Акции

Нова акција во Литература.мк за месецот на менталното здравје: Книги за личен развој и самопомош на попуст до 20 отсто

18.05.2023.
Нова акција во Литература.мк за месецот на менталното здравје: Книги за личен развој и самопомош на попуст до 20 отсто
Нова акција во Литература.мк за месецот на менталното здравје: Книги за личен развој и самопомош на попуст до 20 отсто

Мај е месец посветен за подигнување на свеста за менталното здравје. Менталното здравје е составен дел на општото здравје, а претставува важен сегмент во балансот и сигурноста на поединецот, семејството и работниот колектив.

Со цел зголемување на свесноста за психичката состојба, издавачката куќа „Арс Ламина“ оваа година го одбележува месецот на менталното здравје со акција во која ги прави книгите со оваа тематика подостапни до сите читатели. Имено, во акцијата, која ќе се реализира од 18 до 31 мај 2023 година, во сите продажни места на изданија на „Арс Ламина“ книгите за личен развој и самопомош ќе бидат со (препорачан) попуст до 20 отсто.

Во кампањата се вклучени 18 наслови, од релевантни домашни и странски автори.

Станува збор за книгите што поттикнуваат личен развој, креативност и професионален успех: „Без правила“ од Рид Хејстингс и Ерин Маер, „Да се смислува и да се талка“ – Џеф Безос, „Завршете со позитивна нула“ од Бил Перкинс, „Распаметен: петнаесет размислувања за креативноста, умот и бизнисот“ и „Упатство за употреба на креативниот ум“ од Дејв Бирс и „Паун во Земјата на Пингвините“ од Б. Џ. Галагер Хејтли и Ворен Х. Шмит.

Вклучени се и бестселерите за самопомош: „Е баш ме заболе“ и „Сè е за*бано“ од Марк Менсон, „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“ од Мајк Викинг, „Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно, како и мотивациските наслови: „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос, „Не слушате кога ви зборуваат: Што пропуштате да слушнете и зошто е важно тоа“ од Кејт Марфи, „Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан. На листата се и мотивациски книги од домашни автори, како: „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски и „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ.

Изданијата на попуст се достапни во поголемите книжарници и во сите книжарници на „Литература.мк“.

Каталогот со сите изданија нa попуст можете да гo погледнете подолу:

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

27.
Aug.
Акции
Една од најпопуларните и најчитани писателки на современа романса – Колин Хувер, е авторка во фокус од 27 до 31 август во Литература.мк.
20.
Aug.
Акции
Луси Фоли веќе е добро познато име во книжевните кругови, постигнувајќи светски успех со своите крими-трилери „Списокот со гости“, „На лов&...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 65 %, како и подароци за купени...
30.
Jul.
Акции
Од 30 јули до 3 август, насловите од славната американска писателка Тејлор Џенкинс Рид се достапни со 30 % попуст, во сите книжарници на Литература.мк и онла...
27.
Mar.
Акции
По повод Светскиот ден на литературата за деца, кој се одбележува на 2 април, „Литература.мк“ ја најавува специјалната акција „Повеќе магич...
17.
Dec.
Акции
Од 14 декември до 12 јануари, започнува големата акција „Одобрено од Дедо Мраз“ во книжарниците на „Литература.мк“ и на www.literatur...
16.
Aug.
Акции
Во пресрет на новата учебна година, за посреќен и поуспешен почеток на сите ученици, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 ...
24.
Jul.
Акции
Книгата „Варшава го исцртува Скопје“ е на попуст од 20 отсто за онлајн-нарачките на www.literatura.mk , од 24 до 30 јули.  Станува збор за у...
25.
Jun.
Акции
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски,од денеска (25.06) до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“, ...
10.
Jun.
Акции
Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.74 MB