За малите читатели

Нов волшебен серијал Мирабела, со палавата братучетка на Исидора Мун

23.02.2023.
Нов волшебен серијал Мирабела, со палавата братучетка на Исидора Мун

Од авторката на популарниот серијал „Исидора Мун“, Хариет Мункастер, од печат излегоа две нови книги, за Мирабела Ѕвездомагиевска. Станува збор за книгите „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Семејството на Мирабела е посебно, а сите љубители на Исидора Мун веројатно веќе ја познаваат, затоа што Мирабела е братучетка на Исидора Мун! Исидора и Мирабела имаа авантури и претходно, но овде првпат таа ќе биде главен лик во новите приказни.

Мирабела е половина вештерка, половина самовила, целосно палава. Мирабела живее со мајка ѝ, која е вештерка, татко ѝ, кој е виленик, и брат ѝ Вилбур. Нејзино милениче е малото виолетово змејче – Виолета. Обожава да прави вештерски магии под месечевата светлина, исто колку што ги обожава и природата и самовилската магија.

Во „Мирабела прави палавости“ на Мирабела ѝ е забрането да ги понесе своето вештерско волшебно стапче и котелот на традиционалниот самовилски собир... но таа не прави секогаш како што ѝ е кажано... всушност, Мирабела баш ужива да прави палавости каде и да оди. Освен тоа, што би можело да тргне наопаку ако направи малкуцка вештерска магија?!

Во „Мирабела ги крши правилата“ ветува дека нема да прави никакви бели во своето училиште за вештерки. Но, часот по правење волшебни напивки тргнува малку наопаку, а часот по летање се претвора во катастрофа. Набрзо, Мирабела запаѓа во голема неволја. Сепак, со помош на другарка ѝ Карлота, можеби ќе успее да ги поправи работите пред да си заминат дома.

Книгите за Мирабела веќе можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн преку www.literatura.mk.

„Мирабела прави палавости“ https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15026

„Мирабела ги крши правилата“ https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=15025

Инаку, серијалот „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Досега се објавени 14 книги на македонски јазик. Станува збор за „Исидора Мун слави роденден“, „Исидора Мун оди на училиште“, „Исидора Мун оди на балет“, „Исидора Мун оди на кампување“, „Исидора Мун прави зимска магија“, „Исидора Мун запаѓа во неволја“, „Исидора Мун оди на панаѓур“, „Исидора Мун оди на екскурзија“, „Исидора Мун настапува на шоу“, „Исидора Мун оди на одмор“, „Исидора Мун оди на преспивање“, „Исидора Мун оди на свадба“, „Исидора Мун ја запознава Забовилата“ и „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“.

Сите книги за Исидора Мун можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на https://www.literatura.mk на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=191&displayName=

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.49 MB