Акции

„Автор во фокус“: Смеата, уметноста и бесмртноста на Милан Кундера

24.09.2025.
„Автор во фокус“: Смеата, уметноста и бесмртноста на Милан Кундера
„Автор во фокус“: Смеата, уметноста и бесмртноста на Милан Кундера

Со еден од најпознатите современи светски писатели, Милан Кундера, ја продолжуваме нашата акција „Автор во фокус“, со која ги доближуваме светските авторски имиња и ги правиме подостапни нивните книги до читателската публика.

Од 24 до 28 септември, книгите од Кундера во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат достапни со 30 % попуст во сите книжарници на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk

Станува збор за 15 наслови, и тоа романите: „Шега“, „Проштален валцер“, „Животот е на друго место“, „Книгата за смеата и за заборавот“, „Бесмртност“, „Бавност“, „Идентитет“, „Незнаење“ и „Празникот на безначајноста“, есеистичките книги: „Уметноста на романот“, „Изневерени тестаменти“, „Завеса“ и „Средба“, збирката раскази „Смешни љубови“ и драмскиот текст „Жак и неговиот господар: Почест на Дени Дидро во три чина“. Со купен сет книги од авторот во фокус следува и подарок – ваучер за кафе во Café Literatura.

Чешкиот автор Милан Кундера е роден на 1 април 1929 година, во Брно, Чехословачка, а починал на 11 јули 2023 година во Париз, Франција, каде што живееше во егзил од 1975 година. Станал натурализиран државјанин на Франција во 1981 година.

Неговиот татко, Лудвик Кундера (1891–1971), бил важен чешки музиколог, ученик на композиторот Леош Јаначек и управител на Музичката академија Јаначек во Брно. Низ неговите дела може да се забележат музичките влијанија од 1948 до 1961 година. Милан научил да свири пијано од неговиот татко, а подоцна заминал да студира музикологија и музичко компонирање. Низ неговите дела може да се забележат влијанија и навраќања на музиката. Тој отишол толку далеку што дури вметнувал и ноти во текстовите за да ја долови поентата. Завршил средно образование во Брно во 1948 година, по што студирал литература и естетика на Факултетот за уметности при Карловиот универзитет во Прага. По два семестри се преселил на Факултетот за филм при Академијата за сценски уметности во Прага, каде што посетувал предавања за филмска режија и пишување сценарија. Во 1950 година неговите студии биле накратко прекинати поради политички ангажман. Кундера студирал и музичка композиција, а во 1958 година дипломирал на факултетот за филм во состав на АМУ. Подоцна, на истиот факултет предавал светска книжевност, најпрвин како асистент, а потоа и како доцент. Работел како гостин-професор на Универзитетот во Рена подоцна и како професор на Универзитетот во Париз.

На почетокот бил поет, но вистинска светска слава стекнал со своите романи. Пишувал првично на чешки јазик, а од 1993 година на француски. Поради цензура во Чехословачка, неговите книги долго биле забранети во родната земја, сè до Кадифената револуција (1989). Преведени се на повеќе јазици, меѓу кои и на македонски.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ во 2021 година на македонски јазик објави 16 најзначајни дела од Кундера. Станува збор за сите десет романи („Шега“, „Проштален валцер“, „Животот е на друго место“, „Книгата за смеата и за заборавот“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Бесмртност“, „Бавност“, „Идентитет“, „Незнаење“ и „Празникот на безначајноста“) и, според него, најзначајните четири есеистички книги („Уметноста на романот“, „Изневерени тестаменти“, „Завеса“ и „Средба“), единствената збирка раскази „Смешни љубови“ и драмскиот текст „Жак и неговиот господар: Почест на Дени Дидро во три чина“. „Арс Ламина“ се зафати со овој значаен и обемен потфат сè со цел да ги ревидира постојните преводи на македонски јазик и да ги реиздаде најзначајните дела на Кундера – според многумина, еден од најзначајните романсиери и, воопшто, интелектуалци на денешницата.

 Во 1985 година Кундера ја добил наградата „Ерусалим“. Добитник е и на Австриската државна награда за европска литература во 1987 година. Во 2000 година му е доделена меѓународната награда „Хердер“, а во 2007 година државната чешка награда за литература. Во последните години често бил во потесниот избор за Нобеловата награда за литература, но никогаш не ја доби.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Есеи 045471
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Есеи 045427
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Есеи 045342
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Есеи 045341
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Драми 045232
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Oct.
Акции
Со попусти до 90 %, „Литература.мк“ во ноември ќе ја реализира најголемата акција Black Friday досега – што ќе трае цел месец, затоа што ед...
22.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 22 до 26 октомври, книгите за Арсен Лупен од Морис Леблан ќе бидат достапни со 30 % попуст во сите кн...
15.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, читателите имаат можност да ги откријат делата на еден од најпродаваните современи британски автори на и...
08.
Oct.
Акции
Од 8 до 12 октомври делата на Артур Конан Дојл се достапни со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“, која важи во сите книжарници н...
01.
Oct.
Акции
Современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“ и „Подвижна г...
17.
Sep.
Акции
Оваа неделата фокусот го насочуваме кон кралот на хоророт, Стивен Кинг, кој на 21 септември ќе го прослави својот 78. роденден. 
10.
Sep.
Акции
Во очекување на 15 септември, кога светот одбележува 135 години од раѓањето на Агата Кристи, „Литература.мк“ ја посветува акцијата „Автор в...
03.
Sep.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 3 до 7 септември, книгите од Харлан Кобен – „Бегај“, „Момчето од шумата&ldquo...
27.
Aug.
Акции
Една од најпопуларните и најчитани писателки на современа романса – Колин Хувер, е авторка во фокус од 27 до 31 август во Литература.мк.
20.
Aug.
Акции
Луси Фоли веќе е добро познато име во книжевните кругови, постигнувајќи светски успех со своите крими-трилери „Списокот со гости“, „На лов&...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.81 MB