Акции

Автор во фокус: Агата Кристи - кралица на мистериите, чиј живот бил нерешена мистерија

10.09.2025.
Автор во фокус: Агата Кристи - кралица на мистериите, чиј живот бил нерешена мистерија
Автор во фокус: Агата Кристи - кралица на мистериите, чиј живот бил нерешена мистерија

Во очекување на 15 септември, кога светот одбележува 135 години од раѓањето на Агата Кристи, „Литература.мк“ ја посветува акцијата „Автор во фокус“ токму на кралицата на мистериите и на крими-романите. Од 10 до 14 септември, книгите од Агата Кристи во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат достапни со 30 % попуст во сите книжарници на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Станува збор за: автобиографијата на Агата Кристи и колекционерска едиција со 12 најпознати наслови: „Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на Нил“, „Зло под сонцето“, „По погребот“, „Завеса: последниот случај на Поаро“, „Мртво тело во библиотеката“, „Во 16:50 часот од станицата Падингтон“, „И не остана ниту еден“ и „Златната топка и други раскази“.

Агата Мери Клариса Милер е родена на 15 септември 1890 година во Торки, Англија. Презимето Кристи го задржала од својот прв сопруг, полковникот Арчибалд Кристи. Се образовала во домашни услови, а нејзината мајка ја охрабрувала да почне да пишува уште од рана возраст. На 16 години таа била пратена во едно училиште во Париз, каде што учела пеење и свирење пијано. Кристи била одлична пијанистка, но нејзиниот страв од сцената и публиката и срамот ја спречиле да продолжи со музичката кариера. Кога нејзината мајка ја однела во Каиро една зима, таа таму напишала роман. Охрабрена од Еден Филипотс, сосед и пријател во Торки, таа почнала со пишувањето и издала неколку стории. Голема љубов ѝ била археологијата, инспирирана од вториот сопруг, археологот Макс Малован, со кого поминала дел од животот на терени во Блискиот Исток.

Во својата 56-годишна кариера објавила повеќе од 70 детективски романи и збирки раскази, како и 19 сценски дела. Под псевдонимот Мери Вестмакот напишала и 6 љубовни романи, а има и една книга за деца.

Важи за една од најславните британски авторки кои твореле во 20 век, а чијашто популарност може да се пресмета и со продажбата на рекордниот тираж од над две милијарди примероци на нејзините книги. Нејзината слава е постојана и не стивнува дури ни по речиси половина век од нејзината смрт. Постојано се јавуваат нови генерации посветени читатели и обожаватели на нејзиното творештво, а огромен број нејзини наслови биле преточени во филм, драмски изведби, радиоизведби и сл. Огромната популарност на делата на Агата Кристи е забележана и во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван и најпреведуван автор на сите времиња. Кристи важи и за прва жена драматург со три претстави кои истовремено се изведувале во Вест Енд. Нејзиното дело „Стапица за глувци“ е најдолговечната театарска претстава во светот.

Кристи е авторка на некои од најпознатите ликови во светската книжевност – белгискиот детектив Херкул Поаро и госпоѓица Марпл. Нејзините заплети пленат со динамика, острoумност и мистерија, а дејството често се одвива во возови, бродови, англиски села, хотели и археолошки наоѓалишта. Нејзините романи фасцинираат со својата проникливост и мистерија. Но, и нејзиниот живот бил мистерија.

Во 1926 година мистериозно исчезнала цели 11 дена по разделбата со првиот сопруг – настан што останал неразјаснет до денес... Но, потоа се враќа и продолжува со животот. Притоа, никогаш не објаснила што ѝ се случило. Затоа, според многумина – книжевната мистерија од Агата Кристи што најмногу ќе ве обземе е всушност нејзината автобиографија, која е објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либри“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Повеќе од четири децении по нејзината смрт (12 јануари 1976 година), сè уште постои огромен интерес за нејзините дела и се создаваат нови генерации нејзини посветени читатели. Кристи, која ја нарекуваат кралица на мистериите и на крими-романите, се издвојува со нејзиното мајсторство на пишаниот збор и начинот на кој го плени читателот со приказната.

Со купен сет книги од авторката следува и подарок.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 380 МКД
6,15 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

22.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 22 до 26 октомври, книгите за Арсен Лупен од Морис Леблан ќе бидат достапни со 30 % попуст во сите кн...
15.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, читателите имаат можност да ги откријат делата на еден од најпродаваните современи британски автори на и...
08.
Oct.
Акции
Од 8 до 12 октомври делата на Артур Конан Дојл се достапни со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“, која важи во сите книжарници н...
01.
Oct.
Акции
Современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“ и „Подвижна г...
24.
Sep.
Акции
Со еден од најпознатите современи светски писатели, Милан Кундера, ја продолжуваме нашата акција „Автор во фокус“, со која ги доближуваме светски...
17.
Sep.
Акции
Оваа неделата фокусот го насочуваме кон кралот на хоророт, Стивен Кинг, кој на 21 септември ќе го прослави својот 78. роденден. 
03.
Sep.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 3 до 7 септември, книгите од Харлан Кобен – „Бегај“, „Момчето од шумата&ldquo...
27.
Aug.
Акции
Една од најпопуларните и најчитани писателки на современа романса – Колин Хувер, е авторка во фокус од 27 до 31 август во Литература.мк.
20.
Aug.
Акции
Луси Фоли веќе е добро познато име во книжевните кругови, постигнувајќи светски успех со своите крими-трилери „Списокот со гости“, „На лов&...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 65 %, како и подароци за купени...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.6 MB