Акции

„Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда – совршен подарок за сите драги жени

19.08.2022.
„Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда – совршен подарок за сите драги жени
„Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда – совршен подарок за сите драги жени

По повод Меѓународен ден на жената – 8 Март, денеска, со секој купен примерок од стихозбирката „Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда во книжарниците „Литература.мк“ ќе следува слатко изненадување. Секоја жена заслужува внимание спакувано во стихови. А песните од ова дело се инспирирани од жената на Неруда, Матилда Урутија. Овие стихови се дефиниција за љубовта што ја негувал кон неа. Но, љубовта на која овие сонети ѝ оддаваат чест не е само саканото тело на поетот туку и пристапен пат што ѝ овозможува на индивидуалната свест да се препознае во битието на светот.

„…со многу понизност ги создадов овие сонети од дрво и им го дадов оној звук на непроѕирна и чиста супстанција“, пишува Неруда. Голотијата што ја избира авторот намерно ги одбегнува звучните и конструктивните рамки на класичниот сонет. Преку ова своеволно скршнување, зборот пулсира и се ослободува од сликите.

Неруда се смета за еден од најголемите и највлијателни поети на 20 век. Тој е добитник на Нобеловата награда за литература и лауреат на „Струшките вечери на поезијата“. Неговите дела се преведени на многу јазици, меѓу кои и на македонски, а новата објава на „Сто љубовни сонети“ е можност новите генерации да се запознаат со неговиот раскошен талент и значајно творештво. Уредничка на книгата е Бисера Бендевска, а новиот препев на македонски јазик го направи Атина Цветаноска.

Ова издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ е прв интегрален препев на македонски јазик на „Сто љубовни сонети“ .

Книгата е достапна и за онлајн нарачка на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14845

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

15.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, читателите имаат можност да ги откријат делата на еден од најпродаваните современи британски автори на и...
08.
Oct.
Акции
Од 8 до 12 октомври делата на Артур Конан Дојл се достапни со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“, која важи во сите книжарници н...
01.
Oct.
Акции
Современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“ и „Подвижна г...
24.
Sep.
Акции
Со еден од најпознатите современи светски писатели, Милан Кундера, ја продолжуваме нашата акција „Автор во фокус“, со која ги доближуваме светски...
17.
Sep.
Акции
Оваа неделата фокусот го насочуваме кон кралот на хоророт, Стивен Кинг, кој на 21 септември ќе го прослави својот 78. роденден. 
10.
Sep.
Акции
Во очекување на 15 септември, кога светот одбележува 135 години од раѓањето на Агата Кристи, „Литература.мк“ ја посветува акцијата „Автор в...
03.
Sep.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 3 до 7 септември, книгите од Харлан Кобен – „Бегај“, „Момчето од шумата&ldquo...
27.
Aug.
Акции
Една од најпопуларните и најчитани писателки на современа романса – Колин Хувер, е авторка во фокус од 27 до 31 август во Литература.мк.
20.
Aug.
Акции
Луси Фоли веќе е добро познато име во книжевните кругови, постигнувајќи светски успех со своите крими-трилери „Списокот со гости“, „На лов&...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 65 %, како и подароци за купени...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.12 MB