Акции

Книгата МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки – подарок со секоја сметка во Литература.мк на 1 март

28.02.2023.
Книгата МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки – подарок со секоја сметка во Литература.мк на 1 март
Книгата МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки – подарок со секоја сметка во Литература.мк на 1 март

 

Овој први март потсетуваме на традицијата и ве наградуваме! Во сите книжарници на „Литература.мк“, со секоја сметка следува подарок примерок од специјалното издание „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“.

Традиционално, на први март се изработуваат мартинки. Тоа се украси од засукани конци (од волнено или памучно предиво) во две бои – црвена и бела. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. За значењето и изработката на мартинките повеќе можете да дознаете со „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“ од Василка Димитровска и Александра Симова. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е реализирана во соработка со Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС. Таа беше објавена пред неколку години, по повод вбројувањето на обичајот „Мартинки“ како дел од светското нематеријално културно наследство и неговото впишување во Репрезентативната листа на УНЕСКО. Книгата е публикувана на македонски, албански и на англиски јазик.

Во ова издание за деца, кое го актуализира и го популаризира овој стар обичај, најмладите читатели ќе ја откријат приказната за мартинките, нивното потекло, значењето и употребата, а ќе научат и како сами да направат мартинка. Со интересни информации, како и со практични совети и лесни упатства, оваа книга ќе го разбуди интересот за оваа традиција во јавноста.

Мартинките се дел од културниот идентитет на македонскиот народ, но и дел и од традицијата на неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка што го поврзува овој дел од Европа. Традиционално, на првиот ден од март најстарата жена во семејството на рацете на децата врзува мартинки. Се верува дека таа носи добро здравје и штити од лошо.

* Дарувањето ќе трае до трошење на количеството во книжарниците.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Jul.
Акции
Книгата „Варшава го исцртува Скопје“ е на попуст од 20 отсто за онлајн-нарачките на www.literatura.mk , од 24 до 30 јули.  Станува збор за у...
25.
Jun.
Акции
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски,од денеска (25.06) до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“, ...
10.
Jun.
Акции
Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од...
01.
May.
Акции
Сите вистински фанови на култните серијали, филмови, компјутерски игри, стрипови и книги, овој месец ќе може да ги комплетираат своите колекции со омилените ...
19.
Apr.
Акции
20% попуст на вашите омилени LEGO, плус саемски попусти на многу посакувани наслови од 5 издавачки куќи.
02.
Apr.
Акции
Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк“ ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни“, која ќе трае од втори до...
26.
Mar.
Акции
Под слоганот „Влези во легендите“, од 26 март до 1 април ќе биде активна новата акција на „Литература.мк“ со намалување од 20%,&...
01.
Mar.
Акции
Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“ ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“ со попусти ...
06.
Feb.
Акции
Со попусти до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“ годинава по четврти пат ќе се одржат „Денови на литературата“, од 6 до 20 фев...
27.
Jan.
Акции
Обележете во вашите календари: 28 јануари е Меѓународен ден на лего-коцките, а 29 јануари е Меѓународен ден на сложувалките! Во таа чест ви обезбедивме 20% п...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.93 MB