Акции

Литература.мк со понуда за сите новогодишни желби

10.12.2022.
Литература.мк со понуда за сите новогодишни желби
Литература.мк со понуда за сите новогодишни желби

 

Со попусти до 60 отсто, подароци и музички настапи почнува новогодишното прославување во книжарниците „Литература.мк“. Во акцијата „За сите желби...“, која ќе трае од 10 декември 2022 до 8 јануари 2023 година, има специјални празнични понуди на едукативни пакетчиња за деца, намалувања на цените на книги и пакет книги, како и на различни производи од повеќе брендови, кои се идеален новогодишен подарок.

Овие празници изненадете ги вашите најблиски, пријателите и соработниците со некои од најбараните книжевни наслови за секоја возраст и од секој жанр, во издание на „Арс Ламина“.

Каталогот со новогодишната понуда можете да го разгледате на следниот линк.

Попустите на книгите важат во сите книжарници на „Литература.мк“, како и за нарачките онлајн преку https://www.literatura.mk.

Едукативните новогодишни пакетчиња се наменети за деца на возраст до пет години, како и за над пет години. Тие се исполнети со новогодишни книги и сликовници, боенки, изданија со загатки, едукативно-забавни игри, боички, разделници, честитки и многу други производи специјално избрани за соодветната возраст. Пакетчињата се со уникатно новогодишно книжно или платнено пакување.

Ова е период на подарување и споделување на убави моменти, а покрај книгите, во книжарниците на „Литература.мк“ се достапни и украси, декорации и други подароци.

Со купен еден производ од брендот „Cerda“, следува втор производ од истиот бренд на подарок. На новогодишно намалување од 20% се играчките за конструкција на автомобили, авиони и градби од „Engino“ и едукативните играчки од „Matador“, како и дизајнерски производи од „Gingko“ и одредени производи за домот од брендот „Alessi“.

Со 30 отсто попуст се коцките за деца од „Cogo“, како и дизајнерските производи за домот од LEXON, „Fundamental“ и „CV Cristal“.  На намалување до 40 отсто се уникатните производи од „Baci Milano“. 

Сите овие производи се достапни во „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ и во „Ист гејт мол“.

Дополнително, спроти новогодишните празници, под мотото „Литература.мк – за сите желби“, почнуваме серија настани што ќе ви приредат богато празнично искуство исполнето со одлична музика.

Во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ и во „Ист гејт мол“ се одржува музичкиот настан под називот „Late Matinée“, со познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен. Првата џез-средба се одржа в недела (11 декември), во „Кафе Литература“ („Литература.мк суперстор“) во „Скопје сити мол“. Следното матине ќе се одржи на 13 декември (вторник), во 18 часот, во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“. На настаните може да се набави првата книга на Џон Илија Апелгрен, „Забранети луѓе“, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Jul.
Акции
Книгата „Варшава го исцртува Скопје“ е на попуст од 20 отсто за онлајн-нарачките на www.literatura.mk , од 24 до 30 јули.  Станува збор за у...
25.
Jun.
Акции
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски,од денеска (25.06) до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“, ...
10.
Jun.
Акции
Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од...
01.
May.
Акции
Сите вистински фанови на култните серијали, филмови, компјутерски игри, стрипови и книги, овој месец ќе може да ги комплетираат своите колекции со омилените ...
19.
Apr.
Акции
20% попуст на вашите омилени LEGO, плус саемски попусти на многу посакувани наслови од 5 издавачки куќи.
02.
Apr.
Акции
Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк“ ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни“, која ќе трае од втори до...
26.
Mar.
Акции
Под слоганот „Влези во легендите“, од 26 март до 1 април ќе биде активна новата акција на „Литература.мк“ со намалување од 20%,&...
01.
Mar.
Акции
Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“ ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“ со попусти ...
06.
Feb.
Акции
Со попусти до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“ годинава по четврти пат ќе се одржат „Денови на литературата“, од 6 до 20 фев...
27.
Jan.
Акции
Обележете во вашите календари: 28 јануари е Меѓународен ден на лего-коцките, а 29 јануари е Меѓународен ден на сложувалките! Во таа чест ви обезбедивме 20% п...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.92 MB