Настани

„Читањето е супермоќ 2026“ – литературно-музички хепенинг за избор на суперчитатели од основните училишта

22.05.2026.
„Читањето е супермоќ 2026“ – литературно-музички хепенинг за избор на суперчитатели од основните училишта
„Читањето е супермоќ 2026“ – литературно-музички хепенинг за избор на суперчитатели од основните училишта

На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“. На настанот, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе бидат наградени учениците од основните училишта кои во учебната 2025/2026 година се истакнале како „суперчитатели“, односно покажале најголем афинитет кон читањето, изнајмиле најмногу книги од училишната библиотека, имаат континуирани читачки навики и особен интерес за книги и литература. Исто така, ќе бидат наградени и менторите, а ќе се избере и „супербиблиотека“ меѓу училиштата.

На хепенингот ќе настапат ученици од неколку училишта, наградувани хорови, музички оркестри, како и истакнати музичко-сценски точки со кореографии подготвени од учениците.

Во рамките на кампањата за поттикнување на читачките вредности и навики кај децата „Читањето е супермоќ“, беше распишан конкурс кој траеше од 14 до 22 мај 2026 година.

Главната мисија на кампањата „Читањето е супермоќ“, која издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува веќе осма година, е поттикнување на читачките навики кај децата.

Целите на кампањата се: подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најрана возраст, негување на мајчиниот јазик, поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, понуда на квалитетно поминато време надвор од новите технологии, како и образовна поддршка преку збогатување на наставната програма и активностите на училишните библиотеки.

Ве очекуваме!

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...
21.
Feb.
Настани
Книгата С(обувки) која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (20 февруари) во &...
20.
Feb.
Настани
Книгата „Сам во рој“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и влезе во потесниот избор за наг...
06.
Feb.
Настани
Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литера...
21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
30.
Oct.
Настани
„Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ во издание на „Арс Ламина“, беше промовирана...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.65 MB