Акции

Автор во фокус: Колин Хувер - гласот на модерната романса

27.08.2025.
Автор во фокус: Колин Хувер - гласот на модерната романса
Автор во фокус: Колин Хувер - гласот на модерната романса

Една од најпопуларните и најчитани писателки на современа романса – Колин Хувер, е авторка во фокус од 27 до 31 август во Литература.мк. Во овој период, сите нејзини романи во издание на „Арс Ламина“ ќе бидат достапни со 30 % попуст во сите книжарници на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk. Станува збор за романите „Лејла“, „Исповеди“, „Без Мерит“, „Безнадежно“, „Изгубена надеж“, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“. Книгите на македонски јазик се објавени од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во рамките на акцијата, со купен сет книги од авторката следува и подарок – ваучер за кафе во Café Literatura.

Американската авторка Маргарет Колин Хувер е родена на 11 декември 1979 година, во Салфур Спрингс, Тексас. Дипломирала социјална работа на Texas A&M University–Commerce, а пред да почне како писателка, работела како социјален работник и наставничка, посветена на помагање и воспитување на младите.

Во ноември 2011 година, Колин Хувер почнала да ја пишува својата прва книга Slammed без намера да ја објави. Единствената причина за објавување била нејзината мајка да може да ја прочита на Kindle. За Slammed ја инспирирала песната „Head Full of Doubt/Road Full of Promise“ од The Avett Brothers, а стихови од бендот се вметнати низ романот.

По само неколку месеци, книгата го привлече вниманието на читателите и критичарите, достигнувајќи го осмото место на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. Следуваа Point of Retreat и This Girl, создавајќи успешна серија што ја утврди Хувер како авторка со голема популарност.

Хувер досега има објавено над 20 романи и новели, со продадени над 20 милиони примероци низ светот. Нејзиниот роман „Безнадежно“ е првиот самостојно издаден роман што достигнал прва позиција на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“, оставајќи силен печат во книжевниот свет.

Иновативниот роман Maybe Someday (2014) го комбинира читањето со музика – книгата содржи QR-кодови и линкови за музика создадена специјално за приказната, што создава уникатно интерактивно искуство за читателите.

Во 2021 година, Колин Хувер стана глобален феномен благодарејќи на TikTok и BookTok заедницата, а во 2022 година освои шест од првите десет места на листата на најпродавани книги од областа на белетристиката на „Њујорк тајмс“, што ја направи една од најуспешните авторки на современата литература. Во 2023 година, магазинот „Тајм ја вброи меѓу 100-те највлијателни личности во светот, признавајќи ја нејзината способност да влијае врз читателската публика глобално.

Авторката е добитничка на повеќе значајни книжевни награди, меѓу кои UtopYA Con Award за иновативен маркетинг (2014) и Goodreads Choice Award за најдобра романса („Исповеди“ во 2015  и „Ова завршува со нас“ во 2016).

Некои од нејзините најпознати книги – Исповеди, Ова завршува со нас, Без каење, Потсетници за него и Вистина – се инспирација за филмски и телевизиски адаптации, што ја покажува нивната универзална привлечност и емотивна длабочина. Особено значајна е книгата Ова завршува со нас, која авторката ја опишала како „најтешката книга што ја напишала“, инспирирана од нејзино лично искуство со семејно насилство.

Филмската адаптација на оваа книга од 2024 година, со Џастин Балдони како режисер и Блејк Лајвли во главната улога, заработи повеќе од 250 милиони долари и беше прикажана на престижниот Кански филмски фестивал, каде што доби позитивни критики за актерската игра и емотивната сила на приказната.

Филмската адаптација на оваа книга од 2024 година со Џастин Балдони како режисер и Блејк Лајвли во главната улога, заработи повеќе од 250 милиони долари. Филмот го следеа низа скандали и обвинувања меѓу главната актерка и режисерот, по што следуваа тужби.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Oct.
Акции
Од 8 до 12 октомври делата на Артур Конан Дојл се достапни со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“, која важи во сите книжарници н...
01.
Oct.
Акции
Современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“ и „Подвижна г...
24.
Sep.
Акции
Со еден од најпознатите современи светски писатели, Милан Кундера, ја продолжуваме нашата акција „Автор во фокус“, со која ги доближуваме светски...
17.
Sep.
Акции
Оваа неделата фокусот го насочуваме кон кралот на хоророт, Стивен Кинг, кој на 21 септември ќе го прослави својот 78. роденден. 
10.
Sep.
Акции
Во очекување на 15 септември, кога светот одбележува 135 години од раѓањето на Агата Кристи, „Литература.мк“ ја посветува акцијата „Автор в...
03.
Sep.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 3 до 7 септември, книгите од Харлан Кобен – „Бегај“, „Момчето од шумата&ldquo...
20.
Aug.
Акции
Луси Фоли веќе е добро познато име во книжевните кругови, постигнувајќи светски успех со своите крими-трилери „Списокот со гости“, „На лов&...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 65 %, како и подароци за купени...
30.
Jul.
Акции
Од 30 јули до 3 август, насловите од славната американска писателка Тејлор Џенкинс Рид се достапни со 30 % попуст, во сите книжарници на Литература.мк и онла...
27.
Mar.
Акции
По повод Светскиот ден на литературата за деца, кој се одбележува на 2 април, „Литература.мк“ ја најавува специјалната акција „Повеќе магич...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.78 MB