Настани

Скопје влезе во книжевен филм со „Денови на литературата“

06.02.2026.
Скопје влезе во книжевен филм со „Денови на литературата“
Скопје влезе во книжевен филм со „Денови на литературата“

Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ почна манифестацијата „Денови на литературата“.

На програмата денес (6 февруари), со почеток во 18 часот во Литература.мк во „Скопје сити мол“ е промоцијата на инклузивната сликовница „Среќен како Наи“ од авторката Ана Салџиева и илустраторот Томи Џуровски. Промоторка на книгата, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде психологот Бојана Стојменовиќ. Со силна лична потреба да ја преточи инклузивноста во приказна, да им подари на своите деца алатка за самодоверба и љубов кон себе, и да им покаже дека различноста е дел од светот што заслужува да биде виден и прифатен, Ана Салџиева ја напишала својата прва книга –„Среќен како Наи“. Книгата нè води низ светот на едно дете родено со физичка разлика – limb difference – и ни покажува дека неговото секојдневие е полно со радост, игра и љубопитност, исто како кај секое друго дете. Преку топли и инспиративни сцени, книгата ја слави детската сила, уникатност и способноста да се живее со полно срце, без ограничувања. 
Во истиот термин денеска во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи работилница за изработка на макети со Revell, во соработка со Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски-Микс“.

За време на викендот посетителите ги очекува богата програма за деца. Утре  (7 февруари, сабота) во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ во 11 часот ќе има дружба со маскоти од омилените анимирани ликови, по што во 12 часот следува работилницата за деца „Волшебен свет“ со ликовите од едициите „Змејот Фидан“ и „Волшебни еднорози“. Дополнителна боја и магија ќе донесе face painting (цртање на лице) со брендот за детска козметика Martinelia. Во истиот термин, во книжарницата во „Дајмонд мол“ ќе има весела дружба со Стела и Сани. Во 13 часот, во „Скопје сити мол“, ќе се одржи UNO натпревар за родители и деца. 

Во 18 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржи театарска претстава и промоција на книгата „Златната книга на Лудви“, со текст на Тина Иванова и илустрации на Рената Јосифовска. Книгата е инспирирана од животот и творештвото на големиот композитор Лудвиг ван Бетовен и е првата од петте книги за деца во серијалот „Музичка кутија“, инспирирани и од Моцарт, Бах, Верди и Чајковски. Промоцијата ќе ја води уредничката Бисера Бендевска, во форма на краток дијалог со авторката. По промоцијата, ќе се одржи мини-претстава за деца, во која ќе учествуваат авторката и диригентката Дијана Имери-Илкоска, задолжена за интерпретација на музиката на Бетовен за пијано. „Златната книга на Лудви“, како и сите книги од серијалот, не го обработуваат животот на композиторите, туку создаваат нови бајки за деца. Главниот лик, малиот Лудви, е дете кое сака книги и свири на пијано, но минува низ низа неочекувани случувања. Приказната е топла, разиграна и полна со емоции, вистинско доживување за деца и возрасни.

В недела (8 февруари), во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“ повторно ќе има дружба со маскоти, а во 12 часот ќе се одржи магичната работилница Marvin’s Magic со македонскиот магионичар и илузионист Кристиан Шопов. Истовремено, во „Скопје сити мол“ ќе се одржи работилницата „Авантура со буквите“ со Биби и Боби. 
Сите настани во рамките на „Денови на литературата“ се бесплатни за посетителите. Присуството на работилниците и театарските претстави е со претходна пријава.

Програмата  продолжува и следната недела, а може во целост да ја проследите на следниот линк: https://www.literatura.mk/denovinaliteraturata

Шестото издание на „Денови на литературата“ се одржува од 5 до 22 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Во рамките на продажната акција се понудени попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани: промоции на нови наслови, работилници за деца, како и дружби со маскотите  Исидора Мун, Биби и Боби и Стела и Сани.

Продажната акција „Денови на литературата“ ќе се одвива во сите книжарници на „Литература.мк“: во „Дајмонд мол“, „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, ТЦ „Буњаковец“, на ул. „Македонија“ во Скопје и во Струмица, како и преку најголемата е-книжарница www.literatura.mk.

Во рамките на продажната акција има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 17 македонски издавачки куќи: „Арс Ламина“, „Академска книга“, „Бата прес“, „Бегемот“, „Или-Или“, „Култура“, „Мартина“, „Муза“, „Нампрес“, „Полица“, „Прозарт“, „Сакам книги“, „Светот на Биби“, „Сказнувалка“, „Слово“, „Три“ и „Чудна шума“. Секој ден на онлајн-продавницата www.literatura.mk  ќе има специјален, дополнителен еднодневен попуст на книги. „Литература.мк“ и овој пат подготви изненадувања за своите посетители – со купени книги во вредност од минимум 1.500 денари следува грепка со подарок. Секоја грепка е добитна! 

Попустите може да ги проследите ТУКА.

Еднодневните специјални попусти се достапни на следниот линк: https://www.literatura.mk/proizvodi/dnevna-akcija-knigi

  

 

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
30.
Oct.
Настани
„Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ во издание на „Арс Ламина“, беше промовирана...
19.
Sep.
Настани
Црпејќи од своето повеќедецениско искуство во дипломатијата, безбедноста и меѓународните односи, некогашен министер за одбрана, амбасадор на Македонија во Бе...
14.
Sep.
Настани
Во присуство на многубројни мали и големи љубители на книгите, во саботата (13 септември), во Детскиот парк на „Скопје сити мол“ се одржа литерат...
10.
Sep.
Настани
За среќен и успешен почеток на новата учебна година, на 13 септември (сабота), со почеток во 18 часот, Детскиот парк на „Скопје сити мол“ ќе...
14.
Jun.
Настани
Новата книга „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски ќе биде промовирана на 19 јуни (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ ...
27.
May.
Настани
Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ ќе се одржи на 1 јуни (недела), со почеток во 11 часот, на првиот кат во „Ист гејт мол...
25.
Mar.
Настани
Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 година, во организација на „Литератур...
14.
Mar.
Настани
Со дегустација на вкусни и здрави рецепти, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (13 март), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ldqu...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.17 MB