Топ листа

Го одбележуваме Светскиот ден на поезијата со 11 стихозбирки

21.03.2022.
Го одбележуваме Светскиот ден на поезијата со 11 стихозбирки
Го одбележуваме Светскиот ден на поезијата со 11 стихозбирки

Поезијата е чин на мир, мост меѓу човекот и универзумот, огледало на срцето и гласот на душата. Таа е уметност што моќно и суштински може да ги отслика емоциите и внатрешниот свет на авторот. Денеска, 21 март, покрај тоа што се одбележува доаѓањето на пролетта, се слави и Светскиот ден на поезијата. Со одлука на УНЕСКО, овој ден е востановен во 1999 година. Во светски рамки, но и во нашата земја се одбележува со поетски читања, работилници, предавања, промоции и објава на поетски збирки.

Во чест на Светскиот ден на поезијата, селектираме листа со топ 11 нови стихозбирки од славни поети, но и од современи македонски автори, во издание на „Арс Ламина“. Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk.

1. „Сто љубовни сонети“ од Пабло Неруда

Првиот интегрален препев на македонски јазик на познатата стихозбирка „Сто љубовни сонети“ на големиот чилеански поет Пабло Неруда неодамна излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во делото, кое првично било објавено во 1959 година во Аргентина, добитникот на Нобеловата награда за литература и лауреат на Струшките вечери на поезијата, пее за неговата жена, Матилда Урутија. Овие стихови се дефиниција за љубовта што ја негувал кон неа. Но, љубовта на која овие сонети ѝ оддаваат чест не е само саканото тело на поетот туку и пристапен пат што ѝ овозможува на индивидуалната свест да се препознае во битието на светот: „...со многу понизност ги создадов овие сонети од дрво и им го дадов оној звук на непроѕирна и чиста супстанција“, пишува Неруда. Голотијата што ја избира авторот намерно ги одбегнува звучните и конструктивните рамки на класичниот сонет. Преку ова своеволно скршнување, зборот пулсира и се ослободува од сликите.

Книгата „Сто љубовни сонети“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14845

2. „Карши“ од Маријана Котевска-Георгиева

„Карши“ е книга за бескрајот на прапочетокот и на иднината кои дишат одеднаш, во исто време во стравот од крајот на мигот. Кои сме ние наспроти (карши) другите: себеси, светот, животот воопшто? „Јас сум процес, не човек“, вели Котевска-Георгиева во една од песните од кои речиси како да отсуствува допирливата, материјална и практична егзистенција. Во нејзината метафизичка поезија постојано лебди чувството на немоќ да се пронајде и да се живее вистината, ниту во себе, ниту во другиот. Таа лимитираност носи неизвесност и страв од мигот во кој се судираат два бескраја – оној на минатото и оној на иднината. Во овие длабоко чувствени стихови лесно се препознава секој, бидејќи стравот, бегството, треперењето и болката се состојби што читателот го допираат, го болат, го навраќаат, го будат... Преку евоцирање на некои од најдлабоките внатрешни пориви, овие стихови резонираат во нашата утроба, чувствувајќи ги и во грлото и во стомакот.

Книгата, која е објавена на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Англиската верзија на стихозбирката, со наслов „Across from me“, е преведена од Никола Гелинчески. Илустрациите на корицата, но и на страниците на книгата се нацртани од Сандра Котевска.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14803

3. „Ши, ѕифри, копчи“ од Владимир Лукаш, Наталија Лукомска (илус.)

„Ши, ѕифри, копчи“ е збирка поезија за деца со многу интересна структура. Замислена е како „пеење“ на мечокот Гриз Ли кој онеобичувајќи го светот околу себе нѐ води низ еден ден – од неговиот почеток до крајот; од будењето до заспивањето. Гриз Ли измислува зборови, наутро вели ШИ (наместо добро утро), напладне ЅИФРИ (наместо добар ден) и навечер КОПЧИ (наместо добро вечер). Измислувањето нови, непознати зборови за стари, познати нешта ја поттикнува креативноста на децата и нивната јазична слобода. Секој од зборовите на Гриз Ли, лирскиот херој на оваа книга, претставува одделен циклус со подеднаков број страници. Утринските или ШИ-песните се најкуси, сонливи; пладневните ЅИФРИ-песни се подолги, со ококорени очи; и најдолги се КОПЧИ-вечерните песни кои завршуваат со миење заби, како и секој детски ден.

Гриз Ли има необични пријатели со обични имиња; ама и обратно – обични пријатели со необични имиња. Сите тие се бркаат низ стиховите и римите играјќи си со јазикот, со своите палавости или со мечтите да пораснат што побргу, впрочем, како и малите читатели на оваа несекојдневна збирка.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14720

 

4. „Сакај ја диво“ од Атикус

Со искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски… Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13590

5. „Дното се стеснува“ од Кирил Бисероски

Иако „Дното се стеснува“ е дебитантско поетско (и, воопшто, книжевно) остварување на филозофот Кирил Бисероски и иако една од песните е веројатно посветена на Радован Павловски, голем дел од стиховите во оваа книга како да немаат свои претходници или, барем, како тие да не твореле на јазикот на кој се напишани песните од оваа збирка. Водејќи се според сугестијата на Вордсворт од предговорот кон „Лирските балади“, Бисероски умешно ги претвора во предмет на својата уметност и „најтуѓите откритија на хемичарот, ботаничарот или минералогот“ и, елегантно ракувајќи со иронијата, парадоксот и полуримата, успева околу нив да обликува еден особен есхатолошки светоглед, кој – иако навидум составен од ограничен број на контрапунктни слики (ноќ/светлина, потоп/пролет, небото како тло и обратно) оддишува со свежина и меморабилност на речиси секоја страница.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13594


6. „Аутопсија на љубовта“ од Моџо Килингтон

„Аутопсија на љубовта“ е длабоко интимна поезија, еден вид на внатрешна исповед на авторот. Тој се соголува себеси, интензивно, чувствува љубов, копнеж, страв, безнадежност, апсурд... Токму тој бодлеровски призвук, емоционално жестоките слики со силно изразени контрасти се најсилната страна на поезијата на Моџо. Помеѓу стиховите во кои се испреплетуваат тагата, болката и разочарувањето, како противтежа авторот ја спротивставува љубовта како нешто што ќе го спаси светот. На границата помеѓу животот и смртта, сонот и јавето, постоењето и непостоењето, ангелите и демоните, е таа, неговата љубена, по која тој посега, а патиштата никако да им се вкрстат. Како расипан часовник чиишто стрелки се застанати далеку една од друга, проколнати да не се сретнат никогаш.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13490

7. „Збрка поезија“ од Добрин Коцев

„Добрин Коцев е поет на мигот: тој е поклоник на минималистичкиот поетски пристап. Неговите поетски ’минијатури‘ со афористична молскавичност и игрива искричавост настојуваат со малку да искажат доволно“, вели проф. Владимир Мартиновски.

„Лизгајќи се по збирката како во тобоган на аква-парк за 18+, читателот налетува на слапови од надреални хаикуа, болни афоризми, натуралистички микрораскази, хармсовски лудории, зен-приказни надувани во модерни хелиумски балони, дигиарт концептуала, контрапоетски драпаници и што уште не“, подвлекува писателот Жарко Кујунџиски.

„Храбро, провокативно, пишувано од јазот меѓу две комфор-зони. Со темперамент што прави и тоа што би било клише како изолирана целина (песна) да се гледа ко храброст да се измисли топла вода кога е делче од целината (збирката)“, вели Тања Аждаја.

„Песните на Добрин Коцев се како прасиња-еднорози кои си играат во смрдливата кал на личните митологии и кои вечерва, ако не е премногу доцна, ќе бидат заклани, одрани, испечени и послужени како предјадење на мамурната сенка, која заборавила каде си го паркирала својот човек, истакнува авторот и уметник Владимир Лукаш.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14808

8. „Тишината на зборот“ од Велко Неделковски

„Тишината на зборот“ е првата поетска збирка за возрасни на писателот Велко Неделковски, но впечатокот по нејзиното исчитување воопшто не коинцидира со вообичаениот впечаток кога се соочуваме со дебитантски ракопис. Напротив, во неа е собрано севкупното творечко и животно искуство на авторот и буди чувство на познат, некогаш претходно посетен книжевен предел, каде што секој збор има право на своја тишина и на починка. Помеѓу овие корици, зборот тихува со молчаливоста на мудрецот и ја реализира својата суштина во слободното течение на стиховите, кои понекогаш звучат како гатанки, а понекогаш – како народни умотворби. Затоа што само оној кому му е даден патоказот до музите, само тој може да ја слушне тишината на зборот и да рече:

„Посвој го Зборот, прегрни го

запиши го како реликвија

и кажи го како свеченост“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14467

9. „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ

Стиховите во збирката поезија „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ пулсираат од љубов. Тој ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до „сто и една и назад“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14843

10. „Љубов облечена во бело“ од Милена Лунеска

Куферот со спомени, радости и таги е полн и тежок, Милена Лунеска од него ја извлекува силата за да си ги исцели раните, да се исправи и да продолжи да се бори. Затоа што животот за неа е и танц и борба и газење боса по трње и посегање по ѕвездите и „Љубов облечена во бело“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14844

11. „Зборови наместо слики“ од Маријан Бошевски

Чувствата што доаѓаат од срцето, емоциите кон жената, својот роден крај, корените, религијата, мајката и сеќавањата од детството, кардиологот Маријан Бошевски ги преточил во поезија, спакувана во неговата прва стихозбирка „Зборови наместо слики“.

„Емоциите што извираат од срцето се една посебна ’ука‘, која за д-р Бошевски отвора нови простори, нова творечка авантура – да се изрази емоцијата во стих, да се преточат сликите во зборови, да се доловат ритмите на исказот и да се допре до срцето на ’другиот‘, да се сподели доживувањето со читателот. Иако неговите песни се како млади ластари, сè уште недоволно зацврстени и недораззеленети, сепак се израз на еден автентичен креативен порив и на искрена почит кон величието на уметноста на зборот“, вели Соња Стојменска-Елзесер во освртот кон книгата.

Книгата „Зборови наместо слики“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk на следниот линк:

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.42 MB