За малите читатели

МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки им ја доближува традицијата на најмладите читатели

28.02.2022.
МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки им ја доближува традицијата на  најмладите читатели

Традиционално, на први март се изработуваат мартинки. Тоа се украси од засукани конци (од волнено или памучно предиво) во две бои – црвена и бела. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. За значењето и изработката на мартинките повеќе можете да дознаете со специјалното издание „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“, објавено во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во соработка со центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС.

Во оваа книга за деца, која го актуализира и популаризира овој стар обичај, најмладите читатели ќе ја откријат приказната за мартинките, нивното потекло, значењето и употребата, а ќе научат и како сами да направат мартинка. Со интересни информации, како и со практични совети и лесни упатства, оваа книга ќе го разбуди интересот за оваа традиција во јавноста.

Мартинките се дел од културниот идентитет на македонскиот народ, но и дел и од традицијата на неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка што го поврзува овој дел од Европа. Традиционално, на првиот ден од март најстарата жена во семејството на рацете на децата врзува мартинки. Се верува дека таа носи добро здравје и штити од лошо.

Книгата „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“ од Василка Димитровска, која е објавена на македонски, албански и на англиски јазик, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11550

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.96 MB