Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција ‒ Black Friday.
Акцијата ќе важи во сите книжарници на „Литература.мк“ – на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“ и во Струмица, како и онлајн преку www.literatura.mk.
Покрај големите намалувања, посетителите ќе можат да избираат и од лимитираната понуда на производи по специјални цени од 99, 199, 299 и 399 денари.
Посебна поволност ги очекува и љубителите на ЛЕГО – сите производи од овој бренд ќе бидат достапни со попусти од 20 % до 50 %.
Во рамките на акцијата ќе бидат опфатени голем број книжевни наслови, меѓу кои: бестселери, мотивациски книги, класици, биографии, како и книги за деца и за млади од издавачката куќа „Арс Ламина“, со попусти до 70 %.
Покрај книгите, попусти до 90 % ќе има на дел од богатата гифт-програма на „Литература.мк“, која опфаќа: играчки, лајфстајл-производи, украси за домот и за канцеларијата, подароци, колекционерски производи, ранци и многу други уникатни артикли.
Станува збор за внимателно избрана понуда на повеќе од 40 реномирани интернационални брендови, меѓу кои: Blue Bird (90 %), Matador (90 %), Cogo (90 %), Cerda (до 70 % на дел од производите), Alessi (до 60 % на дел од производите), Italeri (до 60 % на дел од производите), Bertus Vinyl (до 55 % на сите производи), Manopoulos (до 50 % на дел од производите), Funko (до 50 % на дел од производите), 4M (до 50 % на дел од производите), Clementoni (до 50 % на дел од производите), Learning Resources (до 50 % на дел од производите), Plus-Plus (до 50 % на сите производи), GIM (до 50 % на дел од производите), Siku (до 50 % на дел од производите), Loungefly (50 % на сите производи), Locomotion (до 50 % на сите производи), Candle Hand (50 % на сите производи), D1 Milano (до 50 % на сите производи), Egan (до 40 % на дел од производите), Lexon (до 40 % на сите производи), Ginko (до 40 % на сите производи), Image D'Orient (40 % на сите производи), Polo (до 40 % на дел од производите), Sony Vinyl (до 30 % на дел од производите), Ravell (до 30 % на дел од производите), Hanipol (до 30 % на сите производи), Bontempi (30 % на дел од производите), Doidesign (30 % на сите производи), Quarchetti (30 % на сите производи), Herschel (30 % на дел од производите), Eurographics (до 30 % на дел од производите), Noble Collection (до 30 % на дел од производите), Safta (30 % на дел од производите), Werner Voss (20 % на дел од производите) и Izzy Pizzy (15 % на дел од производите).
Со големата акција Black Friday, „Литература.мк“ им нуди можност на посетителите по исклучително поволни цени да ги збогатат домашните библиотеки со нови книги, да го освежат домот со уникатни производи и навреме да ги изберат подароците за претстојните новогодишни празници.
Повеќе информации и целосната понуда на производи на попуст од утре ќе бидат достапни на www.literatura.mk/proizvodi/popusti.