Настани

Мимоза Рајл: „Соништата на писателот“ е книга за патот од страдањето до златната доба на убавината и на смислата

19.08.2022.
Мимоза Рајл: „Соништата на писателот“ е книга за патот од страдањето до златната доба на убавината и на смислата
Мимоза Рајл: „Соништата на писателот“ е книга за патот од страдањето до златната доба на убавината и на смислата

Со мултимедијален настан, вчеравечер (9 јуни), во „Салон 19:19“ при Културно-информативниот центар – Скопје, беше промовирана новата книга „Соништата на писателот“ од проф. д-р Мимоза Рајл. На промоцијата имаше книжевна, драмска, музичка и ликовна презентација, со еминентни уметници, актери и музичари.

„Соништата на писателот“, во издание на „Арс Ламина“, е најновото дело на д-р Рајл во корпусот на едно разнородно уметничко творештво, во кое преку главните ликови ги решаваме вечните прашања, се соочуваме со себеси и со нашиот животен пат, сè до новата свесност на убавината и смислата. Инспирација за книгата се делата на славниот руски писател Фјодор Достоевски, a неговата позната мисла „Убавината ќе го спаси светот“ беше мотото на промоцијата. 

-Оваа книга ни покажува како, каде и зошто мораме веднаш да седнеме на иста маса со Бога и да ги решиме вечните прашања, да воспоставиме темелна, непроменлива структура во себе, со која се воздигнуваме сè до светлината. Има ли Бог, има ли бесмртност, зошто смртта и од каде свесното прифаќање на смртта во човековата егзистенција? Каков е овој свет, од каде дојдовме и каде повторно се враќаме? Да, мислевме дека овие прашања немаат темелна разрешница, но Достоевски нè повикува со целиот свој генијален, умствен и уметнички капацитет да погледнеме од еден друг центар, кој го заборавивме живеејќи во суровиот материјалистички свет.  По читањето на оваа книга речиси е невозможно да не се најдете среде рајските опкружувања на вашите најдлабоки соништа, да не ги поминете пеколните искушенија еднаш засекогаш, соништа што ќе ве воздигнат, да останете исти, да не се случи кај вас страсна, но темелна внатрешна трансформација, по која копнеевте целиот живот – истакнува авторката Мимоза Рајл, додавајќи дека ова е книга за патот од страдањето до златната доба на убавината и на смислата.

Настанот почна со драмска изведба на делови од театарската претстава „Помеѓу пеколот и рајот“, во режија на Елеонора Теова. Улогите ги толкуваа актерите на ЕСРА – Тања Соколовска и Стефан Петровски.

На промоцијата учествуваа и: Димитрина Мицковска (актерка), Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“), Маријан Камиловски (академски сликар), Роберт и Мирјана Ристов („Уметникот како сонувач и патник“), Бојан Јовановиќ (директор на театарот „Бора Станковиќ“ – Србија), а специјален гостин на промоцијата беше Зоран Витанов („За Достоевски“).

Во музичкиот дел настапија: Јасна Аврамовска (пијано), Дарко Мариновски (пијано), Ева Живковска (сопран), Ада Богоевска (виолончело), Марија Богоевска (пијано) и Ева Богоевска (виолина). Тие изведоа класични дела од Сергеј Рахманинов, Џакомо Пучини, Лудвиг ван Бетовен, Антонин Дворжак и Камиј Сен-Санс.

На бината беше изведена и баладата „Свет во светот“, која е со текст на Мимоза Рајл, со музика од Дарко Мариновски, а аранжманот е на Андријана Јаневска. Исполнуваат Александар Здравков (вокал) и Дарко Мариновски (пијано).

Кон крајот на промоцијата Мимоза Рајл ја рецитираше песната „Кој ги пали сите ѕвезди“. Сцената бепе збогатена со дела од академскиот сликар Ѓорѓи Мечалов.

Д-р Мимоза Рајл е директор на Институтот за сценски уметности на „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ во Скопје. Таа е професор по естетика на аудиовизуелните уметности, како и есеист, колумнист, театарски критичар и поет.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
19.
Oct.
Настани
Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер (18 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ld...
14.
Oct.
Настани
Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, н...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.98 MB