За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ традиционално ја организира продажната акција „Време е за училиште“, која ќе трае од 15 август до 13 септември 2026 година.
Во рамките на акцијата, со купување комплети вежбанки во издание на „Арс Ламина“ за ученици од прво до деветто одделение, следува подарок. Исто така, со секоја поединечно купена вежбанка или збирка од „Арс Ламина“ следува и подарок – едукативен постер. Со 30 % попуст се тефтерите, нотесите и тетратките од „Скрипти“.

Акцијата важи во сите книжарници на „Литература.мк“ – во „Скопје сити мол“, во „Ист гејт мол“, во „Дајмонд мол“, на ул. „Македонија“, во ТЦ „Буњаковец“ и во Струмица, како и онлајн на www.literatura.mk.
Со комплет вежбанки за едно одделение следува соодветен подарок, и тоа: за прво, за второ и за трето одделение подарокот е сет од 25 гуми за бришење „Stitch“; за четврто и петто одделение се добива „Harry Potter“ сет за пишување, додека за шесто, седмо и деветто одделение подарок е „Harry Potter“ нотес.
Комплетот за прво одделение содржи: „Македонски јазик 1“, „Математика 1“, „Општество 1“, „Природни науки 1“, „Пишувам кирилица“ и „Вежбанка за почетно пишување: графомоторички вежби“.
Сетот за второ одделение ги содржи: „Македонски јазик 2“, „Пишувам кирилица“, „Математика 2“, „Општество 2“ и „Природни науки 2“.
Во понудата за трето одделение се вежбанките: „Македонски јазик 3“, „Математика 3“, „Општество 3“, „Природни науки 3“, „Англиски јазик 3, Kids Box“, „Пишувам латиница“ и „Мојата вежбанка за именки“.

За четврто одделение застапени се: „Музичко образование 4“, „Македонски јазик 4“, „Математика 4“, „English 4, Practice Book“, „Англиски јазик 4, Super Minds“, „Природни науки 4“ и „Историја и општество 4“.
Во комплетот за петто одделение се: „Музичко образование 5“, „Македонски јазик 5“, „Математика 5“, „Природни науки 5“, „English 5, Practice Book“ и „Англиски јазик 5, Super Minds“.

За шесто одделение, комплетот ги содржи: „English 6, Practice Book“, „Македонски јазик 6“, „Музичка работилница 6“ и „Математика 6, збирка задачи“.
Сетот за седмо одделение ги содржи: „Математика 7, збирка“, „English 7, Practice Book“, „Македонски јазик 7“, „Музичка работилница 7“ и „Биологија 7, вежбанка“.
Во пакетот за деветто одделение се: „Математика 9, збирка“, „English 9, Practice Book“, „Македонски јазик 9“, „Музичка работилница 9“, „Биологија 9, збирка“ и „Физика 9, збирка“.

Во „Литература.мк“ ве очекува сѐ што ви е потребно за подготовка на новата учебна година – од училиштен прибор и тетратки до вежбанки, збирки задачи, ранци, едукативни помагала и материјали за креативна работа. Дел од понудата се и лиценцираните производи од: K-pop, Minecraft, Brainrot, Stumble guys, Hello Kitty, Kuromi, Lilo & Stitich, FC Real Madrid, FC Barcelona и многу други.
Застапен е богат избор на производи за училиште: ранци, вежбанки, работни тетратки, тетратки, училиштен прибор, едукативни и дидактички помагала, тетратки за почетно пишување, материјали за ликовно, блокови, моливи, боички, фломастери, креативни материјали, забавно-едукативни изданија, книги со активности и многу друго.