Топ листа

Најпродавани топ 10 изданија за деца и млади во 2022 година

30.12.2022.
Најпродавани топ 10 изданија за деца и млади во 2022 година
Најпродавани топ 10 изданија за деца и млади во 2022 година

Популарните интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“ се најбараните изданијата за деца и млади од „Арс Ламина“ во 2022 година. На втората позиција на топ 10 листата се најде првата книга од серијалот за Хари Потер од Џ. К. Роулинг – „Хари Потер и Каменот на мудроста“. Следуваат двете нови книги од серијалот за малата самовила-вампир од авторката Хариет Мункастер: „Исидора Мун ја запознава забовилата“ и „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“. Потоа „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова и новата несекојдневна сликовница „Шила“ од авторката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева. Сликовницата „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова, во која преку стихови и илустрации најмладите ги учат буквите, е на шестата позиција. Веднаш зад неа се четирите сликовници од едицијата „Нови бајки од Македонија“ од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Следува лектирата од едицијата „Лесно читливо“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен. На деветтата позиција е „Размислувај како гениј“ од Карло Карцан и Соња Скалко, а на десетто место се „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ 1 и 2. Во продолжение проследете ги содржините на најпродаваните топ 10 книги за деца објавени под „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

1. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

Хит-изданијата од полиците на „Литература.мк“: интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се најбараните изданијата за деца во издание на „Арс Ламина – публикации“ во 2022 година. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

2. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг

Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од „Хогвортс“, училиштето за вештерство и волшебништво, и му вели на Хари дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.

Книгите од серијалот „Хари Потер“ се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн на: https://bit.ly/3mJoQVw

3. „Исидора Мун ја запознава Забовилата“ и Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“

Новата книга од Во „Исидора Мун ја запознава Забовилата“ на Исидора ѝ се ниша запче! Вампирите ги врамуваат своите први вампирски запчиња, но самовилите ги оставаат под перница за забовилата. Исидора не може да одлучи што ќе прави со своето запче, до моментот кога една вечер запознава волшебна глувчица по име Миличка. Со помош на Миличка, Исидора ќе создаде нова традиција. Традиција што ќе биде целосно уникатна, исто како неа!

Во „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“ една ноќ Исидора здогледува ѕвезда паѓалка што паѓа од небото и запознава нова светлечка другарка. Таа се вика Нова и не требало да падне на Земјата. Притоа, го загубила своето месечево мачорче Плутон! Тргнуваат во потрага што се претвора во незаборавна авантура. Откријте дали Исидора ќе ѝ помогне на Нова да го најде загубеното мачорче пред да се врати дома?

Исидора Мун е посебна, бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, таа е по малку од двете, но целосно уникатна. Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилјата, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото Зајаче.

Сите книги за Исидора Мун можат да се најдат во сите поголеми книжарници или да се нарачаат онлајн на https://www.literatura.mk на следниот линк.

https://literatura.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=191&displayName=

4. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14832

5. „Шила“ од Јана Мишо и Калиопи Трпчева

„Шила“ е топла сликовница за патот до среќата на едно срамежливо девојче, „сошиена“ од лирската приказна на Јана Мишо и колоритните илустрации на Калиопи Трпчева. Играта со ткаенините, со машината за шиење, со копчињата и со конците е впечатлив, личен начин за изразување, но и за справување со емоциите кај децата, различни и поинакви во однос на другите околу нив. Волшебниот свет на Шила преку шиењето на сите попатни емоции низ растењето, нè води до зрелост и целосна исполнетост. Правејќи кукли, Шила го крои и го шие светот по мерка на среќата кон која се стремиме сите. Кругот на животот се свртува со безименото девојче на кое веќе возрасната Шила му помага побрзо и полесно да стане тоа што сака.

„Шила“ е книжевно-ликовен свет, напишан, нацртан и сошиен како поддршка за истрајноста, стрпливоста и самодовербата кај децата. Истовремено го реактуализира чудесниот подзаборавен свет на рачната работа.

Книгaта е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14907

6. „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова

Книгата „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова, со илустрации од Ивана Јовановска, ќе ве внесе во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилицата. Во оваа интересна книга за деца, на забавен и на шаренолик начин преку римувани строфи ќе дознаете повеќе за другарството, за заемните игри, понекогаш и за работните задачи на момчиња и девојчиња чиишто имиња почнуваат со иста буква.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13532

7. „Нови бајки од Македонија“

Четирите бајки „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“ се дел од новата едиција „Нови бајки од Македонија“, кои оваа година излегоа од печат во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.

Бајките што се дел од оваа едиција се напишани од современи млади автори кои имаа можност да ги пријават своите дела на отворениот конкурс што го распишаа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Веднаш по изборот на бајките беше распишан и отворен повик за дизајнери-илустратори кои ги работеа визуелните прикази на бајките, давајќи им целосно свеж и оригинален печат.

Бајката „Перуника“ ја напиша авторот Сибо, а илустрацијата ја изработи Јована Велинова-Трајанова. Елизабета Баковска е автор на бајката „Бакнежот на пролетта“, а илустрацијата е на Катерина Соколова. Бајката за „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова, а илустрацијата е на Орце Нинески и „Осаменото дрво“ е од авторката Нина Максимова, а илустрацијата ја изработи Иван Коминовски.

Книгите се достапни во сите поголеми книжарници низ државата и онлајн на: https://bit.ly/3tA8jHu

8. „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен

„Грдото пајче“ е една од најпопуларните и најубавите бајки од данскиот баснописец Ханс Кристијан Андерсен, која со генерации им се раскажува на децата ширум светот. Ова е трогателна приказна за пајчето кое е отфрлено од другите пајчиња и птици затоа што е грдо, па заминува во светот за да најде некој што ќе го сака…

Својата најпознатата бајка Андерсен ја создал во 1843 година. Оттогаш важи за една од најзначајните приказни за деца, со силна порака и поттик за младите читатели. Оваа бајка претставува еден вид на биографска бајка, затоа што и самиот имал многу тежок живот. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“ и е направена по стандардите за дислексија. Таа е дел од лектирите за основно образование.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13531

9. „Размислувај како гениј“ од Карло Карцан и Соња Скалко

Популарниот интерактивен книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во него се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра.

„Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развиваат имагинацијата и креативноста. На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња. Со „Размислувај како Алберт Ајнштајн“ ќе откриете како да го вежбате умот за истражување, логика, научен метод, страст и мотивација, следејќи ги трагите на најголемиот научник на сите времиња.

Изданијата се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн на:

https://bit.ly/2Ykcmex

10. „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ 1 и 2

Книжињата со најсмешни вицови за деца „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ ќе предизвикаат искрена смеа (до солзи) и одлично расположение кај младите читатели. Добриот виц има моќ да ги смири подивените, занесените да ги натера да слушаат, а влечковците да побрзаат за да не испуштат здраво смеење. Вицовите можете да ги употребувате за да ги извлечете наутро спанковците да не задоцнат на училиште или за да промените несакана тема, да подобрите нечие расположение, па и да го заокружите денот насмеани. Такви се двете продолженија на „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“

Книгите „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ се достапни во сите поголеми книжарници или онлајн на https://www.literatura.mk.

Втор дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14849

Прв дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13480

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.45 MB