За малите читатели

Бизарните букети- нова детективска авантура со Енола Холмс

13.05.2022.
Бизарните букети- нова детективска авантура со Енола Холмс

По „Исчезнатиот маркиз“ и „Левораката дама“, деновиве од печат излезе нова книга од серијалот за Енола Холмс од авторката Ненси Спрингер – „Бизарните букети“. Книжевниот серијал „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ за авантурите на помалата сестра на познатиот детектив Шерлок Холмс, на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Главната протагонистка во книгите е 14-годишната Енола Холмс, екстремно интелигентна тинејџерка-детектив. Досега, во периодот од 2006 до 2010 година, во Англија се објавени вкупно шест продолженија на серијалот. „Бизарните букети“ е третата книга од серијалот „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ – совршена приказна за вљубениците во Шерлок Холмс, детективската фикција и мистеријата.

На основа на приказните од бестселер-романите снимен е филмот „Енола Холмс“, објавен во 2020 година на „Нетфликс“, со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер. Популарниот стриминг-сервис објави дека во текот на 2022 година се очекува премиерата и на второто продолжение.

Д-р Џејмс Вотсон е исчезнат: Лондон е во шок, а дури и неговиот најдобар пријател и соработник, познатиот детектив Шерлок Холмс, нема ни најмала трага. Случајот, навидум, изгледа беспомошно заглавен. Сепак, еден детаљ го привлекува вниманието на Енола, најмладиот член на семејството Холмс – бизарен букет испратен во домот на д-р Вотсон, што само таа забележува, означува смрт. Енола мора колку што е можно побргу да го пронајде и да го спаси д-р Вотсон, а во исто време да остане скриена од своите постари браќа, кои постојано ја бараат.

Романите за Енола Холмс се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=245&displayName=

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.95 MB