По популарните „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“, деновиве од печат излегоа две нови изданија од серијалот „Пиши-бриши“, кои се посветени на животните од Европа и од Јужна Америка. Станува збор за „Животните од Европа“ и „Животните од Јужна Америка“ – интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Изданијата се со текст (микроприказни со поучна поента за децата) на Оливера Ќорвезироска, а за дизајнот и графичкото уредување се погрижи „Pointer Creative agency“.
Во „Животните од Европа“ дечињата, цртајќи, треба да му „помогнат“ на штркот да се спакува за уште едно патување, на бувот да ги најде очилата за ден, на лисицата да ги дошие нарачките... Потоа ќе поуживаат во читањето на волкот, заедно со другите животни.
Пиши-бриши вежбанката „Животните од Јужна Америка“ ги открива ретките животни типични за тој дел од светот. Во неа децата ќе цртаат, доцртуваат и ќе читаат со мама лама – која ги подучува своите деца, со јагуарот, кој сака да биде сликар, папагалот ара, кој треба да си ги среди пердувите-облеки...
Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава. Наменети се за деца од најмала возраст, од претшколска и раношколска возраст.
Претходните два дела од овој серијал: „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“, се едни од најпродаваните изданија за деца во „Литература.мк“ изминатите две години. Тие внесуваат свежина и новитет во интерактивните едукативни изданија за најмладите кај нас. И се многу популарни меѓу децата.
Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: