Акции

Автор во фокус: Саманта Даунинг - кралицата на мрачните трилери што ве држат будни

06.08.2025.
Автор во фокус: Саманта Даунинг - кралицата на мрачните трилери што ве држат будни
Автор во фокус: Саманта Даунинг - кралицата на мрачните трилери што ве држат будни

Акцијата „Автор во фокус“ продолжува со една од најпознатите американски авторки на трилери – Саманта Даунинг. Во периодот од 6 до 10 август, нејзините интернационални бестселери „Мојата прекрасна сопруга“, „Тој почна сѐ“ и „За ваше добро“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни со 30 % попуст во сите книжарници на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.  Со купен сет книги од Саманта Даунинг, добивате и подарок ваучер за кафе во Café Literatura!

Саманта Даунинг е авторка на трилери со меѓународен успех, чии книги се најдоа на листите на USA Today и The Sunday Times. Родена е во Калифорнија, а има живеено и во Њу Орлеанс. Денес живее и работи во областа на заливот Сан Франциско.

Пишувањето ѝ било хоби сè додека еден пријател не го пратил нејзиниот ракопис за „Мојата прекрасна сопруга“ до уредник во издавачка куќа. По објавувањето во 2019 година, романот веднаш станал хит – номиниран е за наградите Edgar, ITW и Macavity во САД, за CWA наградата во Велика Британија, и ја освои престижната француска награда Prix des Lectrices. Уште една потврда за нејзиниот успех е тоа што Amazon Studios и продукциската куќа на Никол Кидман – Blossom Films ги откупија филмските права за „Мојата прекрасна сопруга“. Критиките за романот беа одлични:

„‘Декстер’ се среќава со ‘Г. и г-ѓа Смит’ во овој диво компулсивен дебитантски трилер за двојка чиј петнаесетгодишен брак конечно станал премногу интересен...“

„Мрачно и неодоливо дебитантско дело.“ – People Magazine

„Трилерот со кој сме највозбудени да останеме будни цела ноќ.“ – Entertainment Weekly

По дебито, Даунинг продолжи со уште три успешни трилери:

„Тој почна сѐ“ (2020) – мрачен и духовит трилер за семејни тајни што излегоа од контрола.

„За ваше добро“ (2021) – сместен во елитно училиште, каде што добрите намери се претвораат во злосторства.

„Извртена љубовна приказна“ (2023) – според The Nerd Daily, ова е: „Смел и забавен трилер за млад пар што им дава сосема ново значење на опасностите од модерното запознавање.“

Дополнително, нејзината кратка новела „Sleeping Dogs Lie“ (2021) е достапна во аудиоверзија. Љубителите на Саманта Даунинг со нетрпение го очекуваат нејзиниот најнов трилер: „Престара за ова“, кој ќе биде објавен на 12 август 2025 година во САД.

 Искористете ја можноста да се запознаете со светот на Саманта Даунинг – каде ништо не е онака како што изгледа, а секоја страница носи ново изненадување.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 430 МКД
6,96 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

20.
Jan.
Акции
Литература.мк подготви специјална онлајн понуда со мотивациски наслови што инспирираат, охрабруваат и помагаат во личниот развој.
13.
Aug.
Акции
Од 13 до 17 август, „Автор во фокус“ е токму Габриел Гарсија Маркес, чии книги: „Се гледаме во август“, „Љубов во време на коле...
22.
Jul.
Акции
Акцијата „Автор во фокус“ ја продолжуваме со Лијан Моријарти – позната по нејзините трилери и романси, кои се адаптирани во популарни ТВ-се...
16.
Jul.
Акции
Орхан Памук - автор во фокусот на „Литература.мк“, чии романи ќе бидат достапни со попуст од 30 % во сите книжарници на „Литература.мк&ldqu...
15.
Jul.
Акции
Од 15 до 31 јули уживајте во специјалната онлајн акција на www.literatura.mk – до 30% попуст на внимателно одбрани изданија од издавачката куќа „...
20.
Jun.
Акции
Под мотото „Читај каде и да си!“, „Литература.мк“ ја започнува летната продажна акција со попусти до 50% на внимателно селектирани из...
02.
Jun.
Акции
Од 1 јуни, Литература.мк ја започна својата голема акција на лектири и читанки во издание на „Арс Ламина“.
21.
May.
Акции
Од 21 до 31 мај, Литература.мк ти нуди посебна онлајн акција со до 50% попуст на избрани производи кои се совршени за твојот „момент за себе“.
22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.12 MB