Акции

Промоции на книги за деца, ден на Хари Потер и попусти до 60 отсто на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата

19.08.2022.
Промоции на книги за деца, ден на Хари Потер и попусти до 60 отсто на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата
Промоции на книги за деца, ден на Хари Потер и попусти до 60 отсто на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на Саемот на книгата

Под слоганот „По книгата денот се познава“, со промоции на книги за деца, денови на Хари Потер и Шерлок Холмс и попусти, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на претстојниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од трети до деветти мај, во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје. На заедничкиот штанд со книжарниците „Литература.мк“ ќе има специјални саемски попусти до 60 отсто и многу изненадувања. Со купени пет книги се добива дополнителен попуст од десет отсто на каса.

На Саемот, чиешто свечено отворање е на трети мај (вторник) во 18 часот, „Арс Ламина – публикации“ со своите импринти („Арс Ламина“, „Арс Либрис“, „Либи“, „Попули“ и „Скрипти“) ќе понуди многу нови наслови, интернационални бестселери, интерактивни изданија и сликовници за најмладите, актуелни серијали за деца и млади. На програмата, покрај промоциите, се и средби со авторите и потпишување книги, работилници и едукативни содржини за младите посетители.

Во среда (четврти мај) во 12 часот ќе се одржи работилница за деца инспирирана од
книгата за деца посветена на Скопје и на неговата историја, поточно периодот под османлиска власт, „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ. Книгата неодамна доби и англиска верзија.

Во 18 часот, на главната бина на саемот, ќе се одржи промоција на сликовницата и прирачникот за справување со меѓуврсничко насилство – „Која игра ја играш?“ од авторскиот тандем внука и баба: Олга Ѓоргиева и Олга Мурџева-Шкариќ. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Ана Фрицханд (Институт за психологија на Филозофскиот факултет на УКИМ), д-р Весна Дамчевска-Илиевска (професорка по мир и развој на УКИМ, советник во Центарот за образование на возрасни, Скопје) и Даниел Смилков (студент при Институтот за психологија, претставник на Здружението на студентите по психологија – ПСИХЕСКО). Модераторка на промоцијата ќе биде уредничката Бисера Бендевска. Еден час подоцна, закажана е средба со авторката Соња Китановска-Кимовска, која ќе ја потпишува книгaта – водич за сите сегашни и идни родители – „Разбуди го родителот во себе“.

Програмата во четврток (петти мај), почнува во 12 часот, со работилница за деца инспирирана од новите боенки на кои се црта со отпечатоци од прсти – Fingerprint Art. Во 18 часот на штандот на „Арс Ламина“ ќе биде промовирана новата сликовница „Игра со придавки“ на авторката Оливија Георгиевска, со илустрации од Јована Велинова-Трајанова. Промоторка на книгата, која е дел од трилогијата, во која досега има објавено сликовници посветени на именките и на глаголите, ќе биде Александра Симова.

Во чест на Денот на македонската азбука и на македонскиот јазик (петти мај), издавачката куќа „Арс Ламина“ во 19 часот на главната саемска бина ја организира трибината „Македонски книжевни класици – подарок за поколенијата!“ На настанот во фокусот ќе биде едицијата „Македонски книжевни класици“ во рамките на која „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, реобјави дел од творештвото на книжевните великани Блаже Конески, Оливера Николова, Петре М. Андреевски, Живко Чинго, Димитар Солев, Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ… На настанот ќе учествуваат: Александар Прокопиев, Лидија Капушевска-Дракулевска, Елизабета Баковска и Ведран Диздаревиќ, а модераторки ќе бидат уредничките Оливера Ќорвезироска и Бисера Бендевска.

Следниот ден (петок, шести мај), од 12 часот ќе се одржи т.н. Детективски ден за деца, инспириран од едицијата „Шерлок Холмс за деца“ (во која има десет книги од авторот сер Артур Конан Дојл, адаптирани за најмладите читатели), серијалот за Енола Холмс (сестрата на Шерлок) од авторката Ненси Спрингер, како и детективските романи за Агата Одли од Лина Џонс.

Во 18 часот ќе се одржи потпишување на сликовницата „Ши, ѕифри, копчи“ од авторот Владимир Лукаш и илустраторката Наталија Лукомска. На средбата со младите читатели тие преку цртежи ќе го претстават светот на главниот протагонист во стихозбирката – мечокот Гриз Ли. Во 19 часот е закажана промоцијата на новата сликовница „Рекичето што сакаше да порасне“ на познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов. Промоторка на книгата за деца, која е со текст на Ана Торма, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.

Следниот ден (сабота, седми мај) во 12 часот ќе се одржи работилница за деца инспирирана од популарниот серијал за уникатната вампир-самовила Исидора Мун, од авторката Хариет Мункастер. Во 14 часот е закажан настанот „На кафе со авторите“ на кој читателите ќе можат да остварат средба со Магде Ангова („Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“), Алма Растодер („Музеј на детството“), Владо Димовски („Втората месечина“), Сашо Кузмановски („Афера во музејот на пари“), Петар Стојановски („Храмот на натписите“), Марија Ралповска („Сенки во подземјето“) и Мери Арсова („Опасна игра“).

Првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик, „Мултиверзум за почетници“ од Златко Василкоски, ќе биде промовирана истиот ден, во 18 часот на штандот на „Арс Ламина“. Промотор ќе биде уредникот Филип Видиновски.

Еден час подоцна (во 19 часот) ќе се одржи промоцијата на новата несекојдневна книга за деца „Шила“ од авторката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева. Оваа сликовница е книжевно-ликовен свет, напишан, нацртан и сошиен како поддршка за истрајноста, стрпливоста и самодовербата кај децата. Истовремено го реактуализира чудесниот подзаборавен свет на рачната работа. Промоторка на книгата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.

Претпоследниот ден (осми мај, недела) во 12 часот ќе се одржи интерактивна дружба инспирирана од светот на Хари Потер. Настанот што ќе биде со натпреварувачки карактер, ќе го модерира Сашко Потер Мицевски (голем фан на Хари Потер, филмаџија-учесник во монтажата на звук на филмот „Фантастични ѕверки“). За учесниците и најуспешните ќе следуваат многубројни изненадувања. Инаку, денот на Хари Потер е во организација на „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, и книжарниците „Литература.мк“, кои се застапници на лиценцирана гифт-програма инспирирана од светот на младиот волшебник. Со овој настан се приклучивме на светските случувања со кои се одбележуваат 25 години од објавувањето на првата книга од серијалот „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг и 20 години од првиот филм.

Во периодот од 14 до 16 часот ќе се одржи настанот „На кафе со авторите“, на кој авторите на книги за возрасни ќе потпишуваат примероци од своите книги. Меѓу нив се: Јана Мишо ( „Лулу“), Ивана Трајаноска („Деса“), Иво Митев-Жиле („Клучот на животот“), Александар Русјаков („Хотел меѓу две војни“), Мoџо Килингтон („Уништување“), Мартин Јовановски („Зошто јас?“) и Љупчо Петрески („Лазарка“). Програмата ќе заврши со промоцијата на книгата „Децата и разводот: психологија на разводот од перспектива на децата“ од проф. д-р Драгана Батиќ, закажана за во 18 часот на главната бина. Промоторка на книгата ќе биде психологот и психотерапевт проф. д-р Димитринка Јорданова Пешевска.

Штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ на годинашното 34. издание на Саемот на книгата, ќе биде отворен за посетители од трети до деветти мај, од 10 до 20 часот.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

25.
Jun.
Акции
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски,од денеска (25.06) до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“, ...
10.
Jun.
Акции
Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од...
01.
May.
Акции
Сите вистински фанови на култните серијали, филмови, компјутерски игри, стрипови и книги, овој месец ќе може да ги комплетираат своите колекции со омилените ...
19.
Apr.
Акции
20% попуст на вашите омилени LEGO, плус саемски попусти на многу посакувани наслови од 5 издавачки куќи.
02.
Apr.
Акции
Во чест на Светскиот ден на книгите за деца, „Литература.мк“ ја почнува кампањата „Повеќе магични приказни“, која ќе трае од втори до...
26.
Mar.
Акции
Под слоганот „Влези во легендите“, од 26 март до 1 април ќе биде активна новата акција на „Литература.мк“ со намалување од 20%,&...
01.
Mar.
Акции
Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“ ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“ со попусти ...
06.
Feb.
Акции
Со попусти до 60% во сите книжарници на „Литература.мк“ годинава по четврти пат ќе се одржат „Денови на литературата“, од 6 до 20 фев...
27.
Jan.
Акции
Обележете во вашите календари: 28 јануари е Меѓународен ден на лего-коцките, а 29 јануари е Меѓународен ден на сложувалките! Во таа чест ви обезбедивме 20% п...
15.
Dec.
Акции
Со попусти до 50 отсто почнува новогодишното прославување во книжарниците на „Литература.мк“. Во акцијата „Повеќе од подарок“, која ќ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.94 MB