristal („Си-ви Кристал“), Baci Milano („Бачи Милано“) и Manopoulos („Манополус“). Со секоја сметка над 900 денари од брендовите Egan и SV Cristal следува подарок книга. На попуст до 50 отсто се повеќе книги, како и сетови со неколку наслови во издание на „Арс Ламина“.

Дел од производите на наградуваниот британски бренд за иновативни, минималистички и стилизирани производи, Gingkо („Гинко“), се на 30 отсто попуст. Станува збор за уникатни додатоци и подароци што им даваат нов, модерен изглед на домот или канцеларијата: светлосен будилник, дрвен звучник, дрвен звучник, декоративна ламба, ламба за работна маса и дигитален часовник.

Во 30 отсто попуст се и дел од производите на повеќекратно наградуван француски бренд Lexon („Лексон“), кој соработува со познати дизајнерски имиња и има препознатливи производи за домот, канцеларијата, за урбаните номади и бизнис-класата, која е во постојано движење. На попуст се производи што ќе го надградат вашиот работен простор: дизајнирани ламби од мермер, станици за безжично полнење со вградена УВ-дезинфекција и метален катанец.

На 25 отсто попуст се производите од германскиот бренд за дизајнирани украси за домот инспирирани од математиката на природата – Fundamental Berlin („Фундаментал Берлин“). На листата се: метален држач за салфети, сет со две метални подлошки, метален послужавник, декоративен сад и ваза со уникатна геометриска форма.

Сите производи од италијанскиот бренд за Alessi („Алеси“) до 13 март се попуст од 20 отсто. Станува збор за компанија што секојдневните уреди за во кујна ги креира со несекојдневен дизајн и функционалност. Производите се создадени од најпознатите имиња во областа на дизајнот, архитектурата и индустрискиот дизајн. Во оваа акција се вклучени уникатни и високофункционални: отворач за вино, сад за овошје, мока за еспресо, ѕиден часовник, запалка, кружен послужавник и цедалка за лимон.

Со секоја сметка над 900 денари од брендовите Egan и CV Cristal следува подарок книга по избор: „Подарокот“, „Е, баш ме заболе!“, „Мојата прекрасна сопруга“ и „Заеднички стан“.

Италијанскиот бренд Egan („Еган“) во „Литература.мк“ е застапен со ламби, вази, шолји за кафе и чај, сетови со шолји и чајници со препознатливи артистички илустрации.

CV Cristal („Си-ви Кристал“), пак, кој исто така е италијански бренд за уникатни производи за домот, е преставен со дизајнерски вази, саксии, декоративни чинии и садови.

Препознатливите производи за домот од линијата Regina, од италијанскиот бренд Baci Milano („Бачи Милано“), се на 20% попуст. Станува збор за ламби, сад за шеќер + лажица, квадратен и правоаголен послужавник и вази во неколку димензии, како и сет шолји.

Со секој купен производ од брендот Baci Milano следува 20% попуст на сет карти и сет покер во дрвена кутија од грчкиот бренд Manopoulos („Манополус“).

Во рамките на акцијата со специјален попуст се и повеќе сетови книги: „Бебето на Бриџит Џонс“ и „Дневникот на Бриџит Џонс“ за 349 денари; „Отчукувања и список за душа“ за 399 денари; „ПС ми се допаѓаш“ и „Јас сум Миа“ за 369 денари; „До последна нота“ и „Американски брак“ за 449 денари; „Заговор против Дијана“ и биографиите за принцот Хари и за Кејт Мидлтон за 499 денари.

За време на акцијата посветена на домот „Дизајн меѓу полици“, на 50 попуст ќе бидат следните книги од „Арс Ламина“: „Стоте највлијателни жени во историјата“, „Прашај ме повторно ќе ти речам ’да‘“ од Мери Бет Кин, „Еднаш засекогаш“ од Сара Десен, „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама, „Аутопсија на љубовта“ од Моџо Килингтон, „Едноставна вистина за љубовта“ од Бредли Тревор Грив, „Таа ноќ ја видов“ од Драго Јанчар и „Сестрата“ од Луиз Џенсен.

 

Каталогот од акцијата „Дизајн меѓу полици“ можете да го разгледате на следниот линк.

https://www.literatura.mk/files/images/slike_clanaka/description/Home_letok_Osmi_mart_2022_WEB3.jpg

Попустите на книгите важат и за онлајн нарачка преку www.literatura.mk на следниот линк:

https://literatura.mk/DiscountProducts.aspx

Сите производи од каталогот се застапени во „Literatura.mk Superstore“ во „Сити мол“ и „Ист гејт мол“. Избрани производи се достапни во „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и во Струмица, на улица „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Jul.
Акции
Книгата „Варшава го исцртува Скопје“ е на попуст од 20 отсто за онлајн-нарачките на www.literatura.mk , од 24 до 30 јули.  Станува збор за у...
25.
Jun.
Акции
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски,од денеска (25.06) до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“, ...
10.
Jun.
Акции
Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од...
01.
May.
Акции
Сите вистински фанови на култните серијали, филмови, компјутерски игри, стрипови и книги, овој месец ќе може да ги комплетираат своите колекции со омилените ...
19.
Apr.
Акции
20% попуст на вашите омилени LEGO, плус саемски попусти на многу посакувани наслови од 5 издавачки куќи.
02.
Apr.
Акции
Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк“ ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни“, која ќе трае од втори до...
26.
Mar.
Акции
Под слоганот „Влези во легендите“, од 26 март до 1 април ќе биде активна новата акција на „Литература.мк“ со намалување од 20%,&...
01.
Mar.
Акции
Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“ ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“ со попусти ...
06.
Feb.
Акции
Со попусти до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“ годинава по четврти пат ќе се одржат „Денови на литературата“, од 6 до 20 фев...
27.
Jan.
Акции
Обележете во вашите календари: 28 јануари е Меѓународен ден на лего-коцките, а 29 јануари е Меѓународен ден на сложувалките! Во таа чест ви обезбедивме 20% п...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.95 MB