Настани

„Литература.мк“ и радиото „Џез ФМ“ носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

23.02.2024.
„Литература.мк“ и радиото „Џез ФМ“ носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена
„Литература.мк“ и радиото „Џез ФМ“ носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

„Литература.мк“, во партнерство со радиото „Џез ФМ“, најави почеток на низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“.

Под мотото „Читаме џез“ почнува новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе можат да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата.

Љубителите на читањето и квалитетниот звук ќе имаат можност да уживаат во овој несомнено храбар концепт што би можел да се опише преку три едноставни, но многу силни и значајни зборови: „Литература, музика, култура“.

Од 23.02 (петок), па секој иден петок, квалитетната музика во Café Literatura во „Дајмонд мол“ станува достапна за сите. Петочните сесии почнуваат со настанот „Читаме џез“ и незаменливиот Џијан Емин, кој е препознатлив по својот автентичен и оригинален музички израз и секогаш забавните и енергични настапи. Посетителите ќе можат да уживаат во неговите добро познати музички интерпретации на редовниот репертоар на музички настани на Café Literatura, секој втор петок. Џијан Емин е диригент на новооснованиот Национален џез-оркестар, како и композитор, аранжер и оркестратор на повеќе значајни проекти на Националниот џез-оркестар, Македонската филхармонија, неговиот авторски проект „Магичен оркестар“ и многу други.

Овие музички настани ќе ја слават динамичната врска помеѓу литературата и музиката. Новиот концепт ќе ја слави симбиотската врска помеѓу литературата и музиката, како две од најголемите уметнички форми што ја трансформираат глобалната култура.

„Во обид да ја збогатиме градската програма и да ја едуцираме публиката, создадовме квалитетен музички репертоар што ќе го размрда скопското секојдневие. Воодушевени сме што имаме неверојатни музички имиња како што е Џијан Емин, кој настапува на лансирањето на новата мисија на ’Литература.мк‘ и ’Џез ФМ‘, подигнувајќи ја уметничката вредност на музичките сесии. Исклучително ќе се посветиме да ги донесеме сите домашни креативни гении чија дарба ќе живее низ сите нас“, истакнаа од „Литература.мк“.

„Се надевам дека ќе направиме еден убав циклус од супер настани од најразновиден карактер, каде што ќе проделифираат еден куп супер музичари од најразлични жанрови. Ќе имаме настани каде што ќе се вкрстуваат различни медиуми и се надевам дека „Литература.мк“, како оаза на мудроста со сите овие наслови со мудри мисли на полиците, ќе биде инспирација за сите музичари кои ќе свират овде и ќе бидат дел од настаните кои се случуваат“, изјави Џијан Емин.

„Џез ФМ“, најстарото и единствено радио кај нас за промоција на џез-музиката и сродните жанрови, е посветено на ширење на добриот звук и иновативниот пристап кон музиката. Ова скопско радио ќе стане достапно и за пошироката публика, на ниво на целата држава, како и интернационално, преку воведување на онлајн-стриминг на пет посебни канали. Секој канал ќе биде внимателно и тематски обработен да ги задоволува аудиторните потреби на љубителите на џез, блуз, фанк и соул. „Џез ФМ“ е посветено и на едукација на младата публика и претставување на новата музика. Преку емисии и настани посветени кон помладата генерација, ќе се претстави новата џез-сцена и ќе се промовира слободната урбана мисла што е темел на џез-музиката.

Café Literatura е опремено според највисоки стандарди за уживање во релаксирачка мешавина од квалитетни наслови и квалитетна музика преку автентичниот, суров и нефилтриран звук на зборовите и инструментите. Café Literatura ве повикува да се сместите, да се опуштите, да се исклучите од светот надвор и да бидете сведоци на длабок, емотивен музички момент преку блиска, интимна врска помеѓу музичарите, инструментите и слушателите.

 

*Вечерашниот настан „Читаме џез“ е од затворен карактер.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
29.
May.
Настани
Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба н...
24.
May.
Настани
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фес...
23.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (22 мај), во „Литература.мк“ во „Скопје...
22.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (21 мај), во „Литература.мк“, на улица &bdquo...
21.
May.
Настани
Во рамките на првото издание на новиот фестивал за литература и општа култура, „Видик“, вчеравечер (20 мај), во „Литература.мк“, &bdq...
20.
May.
Настани
Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс ...
17.
May.
Настани
Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“!
13.
May.
Настани
Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се промовираше книгата з...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.07 MB