Топ листа

Топ 10 образовни изданија кои најмногу се бараа во 2021 година

24.01.2022.
Топ 10 образовни изданија кои најмногу се бараа во 2021 година
Топ 10 образовни изданија кои најмногу се бараа во 2021 година

Најбарани изданија од „Арс Ламина“ во сегментот образование, што опфаќа дополнителна литература и дидактички материјали што се поддршка на наставно-образовниот процес, во 2021 година беа збирките задачи по математика со активности и тестови од 1 до 9 одд.

На второто место се прирачниците и вежбанките по природни науки од 4 до 6 одд., а веднаш зад нив – збирките задачи по физика за 8 и 9 одд. Особено корисни при усвојувањето на наставните содржини се покажаа и Збирката биологија од 7 до 9 одд., вежбанките по македонски јазик и музичките работилници од 6 до 9 одд.

На седмото место е Вежбанка за почетно пишување од проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ – систем од графички и мануелни вежби за полесно воведување на децата во техниката на пишувањето.

Процесот на усвојување на содржините по математика, хемија и органска хемија за средно образование е олеснет со соодветните збирки задачи по секој предмет одделно. На десетто место најпродавани наслови од едицијата образование се практикумите по македонски јазик 1 и 2 од  Билјана Маленко и Елизабета Бандиловска – наменет на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Сите изданија можат да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.33 MB